• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Совет за бекап (back up)

Која опција според вас е најдобра за бекап на слики, видеа, податоци?

  • 3'5 инчен хард диск SATA III

  • Рутер со вграден 1ТБ хард диск

  • Екстерен хард диск

  • Троа поголемо USB

  • Троа поголема мемориска картичка


Резултатите ќе бидат видливи по гласање.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,958
2,515
Момци,

Ми се потсобраа доста податоци, слики, видеа и ми треба ваша помош за која е најдобрата опција за да направам back up на сите податоци од аспект на квалитет, сигурност, долготрајност, цена. Значи уредот би се користел еднаш на месец, два само за бекап и дом на живеење ќе му е некоја фиока без многу да се преместува од едно место на друго.

1. За две години и онака ќе ми треба нов десктоп компјутер и се мислам сега да земам еден 3'5 инчен хард диск SATA III кој сега за сега ќе го користам само за back up и ќе дреме негде, а за две години ќе земам само компјутер со ссд и ќе го уштекам HDD

2. Да земам рутер со вграден 1ТБ хард диск

3. Екстерен хард диск (бидејќи нема да се шета многу, опцијава мислам дека отпаѓа)

4. USB/мемориска картичка од 256GB може и ќе ми брка работа некое време ама од аспект на цена по гигабајт истотака отпаѓа.

Благодарам
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
651
1,349
Скопје
Јас би одел со Cloud + Екстерен диск + Cloud :) Односно закачи ги стварите на што повеќе места. Пример закупи си тера простор од:
  • Google Drive ($99 годишно),
  • OneDrive ($99 годишно за 5TB плус Office),
  • Mega.co.nz (50GB free, 100 евра годишно 1TB)
Имај ги комплет сите податоци/документи/слики/видеа и на cloud и на екстерен диск. На дискот мануелно прави месечен бекап (или намести си со некое програмче аутоматски да ти прави), а со некој од cloud сервисите тоа ќе ти биде инстант.

Дополнително, сите слики можеш да ги закачиш на flickr, со free account имаш опција да фураш до 1TB. Само кога ќе ги аплоадираш намести ги private фолдерите и тоа е тоа.

Во денешно време не можеш да бидеш сигурен ама баш за ништо, затоа превентивно, не една, не две, бар три бекап опции имај на располагање.
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,713
1,540
sistrum.mk
Било која опција за бекап е добра опција за почеток.
Како што пишаа погоре корисно е да се има копија на повеке места. И по книга за бекап т.е. пишано правило е да имаш една копија на локација која работиш и друга која не е во твоја близина т.е. локација подалеку од тебе. Ако се случи кражба во стан/фирма, полава, пожар итн секако имаш друга копија на облак.
 

HardCorec

Unbeatable
4 ноември 2013
3,413
4,901
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 4790
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 240 & 480gb
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x4gb 1600mhz
Video card
Radeon RX570 4gb gddr5
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Рутерче со 1TB диск плус јавна адреса од оператор ти е полн погодок.
 

Balanar

Баниран/a
6 декември 2016
1,066
1,149
Истиот „проблем“ го имам и имам отворено тема тука:

Најдобро решение за „домашен“ cloud

Малку ми е грешка можеби формулиран насловот, бекап се подразбира бидејќи имам поприлично податоци на кои им треба сигурна локација.

По мене идеално би било:
Платен cloud (минимум 100GB, препорачувам Google Drive) + домашен cloud (Tonido) + HDD (екстерен или „обичен")

Јас најверојатно ќе одам со:
Бесплатен cloud (најбитните фајлови (како и за дневно користење), после промоцијата од 1 тера која ми истекува во ноември ќе имам 17GB free на Google Drive) + домашен cloud (Tonido) + екстерен HDD (бидејќи ми треба мобилност)
 
Последна промена:

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,935
3,308
Дефинитивно интерен хдд во фиока надополнет со некое клауд решение. Доколку се случи некој дефект на дискот, најлесно е од таков диск да извадиш податоци во однос на усб, или некои надворешни дискови.

Zoolz моментално даваат 75GB доживотно. Нудат колд сториџ на амазон сервери, значи фајловите не се моментално достапни, туку по неколку часа. Тоа е идеално за овој тип на бекап.

п.с. Секогаш можеш да се обратиш и во Каирос за бекап на податоци. Ем сите ќе ти чуваме по нешто, ем пари ќе земаме за тоа :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,958
2,515
Се размислував за интерен 3'5 инчен ама треба некој дел да се докупи за да можам со лаптоп да го поврзувам за да префрлам податоци, не е скап 1200 денари, ама па за тие пари подобро екстерен.

Е сега после тоа, глупо ми е да ми седи екстерен хард диск врз куќиште и плус не знам дали ќе изгуби на перформанси :/
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,780
12,187
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Јас предност давам на 2,5 инчен. Всушност, тоа и го користам. Предности над 3,5 инчен:

- Има евтини и едноставни кутии за него, на кои не им треба дополнително напојување, евентуално само втор УСБ кабел.
- Може да се вгради (поврзе) интерно и во лаптоп и во десктоп. За случај кога веќе ништо не помага, да треба да го ставиш во туѓ компјутер за да извадиш податоци; или да пренесеш ако не фаќа кутијата/интерфејсот.
- Би требало да е поотпорен на удари/носење (демек предвиден за лаптоп).
- Цената е минус, но јас начекав на времето со мала разлика од 3,5 инчен, па за мене беше сеедно.

Ова е само за споредба меѓу тие два типа, не навлегувам во другите работи.

Е сега, мене не ми требаше многу капацитет, за над 2 ТБ веројатно е проблематично (или скапо) да се најде...

А најлуксузна варијанта би било ССД во екстерна кутија. Во твојот случај, само ќе го уштекаш кога ќе земеш компјутер. Мислам дека и за две години овој ќе биде меѓу најдобрите.

Или сега да го уштекаш во лаптопот, а неговиот драјв да ти биде бекап... Но тогаш можеби нема да сакаш да купиш нов компјутер. :)
 
Последна промена:

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,731
4,622
У строК центар!
За бекап користам 2.5" ХДД и Гугл Драјв. 20$ ми е годишно за Гугл Драјв и добивам 100 гиги, сосем доволно за некои слики, битни документи и фајлови. Инаку сликите ми се и на МИ клауд. Ти препорачувам вака и можеби плус некој друг клауд ако мислиш дека не е доволно. Усб/мемориска не доаѓа во предвид, чипот може да рикне рандом и нема назад после тоа.
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,731
4,622
У строК центар!
Се размислував за интерен 3'5 инчен ама треба некој дел да се докупи за да можам со лаптоп да го поврзувам за да префрлам податоци, не е скап 1200 денари, ама па за тие пари подобро екстерен.

Е сега после тоа, глупо ми е да ми седи екстерен хард диск врз куќиште и плус не знам дали ќе изгуби на перформанси :/
Ако го користиш само за складирање нема ништо да изгубиш перформанси...ќе биде малку поспоро но нема да ставаш инсталации на него.
 

Jedah

Practice makes perfect
6 ноември 2007
1,051
1,553
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: Kingston A400 120GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
A4Tech OP-530NU
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
AOC 22" e2243Fw2
OS
Windows 10
BluRay дискови.

Јас имам некои 700GB податоци што лични што од hoarding што сум почнал таму некаде 2002год.
Интересно е како дигитални записи од пред 15год едноставно исчезнуваат од WWW а ти ги имаш дигитално архивирано и си можеби едини сопственик на таа дата во светот :)

На секои 5 години ги префрлам на нов оптички медиум.

Почнав на ЦД... Па преминав на ДВД, па се собраа околу 200 ДВД дискови и од скоро ги префрлив на 30тина BR дискови.
700GB / 25GB=28дискови
30 дискови / 5 дискови во jewelcases = 6 jewelcases
6 jewelcases X 380ден. Verbatim Datalife 5pcs Jewelcase = 2280ден.

750GB = 2280ден.

Секој диск е каталогизиран со Whereisit така да пребарувањето и пристапот до одреден фајл е крајно олеснет.

Тоа е мојот начин на backup.

Инаку
Стварно не ја гледам потребата да користам пиши бриши медиум за чување на податоци до кои пристапувам еднаш или двапати годишно.
Не ми проблем да организирам архива на примарен ХДД па кога ќе се соберат доволно податоци да ги режнам на Оптички диск да ги поминам низ WhereisIt и да ги складирам во заборав.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,727
Мислења
856,123
Членови
29,737
Најнов член
M123xyz
На врв Дно