• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Споделување минати испити од (македонски) државни факултети

  • Ја почнал/а темата
  • #1
6 декември 2019
50
24
Дали е легално да споделувам минати испити во дигитална форма од нашиве државни факултети?
Дали постои основ за правни дејства по мене ако прикачам фолдер полн со испити од минатите години на моја веб-страница?
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,294
1,257
Скопје
Дали е легално да споделувам минати испити во дигитална форма од нашиве државни факултети?
Дали постои основ за правни дејства по мене ако прикачам фолдер полн со испити од минатите години на моја веб-страница?
и да нема легални основи .. по мене мислам можеш да направиш пак повеќе штета од колку корист (што мислам ти е намерата?). Пошто нели обично се ротираат исти задачи по испити од некои фонд задачи што си ги имаат асистенти/професори. Ако вака искочи лесно достапно задачи/решенија .. може ќе им дадеш мотив на асистентите да ги сменат :) (не дека и сега нема такви комбинации по копирниците најчесто .. but still). :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3
6 декември 2019
50
24
Намерата ми е да ја олеснам подготовката за испит на студентите.
Секако, асистентите ќе направат нови бази, но и тие ќе бидат поставени за кратко време.
Да се навратиме на суштинското прашање... Како ви изгледа идејата од правен аспект? :)
 
wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
960
953
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3700X + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
MSI MPG Gaming PRO Carbon
Storage
Samsung 970 Evo Plus NVMe + HDD 1TB WD EZEX
PSU
NZXT C750
RAM
Corsair Vengeance RGB Pro 64GB
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Од правен аспект не е легално.

Штетата е:
  • Ќе ги сменат испитите
  • Некој ќе се прошлепа со ненаучено. Од тука истиот тој за некое време ќе ти дава државни услуги напикан преку партија во администрација или уште полошо ќе ги се вработи како наставник и ќе ги воспитува твојте деца.
 
Dajman

Gaining Experience
19 септември 2020
145
233

Јас би се плашел повеќе од мнозинството идни лекари кој завршуваат со помош на непотизам и корупција и истите одма се вработуваат на државно (па и приватно во последниве години), али секој со својте стравови.
Таа категорија на студенти зимаат дипломи и без неговата база. Дури и да ја сменат базата, тие ќе ја добијат новата база на рака од професор/асистент и ќе им ја дадат на нивните 10 души. Тие 10 души идната година ќе им ја дадат на целата генерација итн.
Нормални нечесни студенти нема шанси да завршат чисто со бази од ваков тип, а ако веќе планираат да плаќаат испити тогаш спаѓаат во гореспоменатата категорија и релативната загуба на квалитетен кадар е иста.
Едино ова би им помогнало на студенти заглавени на 1 испит кој не се уште свесни зошто ги куткаат, на јог'ртчињата кој ќе ги набубаат базите за полесно да извадат максимум бодови и на оние кој се на граница за положување колоквиум (90% од нив ќе бидат елиминирани на усен испит, доколку има нормално).

Да се навратиме на суштинското прашање... Како ви изгледа идејата од правен аспект? :)
Доколку не си студент/вработен во универзитетот мислам дека немаат никаква јурисдикција над тебе. Крај краева тие бази се пуштени од нив, доколку не се, тогаш самите си се криви што ги вртат истите прашања со години и студентите ги собрале со тек на време.
 
Piedpiper

Gaining Experience
26 август 2019
164
177

Се согласувам. Правно немаш никаков проблем. Бидејќи ако имаше проблем, тогаш Зоки и Либро (во Мавровка) требаше да бидат затворени одамна.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7
6 декември 2019
50
24
Во ред, заклучуваме дека со комбинацијата:
- не сум студент/вработен во даден факултет И споделувам база со прашања - немам проблем.
Но, што доколку сум студент на даден факултет, а споделувам скениран испит од истиот факултет на кој сум студент (со логото на факултет, со сѐ)?
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,344
1,482
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
По секоја логика , и без да го читаш статутот и правилниците на факултетот, треба да бидеш избркан.
 
Kajsibebraat

Practice makes perfect
1 април 2012
1,478
1,007
Имам слушнато дека по испитот факултетот е должен јавно да го сподели.
На финки знам дека листот со задачите од испит по математички предмети си го носиш дома, а и во книжарата на факултетот можеш да купиш „збирки“ со стари испити.
 
Dajman

Gaining Experience
19 септември 2020
145
233
Во ред, заклучуваме дека со комбинацијата:
- не сум студент/вработен во даден факултет И споделувам база со прашања - немам проблем.
Но, што доколку сум студент на даден факултет, а споделувам скениран испит од истиот факултет на кој сум студент (со логото на факултет, со сѐ)?
Доколку не е анонимно и некој те накодоши во најдобар случај ќе изгубиш право да го полагаш тој испит 1 година. Поверојатно е да го изгубиш правото на школување на универзитетот. Ако не си нечие дете во никој случај не би споделувал јавно информации од тој тип, доволно е еден кодош газолижач.
 
Вангел Ајановски

Gaining Experience
16 март 2013
41
79
ajanovski.info
Дали е легално да споделувам минати испити во дигитална форма од нашиве државни факултети?
Дали постои основ за правни дејства по мене ако прикачам фолдер полн со испити од минатите години на моја веб-страница?
Само со писмена дозвола од авторот и издавачот, инаку правиш повреда на авторски и издавачки права. Има случаи каде била иницирана постапка против луѓе што споделувале испитни задачи без дозвола, но не го знам исходот.

Како професор пред некоја година креирав своја платформа со збирка задачи за SQL и општо за Бази, каде сите студенти имаат непречен и бесплатен пристап. Сега имам само околу 300 задачи од неколку години, ако најдам време ќе ги поставам сите задачи наназад од 20 години работа.

А на тие што имате идеи да споделувате туѓи материјали би ви препорачал да прочитате повнимателно што напишав погоре - ако имам време ќе направам целосна збирка. Предложете им соработка на професорите, вие да поставите платформа и да ја одржувате, а тие да ги обезбедуваат материјалите. Повеќето немаат време за да ги средуваат материјалите, па затоа не го прават. Ако се договорите, корист и за нив, и за вас, и за студентите. Тоа е во домен на издавачка дејност и верувам повеќето би се согласиле при добро договорена соработка.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,737
Мислења
856,440
Членови
29,742
Најнов член
MilanTrajkovski1
На врв Дно