• Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  • Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Софтвер за мобилни кои ќе им чита на слепите

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
K-NFB Reading Technology, компанија за развој на технологии за помош и асистирање, го претстави својот софтвер, за кој тврди дека е првиот софтвер за мобилни телефони наменет за слепите луѓе и луѓе со пречки во развојот.

K-NFB е joint venture компанија која ја сочинуваат Kurzweil Technologies и National Federation of the Blind. Софтвер ќе го презентира за прв пат на Нокиа мобилен телефон, поточно на моделот N82. Тоа ќе биде најмалата направа која го претвора текстот во говор со цел да им го олесни користењето на технологии на слепите.

Софтверот е дел од новата линија на производи наречена Reader Mobile која обединува сликање со вградената камера на N82 и читање на испечатен материјал.

„Толку многу луѓе во моментов користат мобилни телефони. Оваа иновација е навистина одлична затоа што ги обединува сите потребни функции и ги ослободува корисниците од носење неколку направи (апарат за сликање и слично). Но најважно е што е прилагодена и адаптирана за слепите луѓе и за оние кои имаат делумно оштетен вид“ изјавува Џејмс Гашел, претседател на тимот за развој во K-NFB.

Софтверот гласно им го чита текстот на слепите, а оние со пречки во развојот или делумно оштетен вид можат да го користат за зумирање и подвлекување содржини во печатени документи. Reader Mobile може да ги разбере најголемиот дел од печатените документи како што се писма, книги, адреси, инструкции за употреба. Читањето на текстот може да се прилагоди во однос на брзината. Со софтверот слепите луѓе без проблем можат да користат GPS, безжична комуникација, е - мејл и календар на својот мобилен телефон.

Извор: Идивиди
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,844
Членови
28,041
Најнов член
OgnenIvanovski
На врв Дно