Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Со HeyReach македонскиот стартап Howitzer ќе го освојува LinkedIn

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
258
833
www.IT.mk
Добар дел од денес успешните стартапи и компании започнале со решавање на некој недостаток во постоечките индустрии. Uber го направи ова за такси превозот, Airbnb со изнајмувањето станови, а македонскиот стартап Howitzer, кој во декември 2022 го прогласивме за .мк стартап на месецот по нивната инвестиција од 500.000 US, ќе се обиде да надмине проблем кој агенциите го имаат со outreach на друштвените мрежи. Стартапот стана препознатлив со Howitzer for Reddit, а сега имаат нов производ – HeyReach. HeyReach е логично продолжение на она што Howitzer го започна со „Howitzer for Reddit“, вели Никола Велковски, ко-основач на Howitzer.

Howitzer е македонски стартап основан од Никола Велковски и Томислав Јуруковски. Во ноември стартапот доби 500 000 долари pre-seed инвестиција за „Howitzer for Reddit“ – маркетинг алатка наменета за претприемачи, стартапи и growth хакери. Алатката ја креираа како студенти и до денес е една од ретките алатки за генерирање лидови за Reddit.

 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.907
Мислења
987.169
Членови
36.043
Најнов член
lentih
На врв Дно