• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Сообраќај на електрични тротинети

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.665
5.520
Skopje
Во Собраниска процедура е влезен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој за прв пат кај нас ќе се регулира управувањето на електрични тротинети во сообраќај. Ова е извадено од текстот на законот:


Член 1​

(57). „Електричен тротинет“ е возило со најмалку две тркала, кое се движи на електричен погон со помош на електромотор и батерија која се полни со електрична енергија.



Член 103-а​

(1) Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или 21 велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци.

(2) Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг.

(3) Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето насообраќајот.

(4) На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето навозилата.

(5) Возачот на електричен тротинет, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.

(6) Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h.

(7) Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци, собрзина поголемаод 6 km/h.

(8) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на овој член.

(9) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (6) и (7) на овојчлен.

(10) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот надетекое постапува спротивно наодредбата од ставот (8) на овој член.

(11) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (9) на овој член.

Член 103-б​

(1) Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.

(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.

Член 103-в​

(1) Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.

(2) Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбите од став (2) на овој член.

(4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска против вредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставовите (1) и (2) на овој член.

Член 103-г​

(1) Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.

(2) Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, должен е да носи рефлектирачки елек за време науправувањето на возилото.

(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска согласно ќе му се издаде, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.

(4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.

Член 103-д​

(1) Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.

(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
 

Атачменти

  • t_74.pdf
    1,7 MB · Прегледи: 4

Justice for All

Gaining Experience
10 септември 2010
319
189
Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.
Ова за точаци нели не важеше, опционално беше, а за тротинети важи. Нема логика.
Ова и тоа што не дозволуваат да возиш на улица ако нема велосипедска патека ми нема логика.
 

zirkach

Gaining Experience
12 февруари 2015
379
301
Struga
www.facebook.com
zirkach's setup  
Processor & Cooler
i3 2310m
Motherboard
DELL
Storage
Samsung EVO 850 120gb + Seagate Momentus 500gb
RAM
6GB
Video card
intel hd3000
Audio
IDT 92HD87B1
Monitor
Hanns-G HQ191DP
OS
Windows 7 Home Premium x64
цела држава е без логика а ти бараш логика во законов :)))
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.708
4.349
Кога ќе ги вразумат велосипедистите тогаш ќе почитувам правила.

До тогаш ќе возам како ми се ќефне.
 
Последна промена:

Justice for All

Gaining Experience
10 септември 2010
319
189
Одлично напишани брзини, сега и за точаци исто вакво да напишат треба.
Ова веќе важи за точаци. Освен делот кај што вика кога возат низ тротоар... Точаците не смеат да возат по тротоар колку што знам, треба на улица да возат, по десниот ќош, ако нема велосипедска патека.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.809
Мислења
910.500
Членови
32.540
Огласи
781
Најнов член
AlekJ
На врв Дно