1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет за купување на безжичен рутер?

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од Boge, 6 Јануари 2009.

  1. Boge

    Boge
    Intern

    76
    0
    11 Февруари 2008
    Sakam da se snabdam eden za po doma za mozam da go shetam lap topot. Sakam da e stabilen, brz, da ne me zafrkava i da ne gi zalam parite sto sum gi dal.

    Dali ovoj ke mi gi zadovoli potrebite?

    http://www.set.com.mk/setClient/pro...&brand=Asus&bybrand=&group=23&productid=28119

    Sto bi bila razlikata pomegju toj i ovoj na priemer?

    http://www.set.com.mk/setClient/pro...&brand=Asus&bybrand=&group=23&productid=28059

    Planiram da potrosam do 3000 denari...Sto mozam da kupam za tie pari najkvalitetno, ne mi treba golem domet, dovolno e niz stanot....

    Vo Niko davaat nekoj Net D-Link Wireless 54 Mbps Wireless Router DI-524 za 2,588.40 denari...

    Kade na drugi mesta da pobaram?

    fala odnapred za sovetite.
     
  2. Garfield

    Garfield
    Intern

    277
    4
    9 Декември 2007
    Дефинитивно како избор WL 520 е одличен, јас имам исто Asus рутер и имаат доста различни firmware кои се базираат на Linux Kernel, и може да се прават многу корисни работи со рутерот.

    Еве некој корисен линк: http://www.dd-wrt.com/wiki/index.php/Asus_WL-520GU
     
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,436
    13,568
    23 Јануари 2008
    Манга
    Најдобар за домашна употреба, компатибилен со опремата на сите провајдери кај нас е Linksys WRT54GL. Може да е поскап од 50 евра. Провери во Anhoch.
     
  4. suzana@rema

    [email protected]
    Intern

    1
    1
    29 Јануари 2008
    Zdravo,
    Jas bi ti preporacala D-Link DIR-635 :bravo:
    http://www.dlink.biz/?go=jN7uAYLx/o...waaRp+X19Vnq1zitUvt1LVILi0KfiKl8QsOzcboS1H9I=
    go imas vo Tehnomarket.
    ASUS ne e brend na koj sto glaven biznis mu e mrezna oprema. :ua:

    pozdrav,
    $
     
    1 person likes this.
  5. Boge

    Boge
    Intern

    76
    0
    11 Февруари 2008
    Zdravo Suze,

    Kolku chini ovoj vo TM?
     
  6. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
  7. paneval

    paneval
    Intern

    178
    1
    2 Март 2008
    Јас го имам Netgear WGR 614 v8 , па добро работи, задоволен сум,.....
    поздрав!
     
  8. Niki

    Niki
    Баниран/a

    404
    1
    21 Април 2007
    gOJDO, trakilaki, zorancho i spiderman lecete se idioti prokleti i retardirani
     
  9. TheSpeedy

    TheSpeedy
    Intern

    279
    2
    4 Септември 2007
    Ме интересира дали со тој рутер ќе можам да делам интернет со други комшии на растојание од 80 до 100метри..

    p.s. noob сум за рутери..
     
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,512
    25,582
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ќе можеш да делиш.АЛи за двајцата да имате стабилна конекција ќе треба убаво да се исконфигурира
     
  11. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Е и???


    Linksys земи си, ако баш не можеш, тогаш D-Link, а и погледни дали има подршка за DD-WRT, во иднина може да ти затреба.
     
    1 person likes this.
  12. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    И јас би играл исто, ова е ѕверот од евтините домашни рутери.

    Зошто би му требало N рутер?
     
    1 person likes this.
  13. sajd

    sajd
    Intern

    154
    1
    6 oктомври 2008
    Здраво,
    и јас сум за купвање рутер:) мене нешто ми треба појако да фака мрежата на поголема далечина пред ѕид бла бла... шо можи да се најди поефтино ама со појак сигнал на пример до кај 200 - 250 метри. фала поздрав
     
  14. jocker

    jocker
    Intern

    7
    0
    13 Јануари 2009
    Zdravo, koga sme kaj temava za sovet za ruter...

    Sto misite za ovoj model Linksys WRT54G2 Wireless G Router i dali bi mi go preporacale za domasna upotreba za laptop i desktop vo isto vreme.

    Od komentarive gledam deka favorit e WRT54GL, pa ako moze nekoj da kaze sto e razlika megju ovie dva.

    Fala.
     

    Прикачени датотеки:

  15. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Колку што ги разгледав се работи за исти карактеристики. Разлики има во дизајн и Г2 нема надворешни антени, па се отрфла можност за мала манипулација со насочување на сигналот или евентуално менување на антената. Ама дизајнот му е модерен па убаво ќе се вклопи во внатрешноста, без разлика каде и да се постави.
    Ако се работи за стан, значи простор без премногу зидови, посебно да не се повеќе спратови (куќа), моделот WRT54G2 ќе бидне супер решение.
    А имаш ли нешто како понуда и цена да дадеш од некој, оти и јас сум заинтересиран за некој Linksys рутер?
     
  16. jocker

    jocker
    Intern

    7
    0
    13 Јануари 2009
    Go ima na poveke mesta, Nevada, Vortex..., najeftin e vo Votex nesto pod 3000 den
     
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,436
    13,568
    23 Јануари 2008
    Манга
    gl има многу помоќен хардвер, т.е. има процесор и 64мб флеш меморија. на него можеш да ставиш фирмвер од друг производител, на пример ddwrt, кој има многу повеќе можности и опции. Меѓу побитните е и зрачњето, можеш да му подесиш да зрачи на 251mW, за разлика од 100mW кај wrt54G. Toa значи многу постабилна врска, поголема брзина и многу попголем радиус. Ние со wrt54GL и насочени антени се конектиравме на 400м оддалеченост и пороток од 2 MB/s.

    покрај ова, на gl можеш да инсталираш и linux, а тоа значи неограничени можности во поглед на рестрикции, форвардинг и сл.
     
  18. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Да не претера малку пријателе?
    И двата рутера имаат процесори, дури на Г2 му работи на 240МХз, а на ГЛ на 200.
    64МБ флеш меморија? Г2 има 2МБ и можеш да инсталираш DD-WRT но само микро верзија, а ГЛ има 4МБ и можеш да инсталираш која сакаш верзија, освен Мега. Инаку и двата рутери имаат 16МБ рам меморија.
    За јачината на сигналот си во право, но како што реков сепак внатрешните антени немаат никаква поголема можност за насочување. Од друга страна сосема е доволно ако се работи за индивидуална употреба како што напишав погоре, а и доколку немаме потреба од преголем радиус тогаш тоа е повеќе штетно од корисно. И едноставно ако човекот си има убаво уреден простор, а и е нормален корисник, како што рече самиот еден десктоп и еден лаптоп, ваков рутер ќе му бидне одличен избор.

    @sajd
    оти никој не ти одговорил до сега, можеш да се најдеш во последниот одговорот на gOJDO, тоа би ти бил одличен избор за мали пари, само ќе мораш некако да го насочиш сигналот.
     
  19. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
    Јас си земав пред некој ден Еdimax 6504n. Солиден е, за домашна употреба. Ставен е под кревет во моја соба на едниот крај од станот, а во трпезарија сосема на другиот крај фаќа сигнал 70%. Сега за сега сум задоволен... ќе видиме понатаму

    Сакав Linksys WRT54GL, ама го немаше од таму кај што земам, а не бев при пари да го купам од друго место поскапо :(
     
  20. stavrov69

    stavrov69
    Gaining Experience

    399
    198
    26 ноември 2008
    Машко
    Имате Linksys WRT54G2 Wireless G Router за 2690 ден. на www.kupilaptop.com
    Јас користам NetGear WPN824 RangeMax и не разбирам за рам и такви работи ако може да ми објаснете за мојот рутер...
     
  21. jocker

    jocker
    Intern

    7
    0
    13 Јануари 2009
  22. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Thk за инфо.
    Рутерот што го имаш мислам дека нема можност за надоградби со други фирмвери, но тоа не значи дека не можеш да го употребуваш и дека не е функционален. Додавањето таков софтвер е со цел да се овозможи поголема контрола на мрежата која ја создаваш и ја одржуваш, како на пример контрола на кој компјутер кога ќе има интернет, да нема отворање на некои страници, да нема симнување на некои фајлови, равномерен распоред на бандвитот и др. Со добро сетирање голем дел од вакви работи можат да се направат и на рутери без додавање на слободни фирмвери, но сепак вистинските ефекти нормално се постигаат кога имаме поголема контрола.

    Рутерот не се инсталира како другите периферни уреди на одреден компјутер. Тој е независен уред во мрежата и тој е всушност еден мини компјутер со сите делови внатре. Има процесор, хдд (флеш меморија), рам меморија, комуникациски порти, ОС итн. Значи тој се сетира преку некој од компјутерите во мрежата, ама тој е самостоен уред кој се закачува на модем и кој ја воспоставува, одржува и контролира конекцијата со интернтетот користејќи го модемот. Значи рутерот ќе го закачиш на модем во портата наменета за тоа, во една од другите порти ќе го закачиш десктопот, преку десктопот ќе се направат сите потребни сетирања и од тука конектирањето на интернет му го оставаш на рутерот, а ти си сурфаш преку еден, два или четири компјутери поврзани на кабел и многу компјутери поврзани безжично. Подесувањето може да се прави и преку безжична врска но тоа е оневозможено во голем број од рутерите и заради сигурносните мерки е секогаш подобро да остане така, а подесувањето секогаш да го правиш преку кабелско поврзување.
    Нема да имаш проблеми доколку имаш повеќе компјутери со различни оперативни системи поврзани во мрежа. Размена на податоци за во твој случај исто така нема да е проблем, само се разбира сето тоа треба да се подеси за да работи како што треба.
    Ако тоа не си го правел никогаш, мој совет е, поради сигурносни мерки подобро да побараш помош од стручно лице.
     
  23. Niki

    Niki
    Баниран/a

    404
    1
    21 Април 2007
    gOJDO, trakilaki, zorancho i spiderman lece te se idioti prokleti i retardirani
     
  24. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,436
    13,568
    23 Јануари 2008
    Манга
    @spektrumZX

    Во право си за спецификациите. Одамна беше кога ги научив и ги имам измешано бројките. Поточно ги знам спецификациите на WRT54G, кој подоцна го прекрситја WRT54GL (тоa L значи Linux version). Во исто време исфрлија нови WRT54G verzija 2 кои беа со друг, послаб процесор, помалку RAM и флеш меморија, со послаба моќност за зрачење, со многу посиромашен софтвер и без можност на него да се инсталира linux.

    Што се однесува до WRT54G2, мислев дека станува збор за WRT54G verzija 2. Не ни имав поима дека дека има нов рутер, со нова маска и карактеристики слични ко оние на WRT54GL.

    Слободно може на Boge да му се препорача WRT54G2 наместо WRT54GL, нема ништо да изгуби на перформанси и зрачење. Покрај тоа, G2 изгледа многу поубаво.

    Што се однесува до штетноста за зрачењето, немој да веруваш во секоја бабина деветина што ќе ја чуеш. Нема абсолутно никакви штетни влијанија од зрачењето на рутерот.

    @sajd И ти можеш да си земеш G2, а за насочена антена потруди се да си направиш добри canteni. Инаку ќе треба да се опрчиш 80 евра за две насочени антени
     
  25. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    А кој беше Boge? Човекот го заборавивме, се испреплетоа муабетиве.:LOL:
    И јас ќе потврдам дека никој нема никаква потреба да се плаши од никакво зрачење на радио брановите што ги создаваат рутерите. Мојата констатација беше „штетно“ поради сигурносни мерки дека ако немаме потреба да го фрламе сигналот подалеку нема причина да го правиме тоа и со тоа да овозможиме полесен пристап на нашата мрежа на тие што можеби ќе сакаат да ни наштетат.

    Инаку gOJDO, G2 е со внатрешни антени, имаш ли некаква идеа дека може лесно да се извадат надвор? Оти и јас лично за мене ќе си ја преправам домашната мрежа ама имам повеќе катови и мислам дека тешко ќе го направам со овој модел со внатрешни антени.

    @Niki
    Погледај го списокот DD-WRT.
     

Сподели

Вчитување...