1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

SpinFit Eartips – Силиконски врвови

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од Андреј, 26 Декември 2019.

Тагови:
  1. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    120
    281
    4 Септември 2012
    Машко
    Имам можеби околу 50 врвови од силикон и пена по дома. Секогаш кога ми треба добар пар, пробувам да се сетам кои ми биле комотни за да ги искористам. Тоа се најчесто оние од MH1C, но за жал не одговараат на секоја слушалка.

    Врвовите понекогаш го менуваат и звукот на слушалката. Сепак, битна е и удобноста која ја пружаат не само звукот. Досега од сѐ што имам видено, производителите на chi-fi слушалки не се замараат многу со производи кои може да се набават дополнително. Изгледа дека главно се фокусираат на звукот на слушалките, а кабелот и силиконските (или пенастите) врвови ги изработуваат (или набавуваат) со среден или многу слаб квалитет. Тоа често влијае и на звукот (како кај Blon BL-03 ако се користат црните плитки врвови), а понекогаш може да предизвика и алергии на увото од лошите материјали користени при производство.

    Од сите евтини силиконски и пенасти врвови кои ги имам купено на Али Ескпрес, нема некои кои може да ги препорачам посебно. Претходно дури користев и Comply врвови од пена, но тие се прескапи (околу 15 долари пар) и пената за мене е далеку понепријатна од силикон. Друга работа е што такви врвови го менуваат звукот и високите тонови, на полошо за мене. Врвовите од MH1C не се достапни, затоа што треба ги купите заедно со слушалките.

    Прашањето е, кои се добри врвови и што тоа значи? Дали вреди да се дадат 5-6 долари за пар добри силиконски врвови?

    Од мое лично искуство, да. После многу барање, би сакал некој да ми кажеше на почеток да не се замарам со ултра евтини производи од Али Експрес. Бев малце скептик за SpinFit, но по неколку неделно користење можам да кажам дека вредат за парите.

    На SpinFit страницата ќе најдете многу модели, но ќе се задржам на најпопуларните: CP100 (4mm) и CP360 (3,6mm) направени специјално за бежични TWS слушалки. Сите што ги купив од AliExpress се М големина.

    SpinFit CP360
    [​IMG]

    SpinFit CP360 на QCY T5
    [​IMG]

    За разлика од обичните врвови од QCY, овие се за класа подобри. Силиконот е поквалитетен и поради тоа блокираат повеќе бучава, лесно лежат во уво и се комотни. Спинфит имаат патентирано технологија каде самиот врв може да ротира во ушниот канал, што овозможува подобра екстензија на звукот и изолација.

    [​IMG]

    SpinFit CP100 (M) (лево) и најмалите врвови кои доаѓаат со Sony MH755 (десно)
    [​IMG]

    CP800 (2mm) се премали, па нема ни да пробам да ги наместам. Слични се на CP100. За Sony MH755 најдобрата опција е CP100 (4mm), a верувам и за многу други слушалки на пазарот. Ретки се тие со тенко грло, а за слушалки со подебел nozzle може да ги погледнете CP145 (4,5mm), CP155 (5,5mm) или CP500 (5,5mm).

    Ги измерив за да видам што е разликата:

    [​IMG]
    И главно нема многу голема разлика :)

    Овој модел на SpinFit нема да ви гo промени звукот драстично. Сум видел случаеви каде тоа е видливо и осетно, но не и со овие врвови. Дали се покомотни од обичните врвови кои доаѓаат со MH755? Не по цена колку и самите слушаки, нема поента.

    Но, ако сакате да пробате „премиум“ силиконски врвови и да ја подобрите удобноста на другите слушалки во вашата фиока, Spinfit е добар производ за таа намена.
     
    Последна промена: 26 Декември 2019
    На Dave1, Necromancer, martinmax и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,580
    3,574
    12 Јануари 2016
    Машко
    Moи фаворити моментално: US $0.64 35% OFF|6pcs/3pairs In Ear Earcaps For KZ Earphones Silicone Covers Cap Replacement Earbud Tips Earbuds eartips Earplug Ear pads cushion-in Earphone Accessories from Consumer Electronics on AliExpress

    Клонови од Comply врвовите од пена исто ми одговараат, но не можам да најдам величина по моја мерка. L ми се големи, а М ми се мали, имам пробувано од барем 3 различни продавачи и конзистентни се со величините.

    Овие имаат одлична звучна изолација, но не се удобни за носење: US $1.2 |5mm Original Two Layer Silicone In Ear Earphone Earbuds Ear pads covers Eartips Replacement Headphone Earplugs 6pcs/3pairs-in Earphone Accessories from Consumer Electronics on AliExpress
    Уште подобра изолација, и уште понеудобни: US $1.04 20% OFF|6pcs/3pairs Three Layer Silicone In Ear Earphone Covers Cap Replacement Earbud Bud Tips Earbuds eartips Earplug Ear pads cushion-in Earphone Accessories from Consumer Electronics on AliExpress


    Сите наведени врвчиња се со 4-5мм внатрешен дијаметар.
     
    На Маша и Андреј им се допаѓа ова.
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,111
    1,705
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ме заинтересира, веројатно би порачал некој пар за Galaxy Buds, тие ми се моментално daily driver. По ова што читам, и CP100 и CP360 би ми одговарале. CP360 се малку помали и поудобни, или јас лошо сум прочитал?

    Ако не ти е проблем, дај линк од кај си ги порачал пошто гледам на Али ги има многу, ама не знам кои се оригинал.
     
  4. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    120
    281
    4 Септември 2012
    Машко
    CP360 дефинитивно, ги нарачав локално. Тие ќе бидат добри за Buds.

    Еве линк каде можеш нарачаш оригинални: US $14.99 |DUNU SpinFit CP360 Silicone Eartips for True Wireless Bluetooth Earphone CP 360 1Card with 2pcs(Small/Extra Small)-in Earphone Accessories from Consumer Electronics on AliExpress
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,111
    1,705
    13 Јануари 2014
    Машко
  6. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,131
    808
    1 Јуни 2016
    15 долари за врвови????
     
  7. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    120
    281
    4 Септември 2012
    Машко
    Yeah, 2 пара. Comply мислам дека и поскапи се.

    It is what it is, обично се плаќа премиум цена за она малку што ти фали. Не е дека се 10 пати подобри од обичните врвови кои одат со Samsung Buds, но сепак се подобри и тоа е макс што можеш да извадиш од слушалките.
     
  8. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    855
    586
    11 ноември 2015
    Машко
    Дали CP360 ќе фатат на Samsung AKG i QS2? И ме интересира дали при миење на врвовите со топла вода ќе се соберат, сепак на извесно време убаво е да се исперат. :)
     
  9. krema

    krema
    Professor

    9,849
    9,527
    24 Јуни 2009
    Машко
    Зошто да се соберат, силикон е тоа.
     
  10. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    855
    586
    11 ноември 2015
    Машко
    Има разлика од силокон до силикон.
     
  11. krema

    krema
    Professor

    9,849
    9,527
    24 Јуни 2009
    Машко
  12. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    120
    281
    4 Септември 2012
    Машко
    CP360 пасуваат кај QS2 и се полнат во кутија проверено. Исто и за Samsung Buds. Ако ти е за Samsung AKG жичаните, овие не се за тие ама може да одговараат. Фабричните врвови кај Samsung AKG жичаните се прилично ок, не би ги менувал.
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. kalimerko!
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    707
Вчитување...

Сподели

Вчитување...