• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Совет за купување на графичка картичка

  • Ја почнал/а темата
  • #1

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Вака се наоѓам во една дилема за купување на нова графичка картичка.Откако го имам купено компјутерот тој ми дојде со графичка на AGP приклучок и таа ми остана се до ден денес.Но бидејќи е веќе стара и бувално не вреди многу сакам да ја заменам со друга некоја со PCI приклучок бидејќи и матичната ми подржува ПЦИ.Имам матична плоча Asus P4P800S-X која ги има следниве можности:
http://www.superwarehouse.com/Asus_P4P800S-X_Motherboard/P4P800S-X/ps/450022

E сега ме интересира дали можам на оваа матична плоча да ја ставам графичката картичка Galaxy PCX Geforce 8600GT 512MB DDR2 koја ги има следниве можнсти
NVIDIA® unified architecture with GigaThread™ technology
* Full Microsoft® DirectX® 10 Shader Model 4.0 support
* NVIDIA® SLI™-Ready
* 16x full-screen anti-aliasing
* True 128-bit floating point high dynamic-range (HDR) lighting
* NVIDIA® Quantum Effects™ physics processing technology
* ONE dual-link DVI outputs support two 2560x1600 resolution displays
* NVIDIA® PureVideo™ HD technology
* HDCP Capable (Optional)
* PCI Express® support
* OpenGL® 2.0 support
* NVIDIA® ForceWare® Unified Driver Architecture (UDA)
* Built for Microsoft® Windows Vista™

Specifications:
* FEATURE GeForce 8600GT
* Stream Processors 32
* Memory Amount 512B
* Memory Interface 128-bit
* Texture Fill Rate (billion/sec.) 8.64
* Memory Brandwidth(GB/Sec) 22.4
* RAMDACs (MHz) 400

Package Content:
* GeForce Graphic Card
* Installation driver CD

NVIDIA GeForce 8600 GT requires:
* PCI Express®-compliant motherboard with one x16 graphics slot

А доколку неможе ако може некој совет или предлог за друга графичка картичка која би се вклопила на оваа матична плоча.Благодарам однапред
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
PCI графичките се стари, ретки и со бедни перформанси во споредба со денешните. Таквата графичка сигурно ќе има послаби перформанси од твојата што е на АGP. На плочава нема PCI-E (Express) слот - тоа е слотот за новите графички. Според тоа, купи си некоја GeForce 5500 или потсобери пари па менувај плоча, процеор и рам....
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
PCI графичките се стари, ретки и со бедни перформанси во споредба со денешните. Таквата графичка сигурно ќе има послаби перформанси од твојата што е на АGP. На плочава нема PCI-E (Express) слот - тоа е слотот за новите графички. Според тоа, купи си некоја GeForce 5500 или потсобери пари па менувај плоча, процеор и рам....
Па да во право си така и така компјутерот е стар затоа и ако почнам се да менувам повеќе се исплати нов пц да земам:)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Се надевам дека не си помешал PCI со PCI-E слот. На твојата матична нема PCI-E слот, така што конфигурацијата можеш да ја надградиш исклучиво со АGP картичка. За 2.5 - 3 иљадарки можеш да најдеш добра, со солидни перформанси.
8600 GT на AGP колку ќе најдеш кај нас е прашање. Има Radeon 3850 со AGP, но цената е околу 130Е. По мене, неисплатливо, со оглед на двојно помалиот проток на податоци на AGP x8 интерфејсот спореден со PCI-E. Едноставно, нема да ги искористиш нејзините можности. Џабе парите ќе ги дадеш. Освен ако немаш други можности.
А ако имаш, продај старото и пазари нова конфигурација.:bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,539
Мислења
822,860
Членови
28,054
Најнов член
malo92
На врв Дно