Општа тема каде членови би прашувале совети за склопување/купување или надоградба на конфигурации.
Се надевам ќе ти стигне нотификација за ова @StefanPetrov:
На таа конфигурација дефинитивно би додал уште 20-30 ЕУР и би земал целосно модуларно напојување. Напојувањето кое си го избрал е одлично, нема збор таму - ама semi modular ќе те нервира некогаш ако решиш да ставаш кастум кабли, со екстендери пак би имал долги црни кабли вишок стуткани некаде (ќе ти зафаќаат место), и во најлош случај при оштетен кабел пример е многу потешко да се замени.
Многу мал процент на доплата ти е во ваков стадиум и е сулудо да не земеш со сите марифети.
Планирам да склопвам PC, сакам да порачам од computeruniverse. Знам како оди постапката, само ме интересира дали е проблем ако порачам повеќе компоненти наеднаш. Еве ги спецификациите:
Погледнете го атачментот 111654
Со се поштарина еве како иди целосно:
Погледнете го атачментот 111656
На 1940 евра имам 97 евра ДДВ (плус некое евро ако го пресметаат PSU-то на 18% ДДВ а не на 5%), само ме интересира во DHL дали е исто 1500 денари лежарина заедно со се нивната услуга за шпедиција, или има некој скриени трошоци бидејќи се работи за повеќе делови? Исто така дали ќе ми ги испорачаат до Битола (имаат тука претставништво) или ќе морам да ги земам од Скопје. Фала дечки.