1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Спојување на 2 интернет конекции

Дискусија во форумот 'Останато' започната од zdravkovskii, 18 oктомври 2019.

  1. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Дали е возможно, паметно, и каков рутер ќе треба за да спојам 2 интернет конекции?

    Пример:
    Вип 10/1 mbps + Телеком 10/1 mbps = Комбинирана 20/2 mbps

    Со цел да се добие поголем bandwith и како ова ќе влијае на пингот?
    Ако одговорот е позитивен, препорака за рутер ќе ве молам. (што го има во МК)
     
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,237
    6,352
    27 Март 2014
    Било кој MikroTik рутер ке ти заврши работа. Се разбира и лице што кети го сетира да работи како што сакаш.

    П.С: Гледај нешо во стил HAP AC или hAP AC2 !
     
    На Oktar и farkizz им се допаѓа ова.
  3. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    ги има во Македонијава?
     
  4. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    714
    517
    11 ноември 2015
    Машко
  5. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    908
    451
    5 Јуни 2007
    Машко
    Има два момента во целава ситуација твоја. Ако сакаш лоад балансинг тогаш микротикот ќе ти заврши работа, ама максимум брзина ќе имаш пак 10мбпс. Ако сакаш да ја споиш брзината и да имаш 20мбпс, потребно ти е ппое или друг тип на бондинг на конекциите, ама за ова треба од операторот да ти овозможат, кај нас тешко, посебно кога се два оператори различни.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    како ќе биди со пингот ситуацијата? конкретно за играње на нет прашувам

    едниот оператор ќе биди А1, другиот локален „сателитски“ интернет
    ако едниот дозволува, ќе биди возможно? или мора и двајцата?
     
  7. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    908
    451
    5 Јуни 2007
    Машко
    Од моето искуство пример со Т-Хоум, не дозволуваат, сум прашувал. Бондинг не дозволува уствари никој пошто ваљда немаат ни капацитет да дозволат такво нешто.

    АКо правиш лоад балансинг со 2 линии, пингот ќе зависи од тоа на која конекција ти се рутираат пакетите во дадениот момент.

    Ова свати го ко да си у маркет, и работат две каси, ама едната додека не се наполни со 10 луѓе другата не ја пуштаат. Ако си 11тиот во ред, те пребацуваат на втората каса, и така натаму. :)
     
    На Speedster и zdravkovskii им се допаѓа ова.
  8. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,557
    1,650
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Морам да прашам: Зошто не може да имаш еден појак пакет, наместо магии со 2 провајдери и додатна опрема?
     
    На Krkac и olikomerc им се допаѓа ова.
  9. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Живеам Новаци, најдобриот пакет тука е 30/5 или во превод 8/0.7 :D

    Користам сателитски 15/5 - арно ама не е баш стабилен. Некогаш добивам greylisted IP и одредени сајтови не се отвараат (ретко, ама се случува)
    Се надевам да го спојам сателитскиот со "постабилен" од А1 и да добијам нешто шо наликва на 2019, а не на 2015та :D

    P.S.
    Заборај играње игри на сателитскиов, spikes на секоја минута има
    на мака сум браќа...
     
  10. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,557
    1,650
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Со 30/5 ќе лета, освен ако стварно не е 8/0.7 :)
     
  11. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,170
    3,234
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Zemi si 4g net od A1 , toj e bezicen. Paketite mu se vip kombo box.
     
    На krema и Chaeld10_8 им се допаѓа ова.
  12. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Тоа ти викам, го рекламираат како 30/5, а уствари е 8/0.7. Прва рака проверено.

    Имам 4г антена в комшии. Брзината е солидна, 20/1 со комбо бомбо. Арно ама зборуваме за 150гб месечно ограничување, а бидејќи работам со видео тоа не е реална опција за мене.
     
  13. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    А со PtP линк да земеш оптика од некаде (Битола) или кај и да е најблиску со оптичка видливост до кај тебе и со оптички или друг брз нет?
     
  14. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,170
    3,234
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Se dokupuva net mislam 100gb za plus 300 den otkako ke go nadmines toj. E toj sto ke go dokupes e stvarno brz so download i upload :)
     
  15. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Не знам шо е птп линк, најблиску оптика има "во некои делови на Битола". Знам дека општината си има своја оптика и РЕК Битола исто така. Ама тоа не го споделуваат и нема најави во блиска иднина за брз интернет тука. Тоа пола Битола нема оптички, не пак овде...

    Како шо кажав, не е опција. Прво поради што аплоадот е 1мбпс, второ има месеци кога одам стигам и до 1тб.

    Сателитскиов се јади со 15/5, не е така лош за брзината. Немам ни ограничувања со тој. Тоа шо ми фали е стабилност и добар пинг. Затоа и прашувам како можам најдобро да ги комбинирам?
     
    На Pane24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,170
    3,234
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Како поврза сателитски ? Јас ко бев Мариово маки мачев да поврзам сателитски интернет односно не можев да најдам некој оператор. АКо може подетално за тоа како уклучи и која цена го плаќаш ?
     
  17. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Има главна антена Новаци, со мал ресивер добивам интернет од неа. Е сега таа главна антена зема feed од Битола или Демир Хисар - не знам точно каде и како.

    800 денари плаќам, и можам да договорам побрз интернет за повеќе пари (мн се флексибилни во однос на тоа), ама неможам да договорам поголема стабилност оти интернетот е тоа што е.

    За Мариово не верувам да би можело во секој случај преку нив, оти нели мора главна антена.

    Ако сакаш контакт, пиши во ПП
     
  18. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,170
    3,234
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Не заборавај дека новаци е општина на пола Мариово :) Јас правев порано некои комбинации со едносмерен нет од компјутерски сателитски картици на пци слот. АЛи без успех. Што има тоа со посебна антена за нет кај вас тогаш е друг муабет.Инаку сеа не ми треба бидеќи не живеам таму.
     
    На zdravkovskii и GGTT1 им се допаѓа ова.
  19. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Не знам, тоа е веќе напредно ниво за мене. Познавам еден на којшто му успеа тоа пред неколку години, ама се откажа - ваљда не беше добро колку шо звучеше дека ќе биди.

    Зборам за селото, не општината. А Новаци е исто така една од најбогатите општини во Мк, па еве ни струја стабилна немаме, а не пак интернет. :D
     
  20. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,170
    3,234
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Исто е и у цело мариово... Иста струја делиме. Али пази од таа струја порано мене ми рикнуваа ригови односно мава некој вид на електрошокови и ми ги блокираше матичните и напојувањата. Секој пат ко ке снемаше струја и дојдеше ги пореметуваше риговите кај мене. Додека у ск тој проблем го немав.
     
  21. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    95% сум сигурен дека не е сателитски интернетот. Сликај го рисиверот.
     
    На Oktar и krema им се допаѓа ова.
  22. krema

    krema
    Professor

    9,248
    8,978
    24 Јуни 2009
    Машко
    Вероватно станува збор за некоја комбинација на наностејшн или слично монтирана на чинија за подобар сигнал.
    Сепак ајде да видеме некоја слика, ќе биде појасно.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Еве како изгледа, на трет спрат на куќа стои.
    За од поблиску да сликам не барајте, не се осмелувам :D

    p.s.
    денес на пример, интернетов е ненормално стабилен и брз
     
  24. krema

    krema
    Professor

    9,248
    8,978
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ова е далеку од сателитски интернет, станува збор за вифи интернет.
     
  25. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    235
    189
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    мислев дека зема од сателит дечково, оти куралово зема од антена, која зема од друга антена...

    како и да е, кога играм знае да направи "spikes", а истиов интернет кај другар(мислам од друга антена зема тој) никаков проблем нема
    операторот направи промена и софтверска и ресивер кај мене, ама не помогна
     

Сподели

Вчитување...