• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Софтвер за рутер Gembird NSW-R2

velesnet

Intern
24 јули 2010
5
1
Здраво,

дали некој може да ме посочи кон линк на кој што може да се симне понов firmware за Gembird рутер модел NSW-R2. Имам проблеми со wi - fi конекцијата, после неколкулку саати, а понекогаш и неколку минути ужасно споро работи wi - fi. Барав по нетов но безуспешно. Пробав со друг рутер се си е ок со брзината на wi - fi конекцијата. Правев разлини сетирања но безуспешно. Имам читано по форуми дека овој модели на рутери се премногу слаби. И дали постои замена за веќе постоечкиот firmware на пример дали може на овие рутери да се користи DD-WRT firmware.
 

strizlo

Intern
29 август 2012
6
0
Гледам ова е стар пост али сепак мислам дека мојов коментар може да му се најде на некој... :)

Иначе го имам рутеров дома поврзан со 3 компјутери жичено и еден лап топ (wireless). Рутерчево мене ми брка работа одлично за тие пари. На почетокот имав мал проблем со отворањето на веб страниците. Значи интернет брзината си беше нормална (торрент, streaming итн.), правеше проблеми само при отворање на страниците... Му требаше доста време додека почне да ја отвора страната итн... Проблемот се реши со исклучување на firewall-от од рутерот.

Инаку за прашањето погоре, рутеров не е во листата на поддржани рутери на DD-WRT така да тешко дека рутер од оваа класа е компатибилен со таков firmware...
 

strizlo

Intern
29 август 2012
6
0
Се извинувам за замарање на темава ама морам да поставам уште едно прашање...

Погоре пишав дека рутеров кај мене е ок али си ја зедов бељата со другар од маало... Он исто намести ваков дома. Значи кај него го има истиот проблем како мојот погоре (што кај мене се реши со гасење на firewall-от во сетинзите на рутерот) меѓутоа кај него не пали оваа опција...

Кажете совет pls за проблемов и ваше мислење за рутеров... :)
 

alokin

Intern
30 април 2009
188
49
Скопје
alokin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Duo T5870 2GHz
Motherboard
Toshiba Satellite L300
Storage
TOSHIBA 160 GB 5400 RPM SATA-II
PSU
PA3534U-1BRS
RAM
3GB DDR2 667Mhz
Video card
Mobile Intel(R) 965 Express Chipset Family
Case
Toshiba L300-110 Laptop
Mouse
A4Tech Glaser Model: X6-70D
Keyboard
L300-110 Standard PS/2 Keyboard
Audio
Realtek ALC268 @ Intel 82801HBM ICH8M - High Definition Audio Controller
Monitor
LG Philips LP154WX4-TLC8 [15.4" LCD]
OS
Microsoft Windows 8.1 Professional with Media Center 32bit
Ако нема на официјалната страна... тешко дека ќе има на друго место.
А и да има ќе ти треба нешто проверено да е.
Проблемот со брзината има само на бежичниот или и преку кабел ?
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,581
3,328
Добро колку пари е рутеров што земал и он таков ?
 

strizlo

Intern
29 август 2012
6
0
Види рутеров пари.... 870 денари е хехехехе. Кај мене го стаив колку да иам каков таков интернет бежичен на лап топот. Мене ми брка работа си го решив ја проблемот... Него кај другарчево е бељата... Мора да исклучам све живо од security сетинзи за да има нешто од нешто побрза конекција. Иначе чекаш пола саат страница да отвори од прва. А доколку пробаш следниот пат иде одма (кеширана фала богу...). Иначе ова се дешава и на компјутерот директно во рутер што е поврзан жичено ама и со бежичниот е исто...

Значи со рутеров ги отвора споро само страните, а на торент или нешо слично шиба до даска како шо треба... :)
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,581
3,328
За 990 денари имаш TP-Link што е премија во споредба со чудово од Gembird, незнам како сте се излажале.
Инаку за решение на вашиот проблем незнам, не сте единствените со проблеми, очигледно дека софтверски е крш и чаре нема. Да го рекламирате од каде што е купен, може ќе му го вратат со доплата да земе друг.
 

strizlo

Intern
29 август 2012
6
0
Па да ти кажам после сите муки шо ги поминав со него почнувам и ја да се мислам за таа варијанта - враќање... За неговиот барем. Мојот ете ми врши работа одлично немам проблеми нишо со него. :) Али сепак ќе видиме утре шо ќе праиме. Вечерва долга е има уште 8 саати до сабајле... Може ќе му најдеме чаре хахахахаха...

Иначе ова TP-Link-ов шо ми спомна. Поефтините модели од таа фирма поддржуваат DD-WRT firmware или слабо???
 

draganb

Intern
2 септември 2012
1
0
Јас го решив проблемот со одбирање на опцијата
Disable fast NAT“ во "System management" менито. Firewall останува вклучен.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,126
Мислења
878,378
Членови
30,741
Најнов член
feviya9492
На врв Дно