- На IT.mk се дозволени продавам/купувам огласи, но само во соодветната тема - Огласи. За истите огласи, успешни или неуспешни зделки и соработки, IT.mk не сноси никаква одговорност.
- IT.mk не презема одговорност ниту за огласувачи со статус на проверен огласувач, со стекнат статус или наследен статус од платено премиум членство (означени со следниов таг
- IT.mk служи единствено како платформа на која корисниците може да објават оглас, меѓутоа не навлегува детално во содржината на огласите и нивната веродостојност - за тоа целосна одговорност има членот кој го објавува огласот.
- При склучување на зделки, размена на средства или слично, самите членови кои учествуваат во зделката си преземаат целосна одговорност и нема да го сметаат IT.mk за одговорен.
- IT.mk го задржува правото да отстрани огласи и забрани огласување на членови согласно општита правила и услови за користење.
- IT.mk по добивање на налог од официјални лица ќе постапи согласно законските рамки.
Прашање
Во случај на било каков тип на измама на оглас на форум/онлајн, каде може да се пријави измамата - во која институција и по кој член може да се бара правда, која е постапката?
Во Република Северна Македонија кривичното дело Измама е предвидено во член 247 од Кривичен Законик.
Член 247
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да прибави таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
(4) Ако сторената штета надминува значителна врсдност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(5) Тој што делото од став 1 го сторил само со намера да оштети друг, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(6) Со казната од став (4) од овој член ќе се казни тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе доведе друг во заблуда или ќе го држи во заблуда со лажно прикажување или прикривање факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортска игра, и со тоа го наведе да стори или нестори нешто на сметка на својот или туѓ имот.
(7) Обидот за делото од ставовите 1 и 5 е казнив.
(8) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(9) За делото од ставовите 2 и 5 гонењето се презема по приватна тужба.
АНАЛИЗА:
Горенаведениите одредби се одредби од Кривичниот законик каде е опишано кривичното дело Измама. Според член 247 од КЗ Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ова е описот за кривичното дело Измама. Понатаму, многу битно е тоа што дека според КЗ и обидот за Измама е казнив, тоа подразбира дека ако некој се обидува со намера за себе или за друг да прибави имотна корист со лажно прикажување или со прикривање на факти ќе се казнува како да го извршил кривичното дело.
Ако сте измамени при купување од интернет или сте незадоволни од испорачените производи и/или услуги, а притоа не сте сигурни каде да се обратите, надлежен орган за постапување при секоја измама при интернет купување и нелегална продажба од страна на лажни трговци и онлајн станици е Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал.
Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава за осомничениот поради основано сомнение дека сторил кривично дело измама. По приемот на кривичната пријава со постапката раководи јавниот обвинител. Јавниот обвинител самиот или преку правосудната полиција, ќе ги собере потребните податоци за одлучување по кривичната пријава односно да се покрене кривична постапка пред надлежниот суд.
Каде може да се пријави измамата?
Измамата се пријавува во Основно јавно обвинителство, каде што заедно со кривичната пријава треба да се поднесат и докази за измамата. Кривичната пријава се поднесува до надлежниот јавен обвинител, писмено или усно, телефонски, по електронски пат или со употреба на други технички средства и начини.
По кој член може да се бара правда?
Пред надлежните институции, измама ќе се пријави според член 247 од Кривичен законик.