1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет за велосипед-точак

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Pilsator, 10 Март 2019.

  1. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    429
    114
    15 Мај 2012
    Машко
    Планирам да земам точак. Намената ќе му биде за низ град и планински патеки ама не downhill туку полабави, немаат бетон ама и немаат цели планини на нив. Буџетот е околу 20к. Ми треба совет на што да обрнам внимание. Моментално нешто што го гледав е btwin rockrider 540. SUNTOUR XCR 100mm вила, преден менувач MICROSHIFT MS25, заден SHIMANO ALTUS, шифтери ALTUS M370, предна касета 22,32,44 ,,заби'', задна касета SHIMANO HG 200 од 11 до 34, B'TWIN by TEKTRO по 160 мм хидраулични. Цена 23к
    ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИ - МТВ ROCKRIDER 540, 27,5"

    Според опремата мислам дека за парите се добар квалитет ама ајде да прашамнекој за совет. Scott или specialized со истата опрема (без осовните) и преден менувач алтус се над 30к. Некој искуство со BTWIN за квалитет?
    Друга опција е scott aspect 730 половен за 360 eur.
    Фала
     
  2. skopje_mkd

    skopje_mkd
    Gaining Experience

    356
    190
    5 Февруари 2016
    Земи половен со подобар амортизер и ако можеш додади уште 50-100 евра на подолг рок ќе се исплати

    Испратено од ANE-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  3. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Nov zq tie pari ke zemes mnogu los tocak. Za 20k na facebook grupite mozes da najdes poloven tocak so Slx shalteri i deore kocnici do 26” trkala. Za pogolem tocak do 29” ke trwba mozda malku poveke pari. Kako i da e, u toj ceniven rang samo viluska Santour ke najdes. Ja smeniv tri tocka so santour viluska i mozam da kazam deka se top posto ti treba za asfalt tebe uste podobro.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На Pilsator и skopje_mkd им се допаѓа ова.
  4. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    429
    114
    15 Мај 2012
    Машко
    Имам разгледано половни ама не беа сјајни и покрај тоа што имаа висока класа на опрема. Кој вила чука кој касета мрда, менувани делови итн. Некако нема баш некој добар за тие пари на старо.
     
  5. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Jas sekoja prolet kupuvam nov velosiped na staro tokmu od tie grupi na Facebook. Prvo nesto sto treba da ocekuvas od poloven velosiped koga ke go kupis e deka kocnicite hidraulicni skoro ke se prazni i ke treba da gi polnis (bleeding). Gumite ke bidat malku poveke vozeni / izlizani (sto nikogas ne mi pretstavuvalo problem). Ke ima kozmeticki nedostatoci u vid na grebnatinki i fleki. Vila sto cuka i kaseta sto mrda do sega ne sum videl.

    Na ovie tri grupi sekojdnevno se postiraat velosipedi i oprema:

    Pro Cycling
    Sporty sale - маркет за половна спортска опрема и се поврзано со спорт
    SPORT & SALE Velosipedi delovi i sekakov vid na sportska oprema

    Retko ke najdes silibajzerski postovi od nekvalitetni tockovi, 95% od postovite se velosipedi socuvani, servisirani od luge sto se poznati prodavaci na grupite. Ako najdes nekoj od tvojot grad super, ke mozes da go vidis na lice mesto, inaku jas sekogas po kargo sum gi zemal i sekogas sum bil zadovolen.
     
  6. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    429
    114
    15 Мај 2012
    Машко
    Не е проблем маслото, гумите и козметика, проблем е ако се мрда и се е зарѓано како 100 год да стои надвор. Ќе следам во групите не ги знаев овие. Фала
     
    На Mao му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    На групиве ќе си најдеш добар точак 100% баш од тие причини шо таму точковите ги купуваат и продаваат луѓе што се бават со тој спорт и се сочувани, за рзлика од тие што ќе ги најдеш на огласи. Кажи ми што големина бараш, рам гуми, имам еден комшија продава топ велосипеди му ги носат од горе (if you know what I mean).
     
    На Pilsator му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    429
    114
    15 Мај 2012
    Машко
    170cm сум, М рамка, од опрема нешто како таа на btwin со исклучок на кочници, не сум баш за тектро, да вреди за парите о да е околу 20к мах. 300евра би било идеална цена па и со тектро кочници.
     
  9. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    150
    526
    9 Декември 2016
    Машко
    Најпресна тема за препорака за велосипед, па ај тука ќе пишам.

    Точак немам купено и возено 20 години. Сакам да земам точак на ново од продавница, за максимум до 270 евра.
    Ќе го возам низ град и поретко околни излетнички места, значи ќе се вози 90% на асфалт, т.е. задолжително со мазни гуми.
    Во предвид идат хибриди, сити бајк или урбани трекинг модели, сакам хардтејл без предни амортизери глупости, и со V-кочници.
    Висок сум 186 cm, внатрешна должина на нога 84 cm, шо би значело L или XL (20 или 21 инчен) алуминиумски рам, со 28" или 29" тркала.
    Од опрема Shimano Tourney минимум, и шо поудобно седиште.

    По локални продавници ги погледнав најскапите топ модели на Max, Viper, и уште неколку чајна шит ефтини марки и ич не ме бендисаа. Со опрема послаби, очајни предни амортизери, механички диск кочници - играчки, наводно алуминиумски рамови а тешки ко да се челични, варовите лошо направени и општо со слаба завршна обработка. Ги видов и топ Алу моделите на Сетек, ST. Човече тешки ко камен, а во варовите на рамот ко некое дете на пракса да се учело да заварува.. Прскано, дупка до дупка. Единствено во квалитет на рамот малку отскокнуваат Trinx, како шо забележав.

    Српски Polar ми се видоа најфино изработени, за тие цени ваљда се добива солиден квалитет, па така се двоумам меѓу овие три модели, фаворизирани по редослед:

    1. POLAR GLIDER - Лаѓа од точак за по асфалт со удобно исправено седење, мој фаворит;
    2. POLAR MIRAGE URBAN 29 - Ова е веќе трекинг со широка гума, али пак добивам XL рам и големи 29'' тркала;
    3. TRINX M-136 PRO - исто трекинг со 29'' тркала но мал 18“ рам, хидраулична суспензија и механички дискови од демек нивно сопствено производство, дискутабилна работа.

    Шо би било најпаметно да се купи ново за тој буџет, доколку имате на ум други модели за кои не знам или сум ги пропуштил, молам предложете.
     
  10. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    429
    114
    15 Мај 2012
    Машко
    Разгледај ideal. Не знам кај има и кој продава ама мислам дека нешто како полар се. Добро изгледаат на видување.
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    245
    262
    12 Август 2014
    Машко
    Ideal продаваат во велосипед.мк, на ќошот на почеток на водњанска. Ако не се лажам грчка фирма беа.

    Немој да си помислил на кинезарија ко тринкс, макс и остали такви марки. Страшно неквалитетни се, макар и за до работа. Ќе пројдеш сега поевтино, ќе смениш пола делови во прва година зошто ќе испопука се, на крај ќе купиш нов точак и автоматски дупло пари си дал.

    За тие пари не гледај дискови, само проблеми ќе ти праат. Просечен ви брејк е бољи од срање диск. Механички дискови ни под разно.

    Не глеј седиштето да е меко, глеј да ти одговара на газот. Ќе си купиш шорц со перничиња после.

    Од тие три, првиот. Мада јас секогаш гласам за стар точак со добра опрема него нов точак со тапа опрема.
     
    Последна промена: 23 Мај 2020
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...