• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Сончевиот систем е безбеден! Нема катаклизма во 2012 година

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Видете зошто:
Неодамна доста луѓе беа исплашени од „информацијата“ за крај на светот во 2012 година, па почнаа да се јавуваат и да пишуваат мејлови, прашувајќи дали тоа навистина ќе се случи?
Ова намерно го пишувам со болдирани букви: НЕМА НИКАКВА ОПАСНОСТ ЗА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ОД ПЛАНЕТАТА „НИБИРУ“ ВО 2012 ГОДИНА.
Не сакам да звучам едномислено и своеглаво во текстот, но навистина некои работи што се пласираат во медиумите не се ни морално, ни етички оправдани, па колку и тие да придонесуваат кон гледаноста на една емисија, кон пропагандата и PR-от. Секојдневно слушаме за светските популарни фаци како прават ова или она, како во одреден степен ја изразуваат својата еднонасочност во мислењата, идиотското однесување и да не набројувам понатаму. Но, таквите вести, иако не ги оправдувам, не кажуваат дека ќе дојде крајот на светот, па кој сака и го интересира тоа може да ги чита и да си го изградува своето мислење базирано на нив. Но, да пласирате информација дека во 2012 ќе дојде крајот на светот, а таа информација е поткрепена со... хммм, клипчиња, што некој што немал работа ги направил и пуштил на YouTube, и филм, кој ја обработува токму оваа тематика и од кој најверојатно и настанала сета оваа, да не кажам, фарса?
Инаку, да објаснам малку за името „Нибиру“ (Nibiru). Потекнува од Сумерите, народ кој живеел на подрачјето на реките Тигар и Еуфрат, или денешен Ирак, и е најден на написи кои датираат од околу 3 000 г.п.н.е. Зборот во превод значи „планета на поминување“. Според тоа каков мит се роди од оваа наводна планета, името ѝ одговара. Инаку, името се споменува и во конотација со планетата Јупитер, ѕвездата Северница и со 10-тата планета, која постоела според Сумерската космологија.
Клучен збор во сево ова што ќе го читате понатаму има зборот ГРАВИТАЦИЈА. За тие што не знаат, тоа е една од четирите фундаментални сили во природата, покрај електромагнетната, слабата и јаката нуклеарна сила. Тоа е силата која придонесува ние, како и сите други живи организми и предмети, да останеме на тлото на нашата мила планета и не ни дозволува да летаме низ воздухот. Секако, инсектите, птиците и авионите летаат, но тие користат енегрија која ја добиваат од нивните крилја или мотори, со што ѝ се противставуваат на гравитацијата. Без да се користи било каква дополнителна сила, гравитацијата на нашата планета секое тело ќе го привлече кон површината.
Гравитацијата е една слаба сила, но таа има влијание на многу големи растојанија, па така поради неа сме настанале и ние. Да не била гравитацијата, немало да се формира ни Сонцето, ниту планетите, би ги немало галаксиите и сè друго што ја формира нашата Вселена, каква што ја познаваме. Гравитацијата во секој момент влијае на нас, а и на сите планети во нашиот Сончев систем. Колку некое тело е помасивно, толку има поголема гравитациона моќ. Но, гравитацијата опаѓа со растојанието, па така колку едно тело е подалеку, толку ослабнува неговата гравитациона моќ.
Да прејдам на темата. Значи, идејата е дека „во 2012 година во близина на Земјата ќе помине планета со големина на Јупитер, со што ќе дојде до масовно изумирање на луѓето и сите живи организми на нашата планета“.
Да, доколку таа би била масата на планетата и би поминала во близина на Земјата, сигурно би имало несакани последици. Но, за тоа потоа. Сè уште не сме дојдени до тој степен, за да размислуваме за евентуално уништување на нашата планета од некое вакво тело. Доколку би се случила некоја ваква катастрофа, повеќе треба да се плашиме од удар на некоја комета или, пак, астероид, кои се многу поголема опасност за Земјата од наводните планети скитници.
Тело со големина на Јупитер, која е најголемата и најмасивната планета во Сончевиот систем, многу би влијаело врз целокупниот Сончев систем. Токму гравитацијата го држи нашиот планетарен систем во оваа хармонија во која се наоѓа денес. Со хармонија говорам за орбитите на поголемите тела (планетите) и нивните елиптични патеки околу Сонцето. Сите планети си имаат една стандардна елиптична патека, која останала непроменета уште од нивното формирање пред 4,5 милијарди години. Значи, покрај Сонцето, кое со својата маса ги држи планетите и другите тела (астеориди, комети, метеороиди) во орбита околу него, така и самите планети си делуваат гравитационо едни на други. Исфрлете ја, на пример, планетата Сатурн од Сончевиот систем и веднаш ќе настанат промени на патеките на сите други планети. Значи, за да го имаме овој распоред што денес униформно постои во Сончевиот ситем важни се сите тела што се во него и нивната гравитациона моќ.
Наводната планета Нибиру, би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Податок за нејзината брзина на движење немаме. Но, тука доаѓа еден друг заклучок. Штом таа планета за 4 години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Или, ако се работи за некое тело што има многу голема брзина, што се ближи до брзината на светлината, тогаш планетата би се наоѓала некаде близу до Сончевиот систем. Ова второто е многу голема невозможност, бидејќи за да добие такво забрзување, планетата би требало да помине покрај некое тело со огромна гравитациона моќ, како што се црните дупки. Но, тука има и уште една друга теоретска невозможност, за која досега не сум слушнал дека може да се случи, (ама, сепак, да не ја исклучуваме), а тоа е планетата да настанале во орбита околу некоја ѕвезда и потоа со некоја „магична моќ“ да добие такво забрзување со што би ѝ избегала на гравитацијата на матичната ѕвезда и би патувала слободно низ меѓуѕвездениот простор. Планетите околу ѕвездите настануваат скоро во истиот период кога се формира и матичната ѕвезда, и тоа од остатокот од протопланетарниот облак околу нив. Ѕвездата во текот на својот живот поминува низ бројни фази, но патеките на планетите околу неа не се менуваат. Сонцето за 5 милијарди години ќе стане една голема ѕвезда, т.н. црвен џин, за потоа да се претвори во бело џуџе – ѕвезда со димензии колку димензиите на нашата планета (околу 12 000 km). Но, нејзината маса останува иста, па така ништо нема да се промени во однос на пропорциите на Сончевиот систем.
Од ова се доаѓа до заклучок дека треба да се случат некои многу сложени физички процеси во некои чудни ѕвездени системи, па од нив да се одвои некоја планета што подоцна би поминала низ Сончевиот систем.
Другата констатација вели дека ако планетата веќе е на пат кон Сончевиот систем, тогаш веќе ќе можеа да се почувствуваат и последиците од нејзиното приближување. Многу веројатно би било оваа планета веќе да е во Сончевиот систем, затоа што сигурно за четири години не може да помине енормни растојанија. Значи, под дејство на нејзината гравитација, планетите ќе почнеа да прават промени во своите патеки, ќе настанеше една конфузија во целокупниот Сончев систем. Така да, не треба да чекаме до 2012 година, за да ги почувствуваме тие последици. Бидете сигурни дека ако ова беше вистина немаше да треба некој да ви каже дека нешто „големо“ ни се приближува, туку сами ќе забележевте дека нешто не е во ред со нашата планета. Едноставно, не може (како што најдов некои податоци на интернет) планетата само инстантно да помине низ Сончевиот систем. Брзината на светлината, за сега за сите тела е нешто недостижно, а да не навлегуваме во теории кои кажуваат дека може да има и брзини што се поголеми од 300 000 km во секунда. Значи, моментално поминување е невозможно.
Уште поинтересен е фактот според кој планетата можела да се види само од опсерваторијата на Јужниот пол. Некој кој има барем малку познавање од астрономија, а не мора ни од астрономијата, туку знае дека нашата планета ротира под агол од 23,5 степени и прави една ротација околу својата оска за приближно 24 часа, веднаш ќе се изнасмее на ваквото тврдење. Што сакам да кажам со ова? Ротацијата на нашата планета околу својата оска ги предизвикува денот и ноќта, а во текот на ноќта предизвикува ѕвездите да патуваат по небото од исток кон запад. Доколку сте погледнале кон небото во иста ноќ во различен временски период, сигурно сте забележале дека ѕвездите не остануваат статични, на едно место, туку постепено ја менуваат својата позиција. Ова значи дека ниту едно место на планетата ја нема таа неприкосновена позиција само од таму да може да се гледа еден дел од небото. Нашата планета ротира, па така во текот на ноќта од едно место може да се види поголемиот дел од небото. Се разбира, во зависност од тоа на кое место на Земјата се наоѓате не може да го видите целото небо. Еден дел од небото ќе ви остане скриен, како што е најјужниот дел од небото за граѓаните на Македонија. Ние не можеме да го набљудуваме небото под 40° под небесниот екватор. Но, луѓето што живеат во Австралија, Нов Зеланд, Аргентина, Мадагаскар, Јужна Африка, па и на Антактикот можат да го гледаат тој дел од небото. Што подразбира, не мора да сте само на Јужниот пол за да ја видите оваа планета.
Дури се наоѓаат и наводни фотографии од оваа планета на интернет. Има дури и цртежи за нејзината наводна орбита околу Сонцето. Ако тоа е всушност таа орбита, значи Нибиру сега би била во близина на Сатурн, според времето кога треба да помине во близина на Земјата. Според нејзината големина и растојанието што го има, би значело дека секој од нас би ја видел како една ѕвезда на небото. Доколку сте имале можност да станете деновиве пред да изгрее Сонцето и сте погледнале кон исток, сигурно сте ги виделе планетите Јупитер и Венера близу една до друга. Значи и Нибиру би се гледала како нив, но најверојарно со нешто помал сјај. Има толку многу аматери астрономи низ светот. Досега некој од нив сигурно би ја забележал, со оглед на тоа што има астрономи кои напамет ги знаат ѕвездите и нивната позиција на небото, па така овој невообичаен феномен сигурно нема да им побегне од очи...
Мартин Стојановски
Извор:http://www.astronomija.com.mk
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Значи нема да има крај на светот во скоро време а ? KEWL!!!!:p:p:p
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Најсигурно сме сигурни! Но сепак ме плаши помислата како на интернет пишуваше се најлошо за 2012 година, но од друга страна пак, како што велат од Астрономија (скопското астрономско друштво) сите вести би требале да започнуваат со таа вест . Доколку некој друг има докази дека ова катастрофа нема да се случи нека ги пише тука на оваа тема!
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Единствената голема опасност во скоро време ни се соларните зрачења, кои ке бидат во 2012 па натака...
 

The Shadow

Intern
30 март 2008
576
5
abe zamisli scenario : vleguva makedonija u NATO i EU u 2012 i planetata Zemja tolku mnogu se smee sto nakraj se samounistuva.Mislam deka taka najverojatno ke zavrsi svetot.
 

The Shadow

Intern
30 март 2008
576
5
ili mozda scenario:Crnogorci fakaat motiki i lopati u raka i se desava zemjotres od smeenjeto na zemjata i na kraj i drugite planeti fakaat da se smejat i nesekajki frlaat asteroid i zemjata se unistuva od udarot.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
  • Ја почнал/а темата
  • #18

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
sorry,ama deckive pocnaa da mi se zakanuvaat so ban.nema veze im oprostuvam.kako i da e,sigurno nema da se desi kraj na svetot u narednive nekolku godini taka da podobro da si se vratime na nasite zivoti i lets party people.
Е за то си во право да си се вратиме на нашите животи и да не мислиме дека тоа би можело да се случи, но еве дечкиве од Скопското Астрономско друштво не ве лажат-НЕМА ТАА КАТАСТРОФА ДА СЕ СЛУЧИ!!!
 

The Shadow

Intern
30 март 2008
576
5
ne gi navreduvam crnogorcite tuku prekazum nesto sto veke sum procital(ne na internet).a i mislam deka na nikoj od nas ne ni odgovara da se karame.Case Closed.:detektiv:
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
ne gi navreduvam crnogorcite tuku prekazum nesto sto veke sum procital(ne na internet).a i mislam deka na nikoj od nas ne ni odgovara da se karame.Case Closed.:detektiv:
Ако продолжите во истиов стил на дискутирање навистина ќе биде Case Closed. Така да.....вратете се на темата. Сите оф топик постови понатаму ќе бидат одстранети. :bye1:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,435
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно