• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Совет за upgrade

  • Ја почнал/а темата
  • #1

noviot

Intern
1 февруари 2008
92
48
Здраво дечки.
Ми треба совет за upgrade на скоро цела конфигурација :) т.е MB, CPU, RAM, VGA и PSU. Моменталната конфигурација ми е:

ASUS A8N-E Nforce4 Ultra

Athlon64 3200+ (single core)

1,5 GB DDR400 RAM

Palit 8600GT 1024MB DDR2

2 SATA дискови WD 400GB и Hitachi 80GB

1 IDE Maxtor 80GB HD

LG DVD-RW IDE

DElux 500W PSU (не е ова Real Power отприлика 350W e)


Планирам да земам следново:


MB:

ASUS P5Q или P5Q-E , или ECS P45T-A black (сакам да земам со P45 Chipset плоча, P35 е стварно више историја)

CPU:

Core2Duo E8300 или Core2Quad Q6600 (неможам да најдам Е8400 а Q9450 е прескап не се исплати)

RAM:

2GB доста е (XP Pro ќе фурам, имам алергија на Vista :) ), само не знам каков да зимам, дали DDR2 1066 или DDR2 800 (DDR3 е прескап ионака а нема разлика)

VGA:

Saphire Radeon HD4850 (Само шубе ми е со температурите што ги дига, ама па ништо друго од тој price range не ми одговара :( )

PSU:

Spire Jewel 650W Real Power


Би сакал да прочитам ваше мислење за деловиве што ги пишав, ама да ги земете предвид и постоечките компоненти од претходната конфигурација (HD-a, DWD-to). Благодарам
 
За плочата, земи Асус. CPU земи Q6600 кога веќе нема Е8400. Рам земи 4 гига, гага се, 800мхз се доста, и бапни Виста х64, ептен е стабилна. За графичката, ако ти е проблем температурата, фурај си со 8600тката дур не излезе 4850ка со custom кулер, па таква земи си. Напајањето ке биде доста.
 

Borgski

Intern
31 јули 2008
67
1
Земи си Asus P5Q и одма упгрејд на најнов биос бидејќи со првиот фирмвер видов доста мака. E8400 побарај ме со приватна порака јас ќе ти најдам.
Останатото твој е изборот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

noviot

Intern
1 февруари 2008
92
48
@Sepiroth целава промена на конфигурацијата ја правам баш заради Графичката :) бидејки сватив дека ако земам само 4850-ka со ново напојување, ќе ме гуши процесорот и све друго практично. Инаку апгрејдов е за 80% гејмање, 20% кежуал работа. Затоа и ми е прашањето за процесорот - дали е по future proof да земам квад или па и дуалот ќе ми врши работа (А раликата е 900 ден btw).

@borgski И мене ми е шубе за p5Q да ти кажам право. Баш читав на www.newegg.com кориснициве се жалеа на компатибилност со мемории и понови 45nm CPU-a, ама изгледа до P45-ката ќе да е , породилни маки :D Фала за понудата инаку :)
 
Ништо никогаш не е futureproof во ИТ светот. Купи го тоа што ти треба во моментот. А во моментот само 3-4 игри користат 4 јадра. Игрите исто така поштуваат и висок clockspeed, така да Е8400 на некојси 3.6-3.8 гигахерци клокан, би бил идеален за гејминг.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,869
Членови
28,042
Најнов член
Puffy
На врв Дно