• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Совет за купување лаптоп

  • Ја почнал/а темата
  • #1

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Планирам да купам Lenovo T480 од англискиот Lenovo сајт со следниве спецификации:

i5-8250u
Win 10 Home
14" FHD IPS 250 nit
16GB ram
NFC chip
Backlit keyboard - English Euro
512GB SSD PCIe OPAL2.0 M.2 2280
Front 3Cell battery
Rear 3 cell battery
65W AC adapter (usb type C)
Intel Dual Band Wireless AC(2x2)
-------------------------------------
1269.99 GBP
-75 GBP попуст за 512 GB SSD
--------------------------------
1194.99 GBP (83650 ден ~1355 eur)

Би сакал да се консултирам за пар работи:

1. Дали вреди да доплаќам 130 фунти (9100 ден) за WQHD (2560x1440) IPS 300nits дисплеј?
2. Дали да доплаќам 48 фунти (3360 ден) за Win 10 Pro?
3. Дали rear battery да земам 6 ќелиска со:
a. 48Wh
б. 72Wh (било која од овие две ќе штрчи) ?

Лаптопот ќе се користи за Word+Excel, ретко фотошоп, повеќе од времето во затворен простор со пристап до струја.

Кај нас T480 сеуште нема, не добив одговор од увозникот дали и кога ќе има, а и повеќе од сигурно дека оваа конфигурација во МК ќе кошта доста повеќе и ќе немам можност да си ја конфгурирам како што јас сакам.
 

Arkturus

Gaining Experience
17 јануари 2013
321
258
На 14 инчен монитор ќе се изнаработиш Excel.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
986
1,685
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4690 & Gammaxx 200T
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston Now UV300 120GB /HDD 1TB WD 64MB Caviar Blue
PSU
CM Masterwatt lite 700w
RAM
Patriot DDR3 2x8GB 1600MHz
Video card
Sapphire Nitro+ RX 580 8GB
Case
MS Cyclops V
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
1350 евра за лаптот со 14 инчен екран, која ќе се користи за MS office и ретко фотошоп...претежно во домашни услови (што значи дека мобилноста не е приоритет), што знам ?
Не ти ги знам плановите и можностите, ама ми нема логика...освен ако не е мерак во прашање.
Он топик, не доплаќај за ништо дополнително посебено не за Win 10 Pro, пошто и самиот лаптот не се исплаќа за твоите потреби, а не па било што дополнително.
 

SpiritBond

On your way to fame
21 август 2015
332
745
Aerodrom
2. На ибеј можеш да најдеш клуч за апгрејд од било кој Win на Win Pro за помалце од 8$..
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Лаптопот ќе се користи надвор од дома, во најчесто затворен простор - работа, хотел, каде и да треба. Работата е таква да не е захтевна, но не може да се заврши на мобилен/таблет.

И да, меракот игра важна улога, фала на мислењата најверојатно нема да доплаќам за ништо од дополнителните опции.


Инаку со истите спецификации само со 1 3 келиска батерија и 1 година гаранција L480 кошта 989.79GBP - 69285 ден, 1122 eur.

200 евра разлика, али пошто еднаш у Х години купувам лаптоп и планирам да го терам со години, сепак изборот ќе биде T480.
 
Последна промена:

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,443
3,124
Ако парите не се проблем се доплати. Во врска со Windows кај Home верзијата една од побитните работи за домашни корисници е што немаш BitLocker и remote desktop кон твојот компјутер.
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,705
4,533
У строК центар!
Thinkpad си е Thinkpad, но во твојов случај не прави никаква разлика. Перформансите се оверкил за она што ќе се користи и можеш да поминеш дупло поефтино во најмала рака...

I3
256GB SSD
8GB RAM

↑Ова е одлично за тебе.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Thinkpad си е Thinkpad, но во твојов случај не прави никаква разлика. Перформансите се оверкил за она што ќе се користи и можеш да поминеш дупло поефтино во најмала рака...

I3
256GB SSD
8GB RAM

↑Ова е одлично за тебе.
T серијата нема i3, ќе разгледам кои модели имаат.
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,649
6,642
www.mikrotikmacedonia.net
+1

Thinkpad си е Thinkpad, но во твојов случај не прави никаква разлика. Перформансите се оверкил за она што ќе се користи и можеш да поминеш дупло поефтино во најмала рака...

I3
256GB SSD
8GB RAM

↑Ова е одлично за тебе.
8GB е минимум ! Препорачувам 16ГБ за мирна глава.
 

Pane-G

On your way to fame
9 мај 2012
1,366
749
За тие пари одлично ќе ти заврши работа со Apple лаптоп МекБук про има 13 и 15.5 инчи и одлични перфонманси и глатко ќе се работи ,но ќе ви треба време да се прилагодиш со МекОС


Sent from my iPad using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
За тие пари одлично ќе ти заврши работа со Apple лаптоп МекБук про има 13 и 15.5 инчи и одлични перфонманси и глатко ќе се работи ,но ќе ви треба време да се прилагодиш со МекОС


Sent from my iPad using Tapatalk
Сега имам MacBook Pro, и бидејќи морам го возам на Win7, со apple купување завршив.
 

Pane-G

On your way to fame
9 мај 2012
1,366
749
Ааа така значи,е па добро ,таков е ебаниот стандард јеби га


Sent from my iPad using Tapatalk
 

damil

On your way to fame
2 јануари 2015
816
859
А кај нашиот јужен сосед, веројатно си побарал, би било фино да можеш да вратиш ДДВ.
 

Pane-G

On your way to fame
9 мај 2012
1,366
749
А зошто баш мора Леново кога има Асус АлиенВаер и имаат исти перфонмансии и процесорот е и7?


Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
А зошто баш мора Леново кога има Асус АлиенВаер и имаат исти перфонмансии и процесорот е и7?


Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
Бидејќи не сакам гејминг лаптоп, сакам само onboard GPU, сакам нешто што има removable батерија, квалитетно и лесно достапни делови.

Asus ги има ROG, Alienware се на Dell.
 

kolesk

Gaining Experience
6 февруари 2016
138
98
Dell xps? Не знам колку кошта, ама може да се најде за таа цена??
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Dell xps? Не знам колку кошта, ама може да се најде за таа цена??
На Dell UK истата XPS конфигурација само со i7 процесор кошта 1666.8 GBP - 116.676 ден - 1891 eur.

Решен сум за T480 само сакав да се косултирам за доплатите, од цениве леновово искача бајаги поефтино од конкурентите а и највеќе мерак ми прави.
 

kolesk

Gaining Experience
6 февруари 2016
138
98
Тогаш со здравје да го користиш.
Ако си во можност доплати.
 

Luki Junior

Gaining Experience
28 декември 2015
151
266
Тој мислам дека доаѓа со две батерии, една напред и една назад. Така да, можеш да си ја земеш таа што не штрчи назад и пак ќе имаш доволно струја за 10ина часа работа.

Само кој модел точно ќе го земаш. Т480 или T480s? Ако е вториот, ќе биде потенок и ако имаш поголема батерија, ќе штрчи назад.

Иако си одлучен за Леново, за тие пари имаш одлични рачно изработени Шенкер бизнис лаптопи.
SCHENKER SLIM 14 Laptop L17

пс. Леновото е посекси, заборави за шенкер. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Тој мислам дека доаѓа со две батерии, една напред и една назад. Така да, можеш да си ја земеш таа што не штрчи назад и пак ќе имаш доволно струја за 10ина часа работа.

Само кој модел точно ќе го земаш. Т480 или T480s? Ако е вториот, ќе биде потенок и ако имаш поголема батерија, ќе штрчи назад.

Иако си одлучен за Леново, за тие пари имаш одлични рачно изработени Шенкер бизнис лаптопи.
SCHENKER SLIM 14 Laptop L17

пс. Леновото е посекси, заборави за шенкер. :)
Ќе го зимам T480, кој доаѓа со 2 батерии (внатре вградената и позади таа што можеш да ја менуваш).

Т480ѕ има само една, вградена батерија.
 

kolesk

Gaining Experience
6 февруари 2016
138
98
@Luki Junior имаш искуство со лаптопот што го постави. Ми направи мерак а поима немам која е таа марка. (Без смеење колеги).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,930
Членови
28,238
Најнов член
$КИКО$
На врв Дно