• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Software testing vs Data science

kolesk

Gaining Experience
6 февруари 2016
222
251
Здраво другарице и другови
Која е разликата помеѓу software testing и data science према вас? Не сум сигурен но, 4/5 академии/школи постојат што константно примаат нови ученици, и константно ми излегуваат реклами за овие да "смера" .
Дали и за софтвер и за дата, треба куцање кодови по 3 часа на ден, бидејќи така разбрав од читање по интернет.
Благодарам
 
BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
266
235
Скопје
Разликата ти е apples and oranges. Буквално.

Data science се бави со проучување на огромни податоци и се темели највеќе на математика (Веројатност и статистика) и на AI (machine learning). Поголемиот дел од луѓето што се работат во оваа сфера се повеќе математичари отколку што се програмери, ипак постојат и исклучоци. Кој обврски еден data scientist ги има зависи од многу фактори па имаш обврски за куцање код за пронаоѓање на тие податоци (scraping пример) и прочистување на тие податоци (справување со исклучоци, некоректни податоци итн), па развивање на моделот за прочувуање на тие податоци (Machine learning), анализа итн.

Софтверско тестирање е широка област, и имаш мануелни тестери што само кликаат по апликацијата да видат „дали работи“ па потоа имаш тестери што куцаат код за развивање на автоматски тестови, па се до инженери за софтверско тестирање кој што ја проучувуаат апликацијата што треба да се тестира и донесуваат одлуки и развиваат ефективни тестови кој што потоа или сами или некој други тие тестови ги куцаат итн. За ова последново треба да имаш доста познавање од софтверско инженерство, анализа и дизајн на софтвер и до некаде познавање од Дискретна математика (теорија на графови). А инаку fun fact, софтверско тестирање може да се аплицира и во различни делови на data science. :)

Од тоа што го слушам во македонскиот пазар, ниту data science ниту софтверско тестирање не се развиени до таа мера како што се развиени во други земји, а помалце софтверско тестирање. Во наши компании (поголем дел, не сите), уште се на идеата дека софтвер се тестира само со кликање на копчиња и куцање unit тестови, што е далеку од вистината. Ама и немаш напредни и развиени индустрии за да аплицираш такво хард-кор тестирање (обично се мисли на авио индустрија, војска, медицина, наука итн). Предпоставувам дека овие компанииве што имаат банкарски софтвери се малце понапредни во оваа сфера.

И најбитното за Македонија, ако си заинтересиран кое е најплатено - во просек мислам дека е data science, поготово ако го земеш во предвид фактот дека уште има фирми во македонија каде software testing = мануелни тестери што само кликаат по страната за да видат дали функционира се како што треба.

Не сум ниту data scientist, ниту инженер за софтверско тестирање, така да можда да има тука некои неправилности па нека ме корегира некој за тие слободно. Али ова ти е генерално некој широк overview за разликата меѓу двете струки од некој што работи во оваа индустрија, што има читано и слушнато од други.
 
Последна промена:

Ron26

Gaining Experience
4 мај 2019
250
409
ако не те бива за математика и статистика не се замарај со дата сајенс воопшто, само изгубено време и пари ќе ти биде. А тестер не е нешто тешко да станеш.
 
alderson

Gaining Experience
18 јануари 2018
94
59
И најбитното за Македонија, ако си заинтересиран кое е најплатено - во просек мислам дека е data science, поготово ако го земеш во предвид фактот дека уште има фирми во македонија каде software testing = мануелни тестери што само кликаат по страната за да видат дали функционира се како што треба.

Data science најплатено или поплатено? не ми се верува дека и двете професии се многу достапни во компании во мк, нема толкава побарувачка за овие професии, од причина што задачите на пример за тестинг припаѓаат на луѓе што работат други позиции, во светот во многу фирми станало потреба да има посебен човек/луѓе за тестинг, кај нас тоа ретко.

Сепак ако си почетник во ИТ, подобро би ти легнало тестинг, и пред академија биди си спремен.
 
BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
266
235
Скопје
Data science најплатено или поплатено? не ми се верува дека и двете професии се многу достапни во компании во мк, нема толкава побарувачка за овие професии, од причина што задачите на пример за тестинг припаѓаат на луѓе што работат други позиции, во светот во многу фирми станало потреба да има посебен човек/луѓе за тестинг, кај нас тоа ретко.

Сепак ако си почетник во ИТ, подобро би ти легнало тестинг, и пред академија биди си спремен.

Пардон, I stand corrected, поплатено од тестинг, и меѓу најдобро платените ИТ професии во македонија според анкетата на ит.мк
 
kolesk

Gaining Experience
6 февруари 2016
222
251
Data science најплатено или поплатено? не ми се верува дека и двете професии се многу достапни во компании во мк, нема толкава побарувачка за овие професии, од причина што задачите на пример за тестинг припаѓаат на луѓе што работат други позиции, во светот во многу фирми станало потреба да има посебен човек/луѓе за тестинг, кај нас тоа ретко.

Сепак ако си почетник во ИТ, подобро би ти легнало тестинг, и пред академија биди си спремен.
Да, почетник. Математика/физика сум одличен, не е проблем тоа. Нели може од дома да се работи, или сепак се ова деликатни работи.
 
alderson

Gaining Experience
18 јануари 2018
94
59
Хмм, од дома мислеш да не си во фирма да бидеш фриленсер?

Како и да е ова „од дома“ гледам дека имаш грешна слика за ИТ (чудно, почетничко, размислување, како на пр. баба ми што би имала).

Најди што сакаш да работиш, а не дали било од дома, канцеларија, парк и сл.
Ако на било кој начин си лимитиран па мораш од дома, тогаш ок, во спротивно ќе разбереш со тек на време дека работа од дома е една од најдосадните работи (што и да работиш), иако сите трчаат да работат од дома.
 
DarthJe5us

Unstoppable
2 јануари 2012
2.660
2.079

Една од најдобрите работи е работа од дома.
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.279
8.861
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Една од најдобрите работи е да работиш од каде сакаш. А не од дома.

Ех, па каде и да одиш да имаш чувство дека си на работа... според мене најдобро е од дома.
 
lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3.706
3.541
Незнам каде си живеел или работел до сега и колку ти се познавањата на македонскиот ИТ пазар, ама голема грешка си.

Data science најплатено или поплатено? не ми се верува дека и двете професии се многу достапни во компании во мк, нема толкава побарувачка за овие професии, од причина што задачите на пример за тестинг припаѓаат на луѓе што работат други позиции, во светот во многу фирми станало потреба да има посебен човек/луѓе за тестинг, кај нас тоа ретко.
 
kirev

Unbeatable
31 мај 2010
6.121
4.386
Една од најдобрите работи е да работиш од каде сакаш. А не од дома.
Убо. Ама ти треба работна дозвола за да работиш од каде што сакаш. Што автоматски го прави невозможно работењето од каде што сакаш, туку од каде што можеш.
 
Psycore

On your way to fame
12 ноември 2013
773
923
Скопје
Една од најдобрите работи е работа од дома.
Хмм, од дома мислеш да не си во фирма да бидеш фриленсер?

Како и да е ова „од дома“ гледам дека имаш грешна слика за ИТ (чудно, почетничко, размислување, како на пр. баба ми што би имала).

Најди што сакаш да работиш, а не дали било од дома, канцеларија, парк и сл.
Ако на било кој начин си лимитиран па мораш од дома, тогаш ок, во спротивно ќе разбереш со тек на време дека работа од дома е една од најдосадните работи (што и да работиш), иако сите трчаат да работат од дома.

Се слагам со Darth. После година ипол од дома, никогаш не би се вратил во канцеларија, колку и да имаме преубава канцеларија.
 
SolidMKD

Intern
11 август 2022
4
2
Дали има на форумов Софтвер Тестери да напишат некој совет за кариера во оваа дејност?
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.026
4.862
Не постои по глупава работа од работа во канцеларија. Таман киријата/вода/струја/парно да може да си оди кај што треба, 1/10 кај газдата, 9/10 за плати на вработените. Мислам дека сите во несвест би паднале од ваква идеја. Секако освен џаболебарите муабетџии кои само мелат и "им треба помош".
Win/Win/Win/Win
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.849
Мислења
911.579
Членови
32.580
Огласи
812
Најнов член
angelazafff
На врв Дно