Имам 5 CD дискови од 1994, на кои е наснимена свадбата на моите родители. Пред недела дена пробав да ги копирам податоците, ама безуспешно. Испробав 7/8 различни програми за читање податоци од CD, и со сите програми наидов на грешки во читањето. Истражував на кратко и заклучив дека најверојатно дисковите се стари и хемијата која ги чува податоците е деградирана, а можеби и грешам. Како и да е, дали има некој на форумот кој знае да спасува податоци од CD? Или пак да ме посочи кај некој што знае. За цена ќе се договориме лично, по телефон.