1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет за трансфер на хардвер во друга држава

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од M.Pix, 16 Јануари 2020.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    720
    2,394
    27 Јануари 2014
    Машко
    Дечки ми треба огромна помош. Како најбезбедно да префрлам една конфигурација од Македонија во друга држава? Имам човек што има сопствено комбе и носи пратки од Македонија.

    Мене главното прашање ми е како да го спакувам целото куќиште? Дали да се оди на варијанта да се расклопи скроз па да иде во кутии или склопено цело да оди во поголем куфер со заштитни сунѓери од страна?

    Дали би имало проблем на царина иако ги имам сите документи за деловите кога се купени? Сепак се на македонски.

    Исто би сакал и NAS системот да го префрлам, со 4 дискови. Тие некако ми се најкритични за префрлање. Секој совет е добродојден.
     
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,402
    3,733
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Napikaj gi del po del vo kuferite so obleka i prakjaj po avtobus/kombe.
    Jas od ceska taka si slepav ps3-ki bez da gi proveruvaat kuferite so obleka.
     
  3. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    283
    227
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    другар со истиот проблем сега брзо помина на граница, 50-100е во зелениот картон и немаше проверки

    п.с.
    само кажувам шо се случи, ни помалку ни повеќе од тоа
     
  4. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Gaining Experience

    154
    91
    18 Септември 2013
    Со 100 евра во зелен картон ќе бидеш сумлив, следно прашање колку граници треба да се одминат 1, 4, 5 400-500евра?
    Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  5. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,074
    3,721
    5 Декември 2009
    Машко
    Немам искуство во префрлање во друга држава, само ке те посоветувам графичката обавезно да ја одштрафиш. :)
    Дисковите мислам дека нема да имаат проблем ако се заштрафени добро, но гпу то обавезно. Не сакаш да одкорнеш PCI слот од матичната...
     
    На stefan_off и 1s3ct0wN им се допаѓа ова.
  6. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    283
    227
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    колку граници? сè после мк е транзит

    *не е совет тоа или ова, само кажувам шо се случи
    ништо поќе и ништо помалку од тоа
     
  7. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    346
    286
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    +1 за графичката да ја извадиш, исто ако имаш некој огромен CPU air cooler да го извадиш.
     
  8. krema

    krema
    Professor

    10,022
    9,654
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако си го враќаш хардверот назад обавезно нека го пријават на граница за да нема после плачки со даноци и царини.
     
  9. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    605
    18 Август 2016
    Машко
    Јас префрлав цело куќиште до Германија. Првиот пат ко го носев бев со автобус. На српска граница се запна таа цариничката што било како било и дека требало да сум плател извесен процент од вкупната вредност на куќиштето. Кажав користено е, не е ново, зошто да плаќам кога не одам во Србија туку во Германија. Се запна: Колку вредит компјутерот?! И викам купен е 150 евра пред 5 години, сега е можда 30 го носам заради лични потреби. Влета шоферот клизачи со дваесет евра и заборај дека требаше да се царинит. Влегвиме на хрватска граница: Шо е пакетот? -Компјутер. Половен и лично ваш? -Да. Продолжете. Нигде низ границиве кон Германија не сум имал проблем, само тогаш ете малер се погоди.

    После то сум биден неколку пати со кола и за ништо не ми напрајле проблем. Го носам цело куќиште full tower во оригиналниот пакет. Нека кажит дека е користено и лично негово. Аку имаш документ и да видат дека пример е 2000 евра веројатно ќе те царинат соодветен процент од сумата. Нека соберит прашина да изгледат ко да е баталено и не би ти праеле проблем. Барем така мислам.

    P.S. Околу отшрафување на графичката - корисно е, ама мислам немаш потреба. Само гледај куќиштето да е во лежечка состојба како на тест бенч и обавезно обележи на пакетот на која страна треба да е свртено. Да не е во стоечка/стандардна положба или оставена графичката да виси под матичната.
     
    На 1s3ct0wN и zdravkovskii им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...