1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Spyware,што е,како работи,како да се заштитите!?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Fatal1ty_, 7 Декември 2008.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,223
    23,885
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Знаете ли сто е тоа спајвер (spyware),какви проблеми може да ви направи и како се остранува од компјутерот?
    Доколку одговорот е НЕ...прочитајте го следниов текст.

    Spyware во глобала преставува секој програм кој собира информации од компјутерот без да знае корисникот.Со еден збор spyware може да се дефинира како програма која СМЕТА на вашиот компјутер.
    Постојат повеќе типови на Шпиунски софтвер кои кружат на интернет, али општо можат да се поделат на две категории:ВНАТРЕШНИ и КОМЕРЦИЈАЛНИ.

    Внатрешен Spyware воглавно се инсталира од страна на друг корисник на компјутерот кој има намера да го надгледува туѓата работа на истиот компјутер(Тоа се прави или од работодавецот,родител...или некоја трета личност).

    комерцијален софтвер (adware) е софтвер кој компаниите го користат како би ја следеле вашата интернет активност.Компаниите кои ги евидентираат онлајн навиките често ја продаваат таа информација на огласувачи кои потоа те навалуваат со целна реклама,реклама која одговара на вашите интереси и која вероватно за вас е привлечна.

    Spyware може да се ЗАКАЧИ за компјутерот како слеп патник додека лагано си сурфате=).Меќутоа, пред да може нешто да се инсталира на вашиот компјутер, морате да кликнете или да отворите некој објект т.е програма.

    Најчесто користени методи за наоѓање на несакана инсталација на спајвер се :

    -Отварање на несакани e-mail пораки (спамови).
    -Кликање на pop up прозорче при сурфање.
    -Користење на програма за за делење на фајлови.
    -Посета на злонамерни сајтови.

    Кои типови на spyware-a постојат?

    Internet URL loggers & screen recorders-Евидентира вебсајтови и посетените страни,може да сними црно-бели сликички од вашиот екран секој пат кога ќе се промени и да ги сочуваат и испратат без ваше знаење.

    Chat loggers & email recorders-слични се, прави копија на текстот од примената и испратената порака, како и на чет сесија.

    Keyloggers & password recorders-Кога вршите финансиски трансакции...овој софтвер се однесува како кога некој гледа преку вашето рамо.Го прават управо тоа...евидентираат искуцани лозинки и кодови.За разлика од password recorders,
    Keyloggers снимаат све што ќе искуцате,а не само лозинки.

    Web bugs

    Познати се и како огласувачи на спајвер,т.е адвер.Кога имате adware во компјутерот примате реклами кога извршувате некоја наредба....на пример: Искуцувате нешто во барот на пребарување.Овакви реклами може да се појават дури и кога не сте на интернет.Ако сте константно преплавени со рекламни екрани...многу е вероватно дека имате web bug spyware инсталиран на вашиот компјутер.

    Крацци на пребарувач

    Некој го позајмува вашиот компјутер за негово лично користење.Спајвер корисникот може да украде конекција за да праќаат спам преку вашиот провајдер.Тоа значи дека паразитни спамер може да испрати 1000спам-ови низ вашата интернет конекција и преку вашата адреса.

    PC крацци

    Поставуваат интернет пречки во вашиот favorites folder без прашање.Таквата пречка води до неговиот вебсајд и со тоа вештачки ја подига посетеноста на истиот сајт,што им овозможува повеќе да заработуваат на реклами на сметка на вашето време.Можда ќе можете да се ослободите од овие лажни favorite мењајќи ги интернет опциите,али,повремено единствен начин да се ослободите е да влезете во базата со регистри и да ги избришете.Меѓутоа,некои спајвер програми инсталираат сигурносна мрежа така да повторно ќе се вратат на местото во регистерот одма по следното подигање на компјутерот.Једина опција за отстранување на ваков вид на Штетник е да го форматирате хард-дискот или да користите некој одличен anti-spyware програма.

    Тројанци и Вируси

    Како што дрвениот тројански коњ им послужил на грците да влезат во Троја,така и спајверот се маскира во нешто по скришно, или сепак штетно за вашиот компјутер-податоците може да бидат копирани,дистрибуирани или уништени.Вирусот е сличен, али има додатна сила да се размножува и шири предизвикувајќи штета на вашиот компјутер.Двете вакви типови на злонамерен софтвер спаќаат под поимот spyware затоа што корисникот не е свесен и не би одобрил нивната права цел.(Повеќе за тројанците и вирусите во некој друг пост=)

    Како да се заштитите!!!

    -Прво и основно што треба да избегнувате е да ја оставите вашите сигурносни подесувања на вашиот пребарувач на ниско ниво.НИСКО ниво на сигурност дозволува спајвер програмите лесно да се најдат на меморијата на вашето Љубимче.
    -Како следна работа е да пазите на мејлови кои ви стигаат од непознати.Доколку не очекувате меил од никого или е истиот со некоја ЛЕВА содржина одма избришете го.
    -Софтвер симнувајте само од Проверени фирми и Проверени сајтови....Никако не го правете тоа од сомнителни локации.
    -Редовно „Озвежувајте го’’ системот,постојат доста tweek програми кои можат да ви помогнат во тоа.
    -не кликајте на разни банери рорup прозорчиња кои ви искачаат во текот на сурфањето.
    -Симнете некој anty spyware софтвер...Еве од мене неколку добри и проверени:
    LINK1
    LINK2
    LINK3

    Поздрав
    fatal1ty_
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,827
    810
    14 Декември 2007
    Машко
    Добар текст fatal1ty_ :bravo:

    Единствено би го додал Ad-Aware за заштита, и, како досега нај ефикасен Malwarebytes' Anti-Malware, кој освен Spyware ги чисти и останатите непосакувани штеточини.

    ps.

    [​IMG]

    Штета.
     
  3. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    296
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Арно напишано.
    Но, зашто го заборавате SmitFraudFix секогаш? КОлку пати само помогнал на форумов? :ha:
     
  4. Stane

    Stane
    Gaining Experience

    2,497
    75
    4 oктомври 2007
    Одличен туторијал fatality,+ реп :))
     
  5. RFox

    RFox
    Intern

    380
    31
    13 Септември 2008
    Машко
    Се согласувам 100% со ова fatal1ty_ браво одлично изработено:bravo:
     
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,223
    23,885
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    ете и SmitFraudFix е додаден...не ми текна на него во моментот:D
     
  7. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Браво фатаљиста. Добро напишано. + репутација од мене. :bravo:
     
  8. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    296
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Now that's better :)
     
  9. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Добар туторијал, само провери го првиот линк (кај мене не го отвора).
     
  10. Jano

    Jano
    Intern

    281
    11
    8 Февруари 2008
    Bravo ne si moral tolku da se mucis si mozel da objasnis vo kratki crti :bravo: rep+.
     

Сподели

Вчитување...