Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Смартбенд препорака

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
Сакам да му купам на татко ми смарт бенд.
1. Сака да пешачи, па си мери чекори (значи основно, педометар)

Има проблеми со срцето, па затоа сакам да си има и мерач на пулс и притисок.
2. За мерење на пулс, повеќето се коректни, не е некоја филозофија да се измери.
3. Тоа што го гледав, дека притисокот се пресметува со некоја електроника, мерење на електричен пулс и брзина на стигање на пулсот... Не ми треба прецизност за медицински цели, но да биде барем близу до реалноста.
Дали некој има некакво искуство и да сподели и препорача, (и лошо искуство е фино да се сподели).
 

loris

Gaining Experience
7 мај 2007
630
50
Велес - Скопје
Mi band 3 -30$ (точка 1 и 2 исполнети), само немаш за притисок мерење.

Инаку за притисок мислам дека многу не ти врши работа, конкретно медицински испитувањето со холтер, не само сто мерело отчукување на срце и крвен притисок, мерел и доста други битни работи кои им биле потребни на докторите.

Колега има доста позитивно искуство со mi band 2, со негова помош ја одреди точната доза која треба да ја користи за нормална работа на срцето (нормално и консултација на доктор :))
 

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
Сите исполнуваат 1 и 2.
Дали некој има искуство со 3?
Гледам на али, како да не постои друг смартбенд. Од друга страна, гледам дека исти уреди се по 10$. Некој да каже што е разликата (освен треање на батерија)
 

highflyer

Gaining Experience
3 јануари 2010
272
159
highflyer's setup  
Processor & Cooler
i5 2500k & Hyper 212 evo
Motherboard
Asus Sabertooth P67 REV 3.0
PSU
Antec HCG 850W
RAM
8GB Kingston HyperX
Video card
Sapphire RX 460 2GB
Case
CM Elite 370
Mouse
Bloody V3
Keyboard
SteelSeries Apex Raw
Monitor
Fuego 24' FHD TV
OS
Win 10

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
пребарување на али -> smartwatch blood pressure blood = прв резултат
Знам да пребарам на али. Ова е твој предлог? Искуство имаш со брендов? Со конкретниов модел?
На ни една слика нема приказ како мери притисок, па се сомневам дека воопшто има опција.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.414
13.314
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
И јас одамна сакам да купам мерач за притисок (со континуирано мерење како графикон да ми дава, не знам дали постои таков; други работи не ме интересираат), имам гледано нешто ама многу малку и не најдов.

Сега ги загледав повеќе овие на Али и на повеќето ми изгледа како да не мерат притисок, туку прават интерполација од пулсот. Можеби грешам, но инаку би го трубеле тоа на сите ѕвона, а најчесто е спомнато со пола уста. И на овој вика MEASURE BP - Calculate values through the application.

Не знам ни дали може со тој сензорот што сите го имаат да се мери притисок.

Е сега, ако калкулацијата им е најчесто приближно точна, тоа е друга работа.

За најпродаван ми го дава брендот COLMI, имаат со многу различни облици и функции.
 

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4.469
3.412
Скопје
www.gorast.com
Притисок ако е формула сите ќе можеа да измерат. Тешко ова на саат... бар по тоа што го знам јас.
Последниот iWatch треба да има некој напреден сензор што дава уште повеќе метадата за срцето, ама притисок не спомнува никој.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1.574
1.700
Притисок НЕ е возможно да се измери со диода за пулс. Со диода и формули може да се добие број на отчукувања на срце (пулс) и сатурација на црвени крвни клетки со кислород.

Мерење на притисок е возможно неинвазивно, индиректно со манжетна околу крвен сад (надлактица, подлактица) или инвазивно, директно во крвен сад во соодветна хируршка сала.

Таков часовник не постои и е чист маркетинг. Доколку постои каишката всушност би требало да е манжетна и да се надувува и издувува на одредени интервали.
 

ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1.219
653
Јас имам Band 3, негде три недели и не го имам баш истестирано. Батеријата трае десет дена, мислам дека во тој поглед Band 2 треба да е подобар, има мерач на пулс, не знам баш дали е најпрецизен, не верувам. Делот за пешачење е ок и апликацијата е интересна. Имаш нотификации за апликации, ѕвонење, смс, аларм, ако те интересира нешто подетално кажи.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1.574
1.700
Xiaomi Amazfit Bip, не е smart band, часовник е, доста мал, пулс, чекори, GPS тракер, временска прогноза, цена околу 50 долари. Реално доста се очекува од овие уреди, т.е. повеќе се наменети за тракинг на активности, отколку за дијагностика.

Дијагностички цели на тракинг уредите со пулс е ограничена на забрзана или успорена работа на срце во мирување, доколку работата на срцето е ритмична, т.е. нормално е околу од 60 до 100 удари во мирување. Поопасни состојби како што е аритмијата не можат да се дијагностицираат со овие уреди (освен со iWatch).

За кардио активност, овие референтни вредности не важат и се повисоки, т.е. 55 до 85% од субмаксимален пулс, 220-возраст во години.

Се надевам проблемите со срцето му се дијагностицирани и било која активност што ја планира му е одобрена од кардиолог. Генерално, најдобро за вакви болни се долги прошетки на рамно.
 

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2.922
1.535
Од искуство, Mi Band 2 нема баш прецизен мерач на пулс. Погрешноста иде до +/- 10-15 отчукувања, што е прилично многу. Според мене таа функција е useless, доколку не спортуваш (пример трчаш на кеј и имаш тренинг план, кој се базира на пулсот) и не си ја знаеш аеробната и анаеробната зона. За последното има многу "формули" на интернет, но тие не се прецизни и потребно да се прават испитувања. За притисокот веќе објасни bxxxn.

Да не навлегувам, кратко мое резиме. Било кој бенд има само неколку реално корисни фукнции, кои ќе се користат секој ден.
1. Колку и да е банално - Саат.
2. Преглед на нотификации + не ти дозволува да пропуштиш повик.
3. Трекер на активност.

Останатото нема да се користи со голем процент на веројатност.
 

highflyer

Gaining Experience
3 јануари 2010
272
159
highflyer's setup  
Processor & Cooler
i5 2500k & Hyper 212 evo
Motherboard
Asus Sabertooth P67 REV 3.0
PSU
Antec HCG 850W
RAM
8GB Kingston HyperX
Video card
Sapphire RX 460 2GB
Case
CM Elite 370
Mouse
Bloody V3
Keyboard
SteelSeries Apex Raw
Monitor
Fuego 24' FHD TV
OS
Win 10
Знам да пребарам на али. Ова е твој предлог? Искуство имаш со брендов? Со конкретниов модел?
На ни една слика нема приказ како мери притисок, па се сомневам дека воопшто има опција.
Поентата ми беше да не се лимитираш на банд него да разгледаш и smartwatches , а за повеќе податоци секогаш проверувај јузер ривјус, знаат добро да го искењаат продавачот ако има некоја нефункционалност
 

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
Не ми треба смарт саат, ем цената иде доста нагоре.
Притисокот се пресметува, иако не многу прецизно.
Се мери закаснувањето на отчукувањето на срцето во споредба со електричниот импулс од срцето. По некоја формула, има добиено некоја вредност. Не е медицински прецизно, но сепак треба да имаш некои референтни вредности.
Најбитно е тие да бидат прилично конзистентни. Ако ти покажува 150/100, а ти мериш и знаеш дека имаш 120/70, и постојано ти ја дава таа отстапка (+/- неколку вредносни поени) тогаш сум сосем задоволен.

Оф топик, иако сум по наука, сум гледал како мерат притисок со златна бурма па каква и да е методата, ако дава резултати, ок ми е :)
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.901
4.719
Подобро е да не мери притисок, отколку да добие погрешна вредност па да се испаничи и да преземе активности од кои реално нема потреба. Убаво објасни @bxxxn како се мери притисок. Настрана што и дигиталните апарати за мерење притисок со манжетна мора редовно да се баждарат, затоа што започнуваат да даваат погрешни резултати. Така да најдобро заборави ваква функционалност.

Што се однесува до мерење чекори, алкиве всушност ги регистрираат движењата на раката. Барем тие неколку што ги имав. Така може да бројат чекори и ако тој што ја носи не оди, а ги движи рацете или да не мерат ако оди со рацете в џеп. Најпрецизни се оние класичните што се ставаат на каиш и го регистираат ударот од чекорот или оние околу зглобот на ногата, ако уште се наоѓаат од тие.

Најполезни се известувањето за повик/порака и алармот, како и можноста да го лоцираш телефонот (ние што имаат таква функционалност).

Денеска ова смарт работиве станаа ко помодарство и се останато потиснаа, требало не требало.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.038
18.013
Еден мој познаник го носеше и рече дека е одличен за парите
Online Shop TEZER R19 Color LCD OLED Screen Smart band Blood Pressure Heart Rate Monitor Fitness Tracker Blood Oxygen Bracelet message push | Aliexpress Mobile

Читаше пораки на него, можеше да одбие позив (мислам дека не може да се прави разговор) , пулс, притисок(? ), чекори-мекори, калории, спиење..
1250-есетина денари.
Јас би го ризикувал!
 

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
Нарачано и добиено Lsmartlife T6
Одлично работи.
Пред да мери, бара да измериш притисок со медицинска опрема, да ги внесеш вредностите и да му биде репер. Поддржува калибрирање, одлично мери пулс а екг-то што го прави ќе биде покажано на доктор, па ќе пренесам инфо. Снимката може да се прати како пдф или да се репродуцира, што е интересно за пациенти со срцеви проблеми. Не е медицинска опрема, но сепак е прилично прецизен.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.038
18.013
Сакам да му купам на татко ми смарт бенд.
1. Сака да пешачи, па си мери чекори (значи основно, педометар)

Има проблеми со срцето, па затоа сакам да си има и мерач на пулс и притисок.
2. За мерење на пулс, повеќето се коректни, не е некоја филозофија да се измери.
3. Тоа што го гледав, дека притисокот се пресметува со некоја електроника, мерење на електричен пулс и брзина на стигање на пулсот... Не ми треба прецизност за медицински цели, но да биде барем близу до реалноста.
Дали некој има некакво искуство и да сподели и препорача, (и лошо искуство е фино да се сподели).
Тенк ми лејтр
TEZER R19 Color LCD OLED Screen Smart band Blood Pressure Heart Rate Monitor Fitness Tracker Blood Oxygen Bracelet message push-in Smart Wristbands from Consumer Electronics on Aliexpress.com | Alibaba Group

И сатурација со кислород мери. За притисок не сум сигурен.
Дојден беше еден мајстор кај мене кој носеше овакво и знам дека можеше да одбие повик на телефон, да види нотификација од програмите (Facebook, SMS, Whats up...)
Останатото, стандард. Чекори, мекори...
 

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
Поента беше да мери притисок, а не сатурација на крв. Не може да пресмета притисок ако не пресмета кога бил импулсот од срце, и кога стигнува до рака.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1.574
1.700
Притисок сигурно лажат, сатурација веројатно лажат, теоретски прецизно можат да мерат само пулс, но бидејќи излажаа за првите, не им верувам ни за ова :)

За притисок образложивме на долго дека треба манжетна.

За сатурација на кислород потребен е тенок дел од телото, како што е прст (крајната фаланга, т.е. делот кај ноктот) или уво на пример. Техниката се вика пулс оксиметрија. Светлината од диодата со одредена бранова должина е потребно да помине низ целата дебелина на ткивото до фотодиода. Потоа според формула индиректно се калкулира сатурацијата.

На делови кои што не се тенки може да се измери со друга техника, која се вика рефлексна пулс оксиметрија (не треба зракот да помине низ целото ткиво, туку може и да се одбие), но оваа метода е непрецизна и има свои лимити :)

Сепак првата метода е помасовна и попрецизна. За да измери бендот прецизно сатурација, треба да изгледа вака (слика од интернет)

290px-Wrist-oximeter.jpg
 

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.163
2.503
Ајде мала лекција физика.
Срцето генерира импулс, кој се детектира со ЕКГ.
Ако можеш да мериш ЕКГ, мериш и пулс и притисок.
Притисок мериш со формула, колку време треба пулсот да стигне од срце до зглоб според закаснувањето што е предизвикано од отпорот при проток на крвта низ крвните садови.
Значи треба да може да направи ЕКГ.
Епа ова прави ЕКГ.
Не е медицински прецизно, но е прилично точно. Дури може и многу поточно од електронските мерачи на притисок за на зглоб.
Ќе го земам деновиве да направам неколку тестови, па ќе пишам колкаво отстапување има од класичен мерач на притисок.
 

DarthJe5us

Unstoppable
2 јануари 2012
2.806
2.192

Avid

Epic
21 јануари 2009
6.212
10.943
Скопје
Amazfit Arc vs. Xiaomi Mi Band 3 - Instant Comparison
⌚ Amazfit Arc vs Mi Band 2 Specs Comparison | SmartwatchSpex

Различни работи пишува и на двеве страни, ќе мора да прашаш во салон.
ќе пишува, кога на втората страна си го споредил со band 2 а не тројка
тројката ќе го зеам, нема нишо посебно шо би ми требало овој амазфит плус е многу постар
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.233
Мислења
977.048
Членови
35.543
Најнов член
Dime19
На врв Дно