• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

"Сподели знаење"

  • Ја почнал/а темата
  • #1

viktor

Intern
8 април 2007
36
0
viktor.lugola.net
Сподели знаење е настан кој се случува секој втор вторник, од 20:00 до 22:00 часот, во големиот амфитеатар на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ - порано познат како ЕТФ).

Идејата е сите млади и постари кои се заинтересирани за слободен софтвер, Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн., да може да се соберат за да споделат знаења и искуства, да дискутираат и експериментираат.

Присуството е слободно, бесплатно и пожелно. Земете си и лаптоп, компјутер, празни CD-иња ако сакате.

http://spodeliznaenje.blogspot.com/
http://www.slobodensoftver.org.mk
http://www.lugola.net
http://planet.linux.net.mk
 

D

Администратор
31 март 2007
3,292
2,000
www.iwmnetwork.com
Звучи интересно.

Чисто за информација, кој ги врши предавањата и презентациите?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

viktor

Intern
8 април 2007
36
0
viktor.lugola.net
Звучи интересно.

Чисто за информација, кој ги врши предавањата и презентациите?
Не се класични предавања едноставно може било кој да предложи тема да спреми презентација и да сподели тоа што има со другите за развивање на информатичкото општество.
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
Стварно добра работа, едвај чека мда бидам у Ск да видам што како е.
А кој вторник е следното предавање 17 или 24 април
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

viktor

Intern
8 април 2007
36
0
viktor.lugola.net
Стварно добра работа, едвај чека мда бидам у Ск да видам што како е.
А кој вторник е следното предавање 17 или 24 април
17 Април во 20:00 (неофицијално) пратете го блогот или зачленете се на нашата мејлинг листа и бидете во тек со настаните што се оргранизираат
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
А можно ли е предавањата што се одржуваат да се добијат по мејл пошто не можам секоја недела да сум во скопје а уште повеќе во вторник. Видов на блогот дека имате пишувано за предавањата но предавањата ги нема
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,971
Мислења
853,798
Членови
29,613
Најнов член
mmx1990
На врв Дно