• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Sony Walkman

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
Sony, компанијата која го измисли вокменот и која подоцна експериментираше со дискмен, сега се обидува повторно да ја заживее производната линија Walkman. Ова е обид Sony да се врати на пазарот за трета генерација музички направи ( првата користи касета, втората ЦД, а третата Flesh/Hard drive) откако беше прегазен од Apple.

sony_walkmen_g.jpg


Новиот модел на Walkman има високо квалитетен видео плејбек со 30 фрејмови во секунда, подржува Mpeg 4, AVC Baseline формати, 2.0 инчен QVGA LCD екран и е достапен во црна, бела, сребрена и розова боја. Димензиите се: должина 4.3 сантиметри, височина 8.9 сантиметри и ширина од 1 сантиметар.

1sony_walkmen_g.jpg


Има два модели со разлика во интерната меморија - 4 и 8 GB.
Софтверот е неверојатно лесен за користење. Не мора да се водите по CD, може едноставно да го приклучите преку USB кабел на вашиот компјутер и да се движите низ фолдерите. Слики, музика и видеа можете да организирате како вие сакате со влечење и пуштање во избраниот фолдер. Кога ќе сакате да ги гледате или слушате, тоа ќе биде многу лесно бидејќи структурата на фолдерите е одлична и можете да ги групирате според наслов, изведувач, година, албум и слично.

IDIVIDI
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44.303
Мислења
892.268
Членови
31.480
Огласи
19
Најнов член
moka77
На врв Дно