1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет за графичка

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Tode94, 20 Јануари 2016.

  1. Tode94

    Tode94
    Intern

    4
    13
    16 Јануари 2016
    Машко
    Здраво

    Имам gtx 560 на point of view 2GB е DDR5ка и 1055t клокнат на 3.8 со 1.48 vcore процесор со 4gb рам DDR3 (ќе зеам 2 8ци по се изглеа) и 500w напојување на DeepCool.

    Сакам да зеам графичка имам неколку што ги меркам ама незнам што како за 1080p гејмање да зеам во зависност од напојувањето. Гледав на старо sapphire hd 7970 3gb DDR5 со blow cooler за 7-8000, или 280x исто на sapphire vapor-x верзијата за 7000 ден. или евентуално на ново 380 или 380х исто на sapphire 4gb што се верзиите.

    Е сега 300ките се со повисока цена ама и нови се мислам 380 беше 15 000 и нешто, а 380х беше околу 17 000 и нешо. Сакам да ги клокнам ама незз колку ќе држи напојувањето и што би ми одговарало на мојава конфигурација.
     
  2. Antonio Vasilevski

    Antonio Vasilevski
    Gaining Experience

    241
    98
    3 Јануари 2016
    Машко
    Тие 280х не би ти ги препорачал пошто се копани, другар зема таква и сега почна нешто да го заебава, а и едниот кулер не му работи.
     
  3. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,645
    4,525
    23 Јуни 2015
    Машко
    За каква и графичка да се одлучиш би ти препорачал да си смениш напојување, нешто по квалитетно, чисто за тебе на раат да си бидеш. Околу графичка, доколку зимаш половна, земи од некој што го знаеш/веруваш. Дали е копана или не нема да ти направи никаква разлика доколку знаеш од кај зимаш.
     
    Tode94, DennyMK, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,677
    9,369
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    :) Еве знае дека зема од мене ама копана е до смрт :) каква разлика ќе му направи? Парите нема назад кога ќе му цркне после месец дена :)
     
  5. Tode94

    Tode94
    Intern

    4
    13
    16 Јануари 2016
    Машко
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,645
    4,525
    23 Јуни 2015
    Машко
    Па ти ако си фер, како член на овој форум ќе му речеш дека таа графичка не е за него, дека си ја копал до смрт. Брат ми зема копана од овој форум 290 tri-x, дечкото беше фер и му кажа копана е толку и толку време, во какви услови е држена итн. Графичката и ден денес си работи нема никакви проблеми...и да се разбереме дека копањето не е тоа што и смета на графичката, туку температурите+волтажите.
     
    borcep, Astro и на Tode94 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...