Сакав да прашам, може ќе добијам интересни/корисни совети, па ќе ми помогнете да одлучам.
Одамна имам желба да купам квалитетен дрон, за лична употреба. Претежно снимки/видеа од патувања, викенди и сето останато не-комерцијално користење на дрон.
Ми беше пикиран Phantom 1 откако излезе, меѓутоа под сплет на околности (плата, финансии...) - никогаш не купив. Од тогаш го пратам светот на дроновите (новости, нови модели, контролери), но никогаш немам летано било каков дрон.
Имам желба да си купам DJI Mini 3 Pro и стриктно тој модел, во комбинација со DJI RC контролерот со тач-екран.
За моделов (па и контролерот) последниве месеци исчитав скоро се, ги знам дури и последните софтверски апдејти на апликацијата
Ги научив и корисните додатоци (accessories), имам во план неколку. Се расчитав и како е со регулации во земјава/EU.
Што се однесува до цените, моментално:
Neptun (2 години гаранција) - 60,999 денари
fixit.mk (нема гаранција, барем не пишува) - 61,438 денари
Anhoch (го немаше на залиха еден период - сега го има, 2 години гаранција) - 63,980 денари
Гаранцијата локална е ОК да се има, меѓутоа ако веќе го купувам дронов, ќе земам и DJI Care Refresh кој чини 125$ за 2 години (ова ми е must)
Исто, во план ми е да купам и Fly More Combo, во Анхоч чини 13,980 денари.
Вака сумирано - излегува цена од 81.854 денари (Нептун + Fly More од Aнхоч + Care Refresh). На ценава треба да се додаде барем 3000-4000 денари за додатоци + мемориска картичка.
Поентата на темата ми е:

- Ќе одам летово (во септември) на одмор до Крит.
Дали ќе имам доволно време барем да го научам за да бидам доволно сигурен во себе да го летам на/околу вода? - Дали и од каде да купам нов или да побарам половен (барем со истиов контролер)?
Негативно е што половен дрон нема опција за купување Care Refresh, а мене ми е битна таа ставка. - Дали имате ваши искуства/мислења за конкретниов дрон?