1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Споро отворање на страни

Дискусија во форумот 'Компјутерска безбедност' започната од smiljo, 15 Јануари 2019.

  1. smiljo

    smiljo
    Intern

    12
    2
    28 Февруари 2015
    Машко
    Здраво луѓе. Некои чудни ствари се дешаваат, не знам дали е кај мене проблемот или кај Телеком.

    Во период од 3/4 недели, 2 или 3 пати забележувам дека имам проблем со вчитување на поголем број од страниците. Гугл, фејсбук..и таквите како нив се доволно оптимизирани, но сепак и они се вчитуваат за 5/10 секунди поспоро, додека други некои може и за 20/30. Тоа ми паѓа чудно. Тоа се случува да речеме некое време, саат, два ,три..не можам да кажам точно колку време трае, меѓутоа имам проблем со интернетот. Пробувам да правам трасирање на пакетите да видам каде глават, и го добивам следното нешто.

    Код:
    tracert www.youtube.com
    
    Tracing route to youtube-ui.l.google.com [172.217.16.174]
    over a maximum of 30 hops:
    
       1     2 ms     1 ms     1 ms  192.168.1.1
      2     *        *        *     Request timed out.
      3     *        *        *     Request timed out.
      4     *        *        *     Request timed out.
      5     *        *        *     Request timed out.
      6     *        *        *     Request timed out.
      7   141 ms    36 ms    37 ms  nvt-br1.net.novatel.bg [95.158.131.228]
      8    40 ms    39 ms    39 ms  95.158.128.141
      9    38 ms    42 ms    38 ms  108.170.250.168
     10    41 ms    41 ms    39 ms  209.85.250.123
     11    74 ms    74 ms    71 ms  209.85.245.23
     12    71 ms    71 ms    72 ms  108.170.247.97
     13    76 ms    76 ms    77 ms  108.170.227.201
     14    77 ms    77 ms    78 ms  muc11s10-in-f14.1e100.net [172.217.20.142]

    Овие со ѕвездичкиве се рутирањата низ мрежата на телеком. После тоа ги предава во Бугарија. Секој пакет без разлика за каде е, оди низ бугарија, ваљда таква им е политиката, меѓутоа не ми е тоа битно сеа. Битно ми е зошто низ мрежата на телеком се случува ова, и најверојатно ова е причината зошто имам проблеми со интернетот. И дали некој забележал ова да му се случува и на некој друг?Друго што забележав е дека кога се случува ова, доста често во логовите на мојот рутер има безбедносни информации за напади како smurf, intrusion. Сеа прашањето ми е, дали проблемот е до мене, или телеком има некаков проблем со некои ботови и дос напади во нивната мрежа?
     
    Последна промена: 15 Јануари 2019
  2. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    52
    10 ноември 2017
    Машко
    1.Не се види текстот
    2.Зависи каков нет. имаш и од каде и дали е во chrome (новата верзија) на пц.
     
  3. smiljo

    smiljo
    Intern

    12
    2
    28 Февруари 2015
    Машко
    Кој текст не се гледа?
    Спомнав, нетот е од телеком, магента 1. Но мислам дека нема врска тоа. Во сите пребарувачи ми е исто, голема латентност имам.
     
  4. toplel

    toplel
    On your way to fame

    553
    550
    18 Август 2016
    Машко
    Не се види зш имаш Dark тема, а текстот е со црн фонт.
    Имаш висока латенција на бугарската линија, но веројатно заради оптовареност. Дај резултати од страницава за пинг и брзина/стабилност. Си пробал со custom DNS преку рутер/модем доколку имаш пристап?
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smiljo

    smiljo
    Intern

    12
    2
    28 Февруари 2015
    Машко
    upload_2019-1-15_21-10-23.png
    upload_2019-1-15_21-17-27.png
    upload_2019-1-15_21-13-58.png
     
  6. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,688
    1,132
    16 Јуни 2010
    Машко
    PDV, Packet Delay Variation или Jitter. Таа колона ти има големи бројки што укажува на дека имаш варијации на пинг до тие места. Тој резултат горе од tracert не може да ни каже дали е проблемот од тебе до операторот или провајдерот има проблем. Од мое скромно искуство тие први 2-3 хопа во операторот може многу да ти кажат за конекцијата, барем понекогаш може да се претпостави каде е проблемот. Вака единствено што е приметно е дека Телеком има латенција до Новател.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...