1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет за хостинг...

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Molec, 22 ноември 2012.

  1. Krash

    Krash
    Intern

    20
    3
    12 Јуни 2012
    Женско
    маркетер
  2. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,998
    1,236
    5 oктомври 2007
    Машко
    I have a life, but YOU only have ONE BIG LIE !

    Страшни клиенти нема што. Гарант заедно месечно не прават трафик поголем од 5ГБ :)

    А всушност што ги браниш толку овие УКИОН, нели не работиш веќе таму, незнам од кога .... Само нека си се бранат и нека дадат факти, ти и така неможеш тоа да го напраиш. Од поство пост само нови работи пишуеш, и се вртиш околу истото како „киша око Крагујевца„.
    Ако имаш факти со кои ќе ги докажеш тврдењата од сите изминати постови, кажи ги напиши ги.
    Ако не онда ке констатираме дека УКИОН е само обичен шеард хостинг, некои дечиња таму кои купиле еден реселер, ВПС или било што таму некаде у Англија, и решиле да праат муабети како имаат ДАТАЦЕНТАР. Ма немој молимте веќе :D
    Еве види на пример дечкиве од Enter-Host, ни се фалат ни ништо, ни па пишуваат некои работи што очигледно не се. Тоа е веќе ОК пристап.
     
  3. Krash

    Krash
    Intern

    20
    3
    12 Јуни 2012
    Женско
    маркетер
    Marv, zasrami se.
    Napisi prvo koj si ako si masko kao sto si napisal, kako sto znaes jas koja sum, i da se cueme i razbereme ako treba direkno bez glupavi naddavanja.

    A ne da se kries zad forumov kako nekoe gikche i da kazuvas nevistini za firmi i za lugje, koi voopsto ne gi znaes. Za navreda na lice i kompanija vo MK moze i da snosis pravni posledici.

    Ako moze da zabelezis jas voopsto ne ti ja navrediv firmata vo koja rabotis so nedokazani nevistini kako tvoite. Ocigledno uste treba da porasnes za da mozes i kulturno da se izrazis.

    Ti pozeluvam da si gikas do sabajle zatoa sto nemas popamentna rabota dodeka jas kuliram na zeskoto pladne na Venice beach vo LA.
     
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Замолувам да се дебатира само со факти и без лични препукувања. Благодарам.
     
    На marv и Krash им се допаѓа ова.
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,974
    25,204
    4 Септември 2008
    Госпoѓа или Госпоѓица Краш, ако сакаш соодветно да ти се обраќаат, и да водиш дискусија на ниво, немој да користиш 4chan финти на форумов од типот "get a life" или одржи го нивото и културата во целиот тек на дискусијата како што започна, или не обвинувај други кога го прават истото.

    И да, не е возможно да се "навреди фирма"
     
    На marv му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Krash

    Krash
    Intern

    20
    3
    12 Јуни 2012
    Женско
    маркетер
    Здраво на сите,

    Секој има право на свое мислење, сваќање и начин на излагање што како право јас го искористив во овој форум.

    Длабоко се извинувам ако некого навредив, повредив или дистанцирав со моите изјави и коментари во овој форум од тековната тематиката.

    Исто така изјавувам дека сите изјави и коментари се ЛИЧНО МОЕ МИСЛЕЊЕ, а не мислење како бивш вработен во www.ukion.mk, како фирма која ја почитувам заедно со квалитетот на услугите и сервисите кои ги дава.

    Со почит исто така пристапувам и чувствувам кон секоја конкуретна компанија во Македонија и пошироко, што со својата конкурентност може да даде само подобрување, а не назадување на МК економијата и квалитетот на услугите.

    Поздрав,
    Емилија
     
    На masterficx и psyside им се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,974
    25,204
    4 Септември 2008
    Нема проблем, не навреди никого, него само спомна дека сакаш да дискутираш на соодветно ниво, а во неколку поста не се придржуваше кон тоа.

    Овој пост е веќе нешто сосема поинаку, продолжете со дискусијата слободно.
     
  8. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,401
    2,000
    12 Август 2009
    Машко
    ште е работава со трафик лимит на секој мк хост?
    Ја го користам Forpsi неколку години
    одговор на секое прашање добивам во рок од 5 мин
    лимит немам на ништо
    поевтино е од овие нашиве ефтини „услуги“.
     
  9. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,998
    1,236
    5 oктомври 2007
    Машко
    Финтата е што никаде, ама баш никаде во светов не постои нешто како БЕЗЛИМИТ. Тоа е маркетиншка финта, и да најголем број од нормалните сајтови никогаш не ги ни надминуваат трафиците зададени и во МК пакетите, ама знаеш како е наш народ поубаво да му пишеш него после да му објаснаваш како у таму некој Policy пишуело дека Unlimited не е баш Unlimited како он си замислуел. Уствари Unlimited e нешто како Fair usage.
    Дај линкче од тие Форпси да не нагаѓам по вебов да знам точно за кои збориш.
     
  10. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    143
    86
    25 Април 2012
    Машко
    Не би допрел македонски хост ни со 2 метра стап! Доколку сајтот ти е за интернационална публика земи си обичен споделен хостинг од ~10 ГБ Простор со пристоен месечен трансфер од датацентар во САД или Холандија. Ќе те чини 5-10$ Месечно

    Доколку македонија ти е таргет пазар земи си хостинг од датацентар во Германија и види што линии имаат приклучено и нивната достапност во македонија.

    Гледај серверите да им се приклучени на 1 Гбпс линија, и препорачливо е да се на Litespeed Server него ли Apache

    Но ако сакаш брзина припорачливо би ти било да ја оптимизираш Wordpress инсталацијата и темата соодветно.

    http://www.ukion.mk/ ви се молам, за 100$ ќе ангажирам некој русин да им го напумпа серверот со еден 1 Gbps Ddos Напад па ќе си ги барате после страните хостирани кај нив во Пашино Рувци. :p
     
  11. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,998
    1,236
    5 oктомври 2007
    Машко
    Нема никаква потреба да ти се претставувам. Ова е форум и тука сите сме познати под своите никови. И нема потреба директно да се слушаме и разбираме. Твојот пост беше јавен, и јас јавно дебатирам кон него. Не е работата јас и ти да се разбереме, или пак да се замарам со некоја фирма, работата е секој што ке прочита на форумов да прочита разни мислења, аргументи и факти.
    Не се кријам. Пак ке ти кажам ова е форум, како милион низ светот, и на форум сите се знаат само по никот. Ако сакаш јавно, организирај пресконференција, донесете слики, потврди и сертификати за фамозниот ДАТАЦЕНТАР и ке дојдам јас лично и персонално со лична карта, и ке дебатираме.
    И едвај чекам да ме тужите, само незнам за што ? За разоткривање на лага ?

    Јас не ја навредив фирмата во која ти работиш. Нели ти не работиш во УКИОН, а јас не спомнав друка фирма, автоматски не сум навредил фирма во која работиш.

    А за изразувањето, No Comment, ти кажаа веќе погоре, кој и како се однесува и кој треба малце да искулира.

    Е сега стварно ке се отрујам. Останав без зборови. Леле кај си била, страшна работа. И ова за тебе е голем коментар, базиран на факти и на високо ниво. Ама дај молимте.

    п.с. Симни се некои 15 миљи појужно има многу поубава плажа.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер

    Тие админи што незнаат да го конфигурираат апаче да работи исто како и лајтспид, не ги бива. Ни нив ни хостот најверојатно.
     
  13. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    143
    86
    25 Април 2012
    Машко
    Е сега ај те молам образложими колку пати си имал искуство со Апачи сервер со страни со големи број на дневни посети и исто поголем број на напади од ботнети?

    Апачи единствено нешто што ти го нуди за митигација на напад од ботнети е да го смениш портот :D Додека Litespeed има доста поголема позадина во митигација на овој вид на напади. Настрана нападите, Litespeed нуду далеку подобра компресија на PHP и за скоро дупло подобар лоад тајм од Апачи КАКО И ДА ГО ПОДЕСИШ.

    Остај сега тоа интересни ми се Укион Хостинг Корпорајшн ЛТД ДОО ДООЕЛ АД Прибилци. Со нивниот сопстевен датацентар во Велика Британија во вредност од три тисуча милиона еура у кеш :D
     
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,791
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    На BrandNew му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Таман работа од ботнети да се заштитуваш со Apache или со било кој друг сервер. Си го подесуваш фајрволот пред серверите да ги филтрира нападите. Али ок, секому свое.

    Ич немам искуство на памет зборам.

    Иначе темаваа не е за ukion него за совет за хостинг пакет, со што јас дефинитивно предлагам да се оди со хост тука во Македонија ако таргетот е исто Македонија. Uhost исто имам позитивно искуство иако не ми се свиѓа тоа што лимитираат трансфер, ако е за помала страна ќе заврши работа.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    143
    86
    25 Април 2012
    Машко
    Second it! Од лично искуство ти ги препорачувам Хетцнер. Доколку се осеќаш комотно би ти препорачал едно мало ВПС серверче .
     
  17. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,353
    2,165
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    :eek: Well, that escalated quickly.

    Фала на сите за советите. Добредојдени сте сеуште ако сака некој да сподели мислење.
     
    На smole и prichina им се допаѓа ова.
  18. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,791
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па и нема некое строго правило, дека ако имаш таргет група од македонија подобро е хостонгот да ти е тука. И на ухост и на сите наши препородавачи на хостинг услуги серверите им се во Германија и Холандија, и мал дел кај нас....така да како и да е ја би препорачал гледај кој ниди најдобри услуги, добар аптајм и постојан сапорт.
     
  19. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    143
    86
    25 Април 2012
    Машко
    Hetzner.de Датацентарот е приклучен на 30 Gbit/s линија од Deutsche Telekom во чија сопственост е македонски Т-Хоме кој е интернет провајдер на 90% од населението директно или индиректно.

    Под паушална претпоставка дека нашиот Т-Хоме е во мрежната инфраструктура на Deutsche Telekom тогаш македонските посетители би добивале одличен пристап. Ова е претпоставка немојте да ме изедите сега доколку грешам.
     
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,791
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Даваат одличен пристап како и да е.
     
  21. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    VPS + CDN = Бомбона
    Ако имате хеви лоад на серверите земете си некое впс и поврзете го со CDN. Штити многу. Башка и без тоа со CDN ќе имате ненормално оптимизирана врска.
    Секако се зависи од тоа што ви треба, кој е таргетот и за што ќе биде користен серверот, но доаѓа во предвид со не многу користен сајт под напади(поради дистрибуцијата).
    Имам активно пакети од повеќе хостинг компании: host1plus.com, hostgator.com и arvixe.com. Сите на најдобрите пакети, закупени на подолго време. Секако имам и ВПСа.
    Препорака: Земете сервер кој ќе одговара на потребите. Секако дека најскапото е најдобро, но ако натплатите а не го користите ондак не е добро, бар за вас.
    Од Македонија најфалени се uhost.mk , не сум ги пробал лично.
    Тешко дека некоја македонска хостинг компанија има личен датацентар лоциран во македонија, а притоа самите тие да го користат да го издаваат на мали клиенти лично.
    Укион се официјална подршка за OpenCart за Македонија, затоа и имаат е-продавници. Огромен минус е што подршката за OpenCart кои они би требало да ја пружат бараат ептен многу еври(нешто што би требало да е бесплатно).
     
  22. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    КАКО ДА ХОСТИРАШ САЈТ НА ТУЃА КОМПАНИЈА:

    дали планираш да трошиш доста меморија (агрегатори,пребарувачи)? да ---> користи dedicated(*) не----> дали планираш огромна публика? да ---> користи VPS не ---> користи shared

    дали таргетираш публика од странство? да ----> користи CDN не ---> не користи CDN

    дали можеш да испрограмираш CDN мрежа? да ---> направи го тоа не ----> користи Cloudflare.com --> дали Македонија е таргет? да ---> земи серверска локација и во Македонија --> дали имаш доста пари на располаѓање? да ---> земи од T-Home не ---> земи од uhost или mkhost

    * Кога трошиш многу меморија , користи dedicated. Имаш поголема контрола и никој не ти ги троши ресурсите.

    ЛИНКОВИ:

    CloudFlare - http://www.cloudflare.com/ (одлични бесплатни и платени CDN решенија :) )

    Македонски сервер локации (можеш да ги искористиш за македонската публика):
    T-Home хостинг - http://business.telekom.mk/mk/418/IKT_uslugi/Data_hosting_centar.html
    MkHost - http://mkhost.com.mk/
    Uhost - http://uhost.mk/

    Странски сервер локации (за Македонци од странство или која било странска публика):
    Хостгатор - http://www.hostgator.com/
    GoDaddy - http://www.godaddy.com/hosting/web-hosting.aspx
     
    На smole и marv им се допаѓа ова.
  23. BrandNew

    BrandNew
    Gaining Experience

    143
    86
    25 Април 2012
    Машко
    Неќам да се спуштам на trash talk но Ukion како контролен панел ви го нуди далеку по кастрираниот и кориснички по "непријателскиот" Direct Admin контролен панел за вашиот хостинг акаунт, ви се молам бре cPanel е стандард во индустријата за споделен хостинг! Па ви се молам бре луѓе колку ќе заштедите 10$ по сервер? И 24х7 корисничка поддршка? Пффф ма немој да ме јебеш!
     
    На smole и stefan_v им се допаѓа ова.
  24. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    Хах GoDaddy ни под точка разно за хостинг.
    Прилично многу им го познавам хостингот. Точку ми е преку глава што ако некој ми побара да му го поставам изработениот сајт на GoDaddy го одбивам.
    Само cPanel поштувам.
    А за DirectAdmin... Најмногу го нејќам поради ретардираниот фајл менаџер. И избегавам наголемо.
    Досега најдобар споделен хостинг мислам дека е од hostgator, бизнис план. Имам до април таму купено.
     
  25. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Таке е. Само можеш на македонски хост да идеш у канцеларија да му се дереш ако те заебава :)
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Dr.XaYC
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    996
  2. Ivica_M
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,800
  3. dimitar92
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    1,974
  4. Dingo
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    906
  5. Nenad90
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,525
Вчитување...

Сподели

Вчитување...