1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Смрт на таблетите

Дискусија во форумот 'Преостанати мобилни уреди' започната од xenon, 20 Септември 2013.

Би престанале со користење на Андроид (или iOS) доколку има компаративен таблет со Desktop OS (Win)

  1. Да, ќе користам мобилен ОС, немам потреба од десктоп околина и апликации на таблет

    18 глас/а
    30.5%
  2. Не, ќе престанам да користам Андроид доколку имам можност да користам десктоп варијанта на Windows

    41 глас/а
    69.5%
  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Со последните новини кои ги донесе Интел со Хазвел, се ближиме полека кон моментот кога ќе може моќни машини да бидат сместени во таблет димензии и притоа да се добие 6-10 часа автономија при работа. Некаде за две години со Броудвел ова би било реалност.

    Тогаш, ќе имаме можност, целосна 64 битна верзија на Windows, Linux или ОsX да користиме на мал портабилен уред со таблет димензии и да имаме одлична автономија, занемарлива бука при работа (атом верзиите ќе бидат комплетно фанлес).

    Дали мислите дека кога ова ќе се случи, андроид ќе почне да губи популарност и луѓето ќе почнат повторно да се враќаат кон познатата десктоп х86 архитектура и апликации развиени за истата наместо да прават компромис со џиџаните недопечени играчки за мобилните платформи?

    Јас искрено мислам дека ќе се најдат на пола пат. Гугл е свесен за овој факт затоа и го развива Chrome OS, се развиваат независни Cloud платформи (еве Адобе е целосно cloud решение моментално со околу $10-$20 месечна претплата за членување без иницијален трошок кој беше околу 1000+ долари за целиот пакет).

    Сепак, андроид во оваа форма и iOS имаат одбројани денови, 2 години.

    П.с. Да/Не во анкетата треба да си ги сменат местата, вака е нелогично прашањето, лапсуз.
     
    На StOrMK, ileste, The_Man и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,251
    13 Јуни 2009
    Од оваа гледна точка не гледам причина зошто да користам андроид освен ако не понуди работи кои ги немаат другите далеку пософистицирани ОСи.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,016
    12 Август 2009
    Машко
    Тотално се утна целта на мобилните уреди... нема потреба од толку „силен“ хардвер. Од друга страна мобилноста е мана на десктоп уредите. Laptop-ите беа интересно решение... ама сега и тие ги упропастија со ултра тенко, ултра незнам што...
    Сеуште лутаме и го бараме вистинскиот правец. Сите овие иновации на крај ќе се склопат убаво, само треба време и намерата да е добробит на човештвото а не парите.
    Ниту Android ниту Windows би сакал да видам. Се разви секој можен сегмент а OS-от остана на шминкерај.
    Кој е против глобализација нема да се сложи но сметам дека треба да постои еден OS кој е производ на сите компании заедно.
     
    На masterficx и dejan_str им се допаѓа ова.
  4. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,668
    2,656
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    Има и други опции?
    Ако има... Ќе користам и мобилно решо од горење ако има имплементирано remote desktop у било каква варијанта со SSL енкрипција, и ако има брз интернет, се останато ќе си работам „remote“ на мојот моќен десктоп кај и да е :)
     
  5. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    Со оглед на целната намена на таблетите, мислам дека целосно функционален десктоп OS би било overkill.

    Во случај да се работи за таблет кај кој се достапни сите можности за проширливост како кај десктоп/лаптоп (портови, слотови...) и, да има хардвер достоен да може да замени PC, тогаш можеби десктоп OS прави повеќе логика, но не сум сигурен дека таквиот уред би се нарекувал „таблет“ повеќе.
     
  6. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Jас би рекол смрт на лап-топите.. Поготово еntry-level лап-топите, полека но сигурно одат во заборав..
     
  7. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,249
    24 Март 2009
    Машко
    Све ова убаво, али џабе ти е десктоп Windows (Linux или ОS X) на 7, 8 или 10 инчно екранче со тач.
    Јас десктоп Windows (Linux или ОS X) го сакам баш затоа што е на десктоп/лаптоп со тастатура и глувче, комодитетот и ефикасноста на ниво. Што ми е потребен десктоп Windows (Linux или ОS X) на Нексус 7, Нексус 10 или ајпад на пример кога ефикасноста на работа ќе биде пак иста ко и на секој таблет со Андроид/ајос споредено со десктоп машина. Пример пишување на ворд документ на таблет е мака невидена, т.ест невозможно. Епа истото ќе биде невозможно и на десктоп (Linux или ОS X) инсталиран на таблет, само наместо да се мачиш да куцаш на виртуелната тастатура на Андроид/ајос ќе се мачиш да куцаш на виртуелната тастатура на десктоп Windows (Linux или ОS X)
    Ќе добиеш таблет со десктоп ОС, а баш тоа главното, комодитетот и ефикасноста на десктоп/лаптоп наспроти таблетите пак ги нема. Значи промашена поента.
     
    На boriseto и moongose им се допаѓа ова.
  8. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,760
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    hahaha kako seg a nikogas nemalo prodazba na gjubre level laptopi, se prodavaat povekje od se, set amc prodavaat na toni laptopi od 14-20k
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,986
    4,694
    8 Април 2011
    Машко
    Ми го зеде зборот.А баш сакам да кажам дека повеке реално би било смрт на скапите лаптопи и замена со хај енд таблети(со моќни перформанси)Мислам дека таблетите нема да умрат уште долго време.
     
  10. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,200
    632
    9 Мај 2012
    Машко
    Мислам дека таблетот никогаш нема да оди во заборав како кај видео VHS туку баш кај лаптопи тоа ќе им се случи, но за таблетот треба ушта да се развива и да наоѓа начин како да користи десктоп околина само малку време да развива и еве кај Сурфејс таблет прв почнува да применува,но со ограничено поради хардверски недостапност ама допрва ќе биде и не е за џабе што филмот Star Treck веќе е инспириран за таков таблет со десктоп околина и подвижност.

    [​IMG]
     
  11. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,247
    304
    26 Јануари 2012
    kakov tablet, vrace cela tabla da drzam bez tastura kaj sto mozam race da smestam niso ultra book toa e toa aj da recam slate, na pr surface pro toj e na desktop windows a vo edno e cel pc i tablet, negde midrage laptop hardwer :)
     
  12. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    lol што се изнасмеа толку хахаха па што мислиш што ќе се случи после две три години кога таблетите ќе станат моќни колку лаптоп? Сега се продаваат лаптопи зашто уште Андроидот не е замена за Windows, aма границата таблет<лаптоп ќе се избрише наскоро.
     
  13. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,760
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    таблетот ке биде тоа што е денес , играчка за деца
     
    На The_Man му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    Ако користиш само интернет неколку часа дневно и тоа фб, mail, youtube итн. Незнаеш кој лезет е таблетот. Си лежиш удобно на софа и си листаш се што те интересира наместо. Свиткан на некоја фотеља да се напрегаш на лаптоп или десктоп да се бркаш со маусот :)
    Далеку од играчка е, истото го мислев се додека не си купив па видов за се што можи да се користи и да имаш бенефит.
     
  15. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,760
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    убаво кажано, тоа им е намената сега и тоа ќе им биде и во иднина. Никогаш нема да бидат работна платформа.
     
  16. gego

    gego
    Gaining Experience

    254
    265
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    Мислам дека добри особини на таблетите се тоа дека се лесни, преносливи и све помоќни. Но за да се искористат како работни платформи треба да евоулираат и тоа во правец на разбирање на гласовни текстови, заедно со софтверот и оперативниот систем. Било да е Андроид или iOS или Desktop OS. Не само зборови, него цели реченици, текстови... ( дали спомнав вештачка интелигенција? ) Тогаш "пишувањето", на пример во Word, преку диктирање ќе биде песна . За останати примени на овој начин на комуницирање со уредот ви оставам на вашата имагинација.
     
  17. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    За таблетот да се претвори во работна станица доволно е да има помоќен хардвер во него и docking station. Ако се користи само за работа како Word и слично може само пенкало и софтвер за препознавање на ракопис.
     
  18. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па нели има веќе х86 таблети на кои без проблем пасува било кој виндовс / линукс? Мислам дека уште Microsoft Tablet PC имаше во 2002 ваков таблет, па после и UMPC.

    - Acer Iconia W700-6465 на пример или вакви чуда од алибаба се х86 таблети.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  19. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    Си лежиш удобно у фотеља си листаш фб и оп некој ти пишува , веднаш се исправаш ставаш таблет на колена, се подгрбавуваш и куцаш :p

    Какво сурфање какви бакрачи на 10инчи .Па никаква прегледност у табови .
    Сум кажал и ќе кажам , таблет е за играње , читање книги,списанија,стрипови и гледање филм на одмор . Толку ,три работи .
    И за овие три работи му нема рамен.
     
    mdeni, ileste и на kjosmofon им се допаѓа ова.
  20. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Можеби најдобро решение би било решение на convergence(простете не знам добар мк превод)

    Замислете имате мобилен телефон со ѕверски хардвер кој работи на Убунту. Додека го користите како мобилен, апликациите си имаат touch интерфејс оптимизиран за мобилен телефон. Потоа го приклучувате на hdmi и укључувавте тастатура и глувче(ова се би можело преку dock наеднаш да оди) и имате десктоп оперативен систем... всушност истиот оперативен систем но сега се менува интерфејсот(јадрото е скроз истото, апликациите се истите).

    Но зошто би престанале на тоа... место таблет... имаме школка што содржи само батерија и екран... од позади има мала дупка за да го ставиш мобилниот(слично како што се ставаат батериите)... и имаш и таблет... истиот оперативен.. .истите аплиикации но различен интерфејс.. оптимизиран за таблет.

    Идејата е генијална, наместо да поседуваш 3 или повеќе уреди со CPU, меморија и слично имаш 1 уред а другите се само школки. Работиш се на една унифицирана средина, на истите апликации со истите фајлови(локални или клауд како и да е).
     
    На boriseto и pinky им се допаѓа ова.
  21. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,247
    304
    26 Јануари 2012
    sto mu fali na nekoe ubo i lesno 13'' ultra book i da si lezes i da rabotes na nego seriozno, kakov tablet igracka :D
     
  22. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,369
    1,442
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Sto fali na tabletite? Sovrsenstvo za citanje kniga se.

    Izvinete za latenicata.
     
  23. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Veke ima vakvo neshto od Asus, se vika Padfone Infinity.

     
  24. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    Незнам зашто, али никогаш не ми се свиѓало да работам на таблет. Или декстоп/лаптоп или на мобилен. Таблет ми е премногу мејнстрим. Не играм игри, највеќе ми е за на интернет, а со onscreen тастатура многу тешко се снаоѓам, освен на мобилен.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  25. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,377
    25,793
    4 Септември 2008

    Премногу меинстрим? хипстер да не си? lol
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. bogev4eboy
    Одговори:
    27
    Прегледи:
    2,422
  2. xenon
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    3,197
Вчитување...

Сподели

Вчитување...