1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Соседна Грција, поврат на ДДВ

Дискусија во форумот 'Боречки клуб' започната од xenon, 16 Февруари 2020.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ова го пишав во темата на некој што бараше нешто да купи, па се јавија твитер мудреците и останати еурека-јабука-на-глава-остроумци и кликери, што советуваат, ко што е некоја ретард пракса последно време, да се оди во Грчка, џоа на цената таму враќале -20% ДДВ.

    Моментот "идење во Грција и поврат на ДДВ" - e мизерија на епско ниво, на ранг Северџанија пута-пута-Љ. Никој не спомнува дека тоа чини време, нерви, пари (непланирани трошоци за транспорт, кафе, мафе, ручек, дрн дрн) и како се останато и нативно за бистрото момче-македонче се игнорира.

    Предлог до администрација: Секој муабет поврзан со Грција, поврат на ддв, без конкретен елаборат дека не е баш цена-ддв, да се избрише, а бистрите глави пропоненти на истата методика да се стават на времен бан со цел да се спречи ширење на лажни вести.

    Несомнено има Јајо и Пајо карактери што еднаш во 14 години купиле нешто од соседната ни вукојебина кога се припиле паразитски до некој што гага ќе ги провози натаму-наваму, но тоа не треба да биде референтна вредност за реалноста на нештата а квази-опортунистите треба да бидат ригорозно санкционирани во нивните обиди за сензационализам и генерирање лажна претстава за нештата.

    Исто така, самиот процес на шверцување на роба преку граница е кривично казниво дело, а упорно тоа се пропагира, извезување на добра од ЕУ земја, непријавен увоз кај нас, со цел да се профитира од истото.
     
    На RoninMK, gOJDO, aleksuperior и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    591
    336
    5 ноември 2013
    Машко
    Едно прашање до тебе, дали ти ке добиеш казна ако некој друг шверцува и дали ке плака казни?
    Муабетов ти е стварно утка, сите гледаат да најдат најдоброто нешто што можеш за парите. Така да не е правилно да осудуваш, дали да го купи од мк или од грчка. А и да не се правиме патриоти сите одиме у грчка редовно на кафе и гиро, така да ништо не те кошта да си купиш поефтини делови.
    И шверц не правиш до сума од 350€ ;)
     
    На Speedster, Goran995, martin17 и уште 8 други им се допаѓа ова.
  3. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не планирам да реплицирам, изборот на надимак е доволен индикатор на 500 години отоманска сервилност што ги доведува во прашање интерните и скриени мотиви сеприсутни на ова поделено поднебје на аѓутанти, агитатори, домобрани, квинсинзи и сл. Мојата намера е јасна и без позадина, за оние со доволен рационален, логички а и апрактен капацитет за што е фер да сфатат, за останатите малодушни гмизавци слободно може да важи максима, сѐ што лета се јаде, па и патници во авион, ако е зорт нали..

     
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Темата не е за "боречки клуб" - благодарам за ангажманот на администрација но се одјавувам од истата. Стигмата која го следи овој подфорум, наменет за ирационални и емотивни дискусии за ХХ родова публика, ја анулира иницијативата што сакам да ја наметнам. Не планирам борење со никој, тоа што го сметам за исправно, доколку менаџмент смета е каприциозен хир, за жал само го забрзува падот на нас како нација и суверен ентитет во име профит (беден) и политичка коректност (непостоечка).
     
  5. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,045
    566
    5 Јуни 2007
    Машко
    Поентата е дека само "муабети" идат дека е поисплатливо во Грција да се пазари. Да поевтино е, но дали е исплатливо? Информирајте за опортунитетен трошок :)
     
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,472
    3,192
    24 Септември 2012
    Има логични работи и нелогични работи за Грција/Блгариа. Конкретно за ПЦ работи е 5% кај нас, така да секој муабет за Грција/Блгариа е нелогичен.

    За други работи како некоја фото опрема или правосмукалка Dyson секако дека си има муабет. Пред се зошто ги нема кај нас.
     
    На RoninMK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    304
    143
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Ќе има TL DR верзија на муабето или ке треба да ја читам целата Lord of the rings trilogy шо е напишана тука?
     
  8. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    208
    317
    12 Декември 2015
    Машко
    Има многу ствари кои ги нема кај нас. Пример, понудата на Karcher кај нас е многу ограничена. Ова е од последно што прашував.
    Али идење до Грција за 250 евра телефон и чекање недела до две за поврат на данок е неисплатливо.
    Иако јас би земал телефон попрво од Plaisio отколку од Ледиком.
    Испратено од VTR-L09 преку IT.mk форум апликација
     
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,472
    3,192
    24 Септември 2012
    Како ограничено? Скоро се мислам дека носат. Еве од кај нас што ми пуштиле:

    Прегледај прикачена датотека Produktprogramm HOME AND GARDEN 2019 -КЛИНТЕК_МАЛОПРОДАЖНА1.pdf
     
  10. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,624
    4,566
    23 Јуни 2015
    Машко
    Кога има попусти е исплатливо и вреди да се оди. Ова важи за било какви производи.

    Не е дека чини нерви, пошто процедурата е буквално 2 мин и веднаш се завршува. Се сведува на пополнување формулар, печат и зимање пари. Се враќа околу 10% од продажната цена, значи не е целиот ДДВ како што некои тврдат. Инаку роба се смета за шверцувана само ако сметката е над 350 евра по личност. Нема логика да одиш само за да купиш производ кој е 50е поевтин од кај нас...да не збориме за гаранција, што ако не работи производот, не е целосно пакувањето и слично.

    Горе споменатото е дискутабилно и секој може различно да го толкува. Па така секој за себе може да си направи математика дали му е исплатливо патувањето или не. Јас ти ја разбирам фрустрацијата од луѓе кои одат, само да се кажат дека биле, се сликаат, се лигават и слично.
     
    Speedster, Avid и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  11. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    208
    317
    12 Декември 2015
    Машко
    Пробај да нарачаш да видиш кој е процесот на носење. Уплаќаш и доставата е за 20тина дена, од Австрија ги носеле.

    Испратено од VTR-L09 преку IT.mk форум апликација
     
    Последна промена: 16 Февруари 2020
  12. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    428
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    Пред 2-недели сакав да купам Yamaha HS7 активни монитори (у превод звучици). Пропорачаната малопродажна цена низ цела Европа, на овие звучници е 200 евра по парче. Но, паметните трговци од Македонија ги продаваат по 260 евра парче. Значи ако се решев да ги купам овие звучници од Грција, во сам старт ќе заштдев 100 евра. Со вратено ДДВ вкупната заштеда ќе беше 190 евра.

    Дали е шверц, тоа е дискутабилно. Постојат начини со кој може да ги "искривиш" правилата и законите, си постојат дупки, нели?

    Но да, не секогаш се исплати да се иде до Грција.

    Плус, од друга страна, има доста членови на форумот што живеет во Битола, Гевгелија итн. За нив дури и е посиплатливо да појдат до Грција, него ли до Скопје.

    Plaisio, Visionstudio и уште неколку фирми ја враќаат целосната сума. Но, ако се иде преку GlobalBlue, точно само 10% се враќаат.
     
    На Speedster, TATA_MATA, Avid и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,045
    566
    5 Јуни 2007
    Машко
    Ако може инфо за звучките од кај ги зеде, заинтересиран сум за HS50 моделот.
     
  14. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    428
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    Не земав Yamaha, земав Dynaudio од Артист.

    Инаку, овластени за Yamaha во Македонија ти се Дореми.
    Yamaha HS5 (парче)

    Искрено, не ти се иплати Yamaha да зимаш по локална цена. Види што имаат во Артист.
     
    На Mao му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    791
    704
    26 Март 2016
    Даскал
    Човекот во револт си отвори тема изнервиран од луѓе што бараат подобри зделки надвор од државата мислејќи така ја продаваат македонштината нарекувајќи ги квислинзи и не знам што. Па треба да плаќаме тука повеќе ради љубовта кон татковината па да јадеме леб и сол. Па пак се отвори дискусија за дали е поефтино или не и каде да се најде поефтино. xD

    @Mao Има неколку продавници коишто продаваат аудио опрема во градови близу границата. Мене најблиску ми е Лерин. Човекот таму не држи ништо на залиха ама порачува од Атина или Солун или крајно од thomann.de Германија па максимум што ќе чекаш се две недели. Еве ти HS5 комплет со стенд за 340 евра.

    https://www.thomann.de/de/yamaha_hs_5_desktop_stand_bundle.htm

    Не плаќаш повеќе од ова НАДВОР од цени за превоз и сендвич коишто варираат зависно каде живееш (го споменувам ова за членот да не се налути дека се шират fake news за реалната цена на производот).

    ЕДИТ: Има доста продавници што го враќаат данокот во целост т.е. 24 проценти, иако има некои што враќаат само 10%. Ќе се распрашаш кој како враќа. VisionStudio враќаат во целост.
     
    Последна промена: 16 Февруари 2020
    Speedster, CBB_6, smole и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. smole

    smole
    Unstoppable

    3,108
    3,586
    18 Април 2007
    Да, сè носат Клинтек од Австрија, но мојата нарачка фати 38 календарски дена од уплата (100% аванс) до испорака.

    Друга работа цените им се стварно повисоки:

    NT 22/1 Ap - 205 eur + DDV = 241.9 eur - Klintek
    Млазматик Србија - 162 eur сосе ДДВ
    Разлика: 79.9 eur или 49.3%

    Епа за 80 еур ќе запалам кола и ќе одам до Прешево каде ќе го преземам усисивачот од курир. Ако се заинатам и ДДВ ќе земам назад, бидејќи и тоа го имам направено.

    А тоа дали на некој му одговара мојата математика и постапка или не, ама баш ич не ме интересира - мои пари мој начин на трошење, ако на некој му смета како јас ги трошам моите тоа си е негов проблем.

    Стока во вредност од 350 еур/патник на копнен граничен премин за лична употреба не се царини ниту одданочува така да тука паѓа во вода тврдењето за некаков си шверц, кривични дела и останати глупости.
     
    На Speedster, TATA_MATA, TheMarshal и уште 3 други им се допаѓа ова.
  17. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    562
    526
    20 ноември 2013
    Машко
    што зема ако не е тајна ? :)
     
  18. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    428
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    Пишав во друга тема претходно хаха. Иначе, Dynaudio BM5 MK3.
     
    На null_ptr му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,472
    3,192
    24 Септември 2012
    Спомнато беше дека немало.
     
  20. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    208
    317
    12 Декември 2015
    Машко
    Секој може да ти извади ценовник и да ти даде понуда.

    За мене има ако има на лагер, а не уплати 100% и чекај месец дена. Плус поскапо.
    Испратено од VTR-L09 преку IT.mk форум апликација
     
    На mdeni и smole им се допаѓа ова.
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,542
    12,799
    2 Август 2012
    Машко
    Никој не те ни прочита. Следствено на тоа не те ни разбраа.
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    294
    477
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    @xenon

    Што ти е овој rant, побогу?
    Удри си едно руче, ќе ти помине. Овака личиш на исфустрирано осмооделенче на кое шизикот од другиот клас му ја ќарил симпатијата и ја оставил без химен. На екскурзија.

    Грции, ручеци, ддв, шверц - измеша се.
    Едно VisionStudio од Солун нуди, да не претерам едно 10 пати поголем асортиман од СИТЕ македонски ИТ фирми... заедно. Да, робата не е нивна, но сепак имаат одлична мрежа, ќе ти најдат од пиле - млеко. Сепак овде сме ИТ ентузијасти, не сме рандом Трпе. Да не зборам за целосниот поврат од 24%. За кој не ни мора некој да се враќа по втор пат, враќаат на картичката со која е платено онлајн.

    Tи ако имаш пари и ти е "мака" да се спуштиш до Солун е друг муабет.
    Остави не нас рајата да уштедиме некој денар/евро, јебига.
     
    Последна промена: 17 Февруари 2020
    На Speedster, Delicon, igor_igor и уште 7 други им се допаѓа ова.
  23. Astro

    Astro
    Guru

    6,402
    8,876
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За 10 посто одите кај непријателот бе промет да му правите квислинзи низаедни? Како не ви е срам бе? Мајка ви знае ли кај идите? Татко ви за тоа ли кола ви даде и градинка ви плаќаше?:eek:

    Вошки вошкосани, гниди гнидосани.
    [​IMG]
     
    RoninMK, Mao и на SiPy` им се допаѓа ова.
  24. koki

    koki
    Gaining Experience

    256
    134
    3 Март 2010
    Па кој ти забранува бе? Човекот си кажа свој став.
     
  25. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    294
    477
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Никој не ми забрани БЕ.
    И јас си кажувам став на неговиот став.
     
    Последна промена: 17 Февруари 2020
    TheMarshal, smole и на Astro им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. AMD_fan
    Одговори:
    35
    Прегледи:
    3,801
  2. hmmm
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,840
  3. toshex
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    546
  4. BorisSapphire
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    4,755
  5. TATA_MATA
    Одговори:
    27
    Прегледи:
    2,927
Вчитување...

Сподели

Вчитување...