1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Sony блиц на Nikon тело

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од NERD., 23 Април 2013.

  1. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,408
    347
    19 Април 2010
    Машко
    Барам нешто адаптерче или слично за да можам да користам sony flash на nikon тело.. Точен модел не знам на блицот, но ако е битно можам да надополнам инаку телото е d5100.
     
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Доколку блицот има надворешни контроли на него и доколку папучата му е стандардна (што за жал кај многу сони модели не е..) тогаш ќе си работи без проблем во мануелен режим на работа.

    Само средниот пин контакт се користи за да го активира блицот, така да било кој блиц теоретски би работел на било кој апарат со стандардна папуча.

    Нормално, TTL режим на работа нема да функционира, односно светломерот на апаратот нема да ги подесува сетинзите на блицот автоматски, затоа ти треба блиц со екстерни контроли.

    1/1 до 1/64 (1/128) можеш на блицот да сетираш да работи, а како ќе видиш дали се е ок...со histogram ќе гледаш да нема клипинг на белите тонови.

    Доколку не ти е купен овој сони блиц батали го. Купи си http://www.amazon.com/Yongnuo-Flash-Speedlite-Yn-460ii-Pentax/dp/B003IZ9XTI - и во мк ги нудат по околу 50тина евра - ќе ти брка работа.

    Или барај половен SB-600/SB-800 ама немој од свадбари, тие се бетер од такси возила користени.
     
    На NERD. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    476
    510
    15 Септември 2012
    Машко
    ЕРЕС

    Никон блиц на Никон тело - затоа што работи како што треба.
    Можеш да се занимаваш со трошење пари по други работи, ама на крај ќе дојдеш до истото сознание.
     

Сподели

Вчитување...