1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Snapdragon 865

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 5 Декември 2019.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Денеска Qualcomm го најави Snapdragon 865, новиот хај енд процесор од нивната понуда.

    Screenshot_3.png

    [​IMG]

    Од она што е за обележување, би ги издвоил новите Cortex A77 јадра, кои ќе овозможат 25% подобри CPU базирани операции, со 25% помала потрошувачка, или во превод 25% поголеми перформанси со идентична потрошувачка како ланскиот S855.

    Од аспект на главниот бенфит оваа година, ни доаѓа огромниот апгрејд за обработка на податоци од вградениот процесор за слики (ISP) Spectra 480 кој ќе биде способен за обработка на неверојатни 2 GPx (2.000 мегапиксели во секунда!) овозможени примарно од можноста за процесирање на 4 пиксели по клок, наспроти 1 пиксел по клок кај 855.

    Подржано е и 8K видео@30 секунди, 4K120fps, како и континуирано снимање во 960fps/slow motion!

    Поддржани се и сензори од неверојатни 200 мегапиксели....

    Новост се и новите дедицирани јадра кои ќе го обработуваат пикселите т.е. шумот - неговото намалување при снимање видеа за 40% подобар резултат од претходните решенија.

    За одбележување е и ZSL (zero shutter lag) процесирање на фотографии од 64 мегапиксели.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Што значи ова на кратко? целосна поддршка за новите огромни сензори, далеку помало чекање при сликање на пример 108mp слики, како и драстично подобри перформанси во ниска осветленост, видеа, и HDR..... can't wait!
     
    Последна промена: 5 Декември 2019
    На gOJDO, GGTT1, Скоти и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,405
    1,100
    2 Јануари 2012
    Машко
    Како е 25% побрз и 25% поефикасен, а има иста потрошувачка како ланскиот?
     
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Се е во артиклот,


     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,146
    20 Април 2007
    Машко
    Јас искрено не гледам бенефит. Брзината е премногу мала за да биде приметлива. Плус најбитна работа за мене е да ја намалат потрошувачката, за да може батеријата да трае подолго време. 5Г модемите кои ке ги има во сите нови уреди имаат поголема потрошувачка од 4Г, а 4Г имаше од 3Г, 3Г имаше поголема од 2Г и на крајот се се сведува дека е исто.
    Најбитната работа е математиката. И најбитно е да се има 2Г мрежа за стабилни телефонски разгвори. Се другото е шминка.
     
    Krk198, DrMTR и на Oktar им се допаѓа ова.
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Информацииве ги споделив со цел да се видат подобрувањата од аспект на процесирање на камерите, веќе неколку години по ред подобрувањата од аспект на перформанси се недоволно големи (недоволно приметни*) во секојдневна употреба, исфрлањето на овој чип нема магично да ги направи старите инфериорни, него само ќе го потврди досегашниот прогрес кога се работи за мобилни чипсети.

    Придобивките за камерите од друга страна се прилично големи, во комбинација со next gen сензори ќе овозможат осетно подобри фотки, тоа е и поентата на темава.
     
    На steelseries и farkizz им се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008


    Од 1:10 повеќе инфо за придобивките за камери.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,146
    20 Април 2007
    Машко
    Океј е се тоа, но не смееме да го заборавиме фактот со потрошувачка. Ако со камерата ја цицаме батеријата, нема да има никаква поента...Треба да имаме барем 50% подобрување и 50% продолжено време на батерија со новите процесори. Тогаш е вистинскиот бенефит. :)
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Па сигурно дека потрошувачката ќе биде слична како онаа лани, иначе ако е линерана потрошувачката спрема зголемувањето на перформансите на процесирање - онда очекувајте телефоните да траат по 1h, тоа нема да се случи сигурен сум, плус во 2020 сите телефони ќе имаат значајно поголеми батерии.

    Ти имаш мака при сликање - батерија? јас на S10 плус немав никаков проблем, со иП11 на пример после активно сликање од цел саат видеа, хдр фотки итн, губам по 15% батерија во просек.....

    Eдвај чекам да искочат телефони со монструмов и Samsung 108mp сензорот, ќе биде неверојатна година за смартфон камери.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,028
    627
    8 Август 2017
    Машко
    Оваа година ме интересира Ексинос чипот, пошто тоа најверојатно ќе ми биде наредниот телефон, но интересен е и овој прогрес на СД.

    View: https://m.youtube.com/watch?v=teMRGuDZmvM
     
  10. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,203
    1,492
    5 oктомври 2007
    Машко
    Не навлегувам во ништо друго, само ова не е баш така. 5Г по стандард и технички барања е најмалку 10~25% енергетски поефикасен од 4Г. Имаше тeстирање (мислам од ериксон беше) тестирале уред врзан само на 4Г и истиот врзан само на 5Г, со исто оптеретување и работење, 4Г издржал 38часа, 5Г 55часа. Тоа е скоро 50% поефикасно користење.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  11. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,251
    6,378
    27 Март 2014
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Огромна разлика во ISP/Ai перформанси, can't wait! :D

    Screenshot_3.png
     
    Happy, dejan_str, gremlin и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,209
    1,645
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Според тоа што е на папир ова ми е малце сомнително, сд 855 има некаде 9 терафлопс а 865 има 15 ... не би тревало 3х да е побрз ама па којзнае со оптимизации што постигнале ...
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    855 е испеглан до небо, апликациите не го поддржуват сеуште како што треба 865.
     
  15. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,086
    4,799
    8 Април 2011
    Машко
    Мене ме буни малку разликата помеѓу .s10 и s10+ која е дупло поголема на една од графите во корист на s10+ а реално е скоро невозможно да е дупло побрз во одреден сегмент. Реално гледано придобивките од серија до серија се околу 30%.
     
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Ова е бенчмарк за процесирање на камера пред се, споредбата е на 2 различни чипсети, Exynos vs Snapdragon, и е реална, со тоа што без разлика на подобрите процесирачки перформанси на Snapdragon, Exynos верзијата вади подобри фотки.
     
    На gocetan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,405
    1,100
    2 Јануари 2012
    Машко
    Кај нас повиците одат преку 3г(па после на 2г). Надцежно ќе воведат VOIP наскоро.
     
    Последна промена: 21 Декември 2019
  18. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,086
    4,799
    8 Април 2011
    Машко
    За с11+ излезе леак дека ке имал 108мп камера со 2.4нм пиксел големина за на крај да биде процесирана во 12мп големина. Викаат ке било камера лудило.
    https://www-forbes-com.cdn.ampproject.org/v/s/www.forbes.com/sites/gordonkelly/2019/12/19/samsung-galaxy-s11-release-date-design-camera-price-galaxy-s10-note10-upgrade/amp/?amp_js_v=a2&amp_gsa=1&usqp=mq331AQCKAE=#referrer=https://www.google.com&amp_tf=From %1$s&ampshare=https://www.forbes.com/sites/gordonkelly/2019/12/19/samsung-galaxy-s11-release-date-design-camera-price-galaxy-s10-note10-upgrade/

    Цитат,
    Camera - [12/19 update] Ice Universe has today revealed the Galaxy S11 add a 48MP telephoto lens to the range. This is capable of 5x optical zoom and is suitably codenamed ‘Hubble’. It will sit alongside a massive 108MP primary camera which uses pixel binning technology that bins nine pixels to create one large 2.4μm pixel with a final 12 megapixel image size. This should lead to dramatic improvements in low light photography. It’s codename is the ‘ISOCELL Bright HM1’.
     
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Old news Деки, веќе постирано во Samsung темата :p
     
    На gocetan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,086
    4,799
    8 Април 2011
    Машко
    Ехх кога јас прв ке одкријам нешто нема смисла ова хехе.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    985
    380
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,652
    26,256
    4 Септември 2008
    Тоа ќе биде gimmick, а не магија.
     
  23. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    985
    380
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Како што бeше гимик 4k.

    После некоја година нов стандард.

    За 4-5 години меинстрим ке биде 8К.

    Онтопик:

    Benchmarks show the MediaTek Dimensity 1000L outperforming the Snapdragon 765G in both CPU and GPU

    Снапдрагон со негирање на Самсунг да им произведува чипови и бумот на медиатек со арм структура не би ме изненадило да го совлада 765G.

    Ако понудат 4к 60фпс без дроп на фрејмови ке биде хитче.



    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     
Слични теми
  1. xenon
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,396
  2. psyside
    Одговори:
    20
    Прегледи:
    1,406
  3. Boldozer
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,030
  4. psyside
    Одговори:
    35
    Прегледи:
    3,212
  5. psyside
    Одговори:
    36
    Прегледи:
    2,157
Вчитување...

Сподели

Вчитување...