1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

smart tv vs non smart

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од tomaso, 27 Декември 2014.

  1. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Во план сум да купам телевизор.
    Потребен ми е за гледање youtube i twitch видеа и филмови од време на време.

    Е сега сум во дилема дали да купувам некој 32инчен смарт тв што ќе подржува screen mirroring, wi-fi direct,dlna.... корисни работи што ќе ги користам за да стримовам видеа од мобилен или од пеце.
    Не ми се потребни 3д, снимање тв содржина на усб (не гледам тв посекако)и такви bells and whistles што доаѓаат со смарт тв.
    Ме нервира што се ужасно бавни пребарувачите на смарт телевизорите и навигација низ менито не е баш најдобра.има опција за блутут тастатура да се поврзе ама сепак не е тв за да се користи како пеце за конзумирање на мултимедијална содржина.

    Друга опција ми е да купам Google Chromecast i 32инчен нон смарт тв и да ги добијам сите потребни работи кој ќе ги користам.

    Ме интересираат ваши мислења и препорака за по еден од двата смарт и нон смарт.Не би сакал да платам за нешто што нема да го користам.

    Буџет до 300евра максимум со се chromecast.

    Не знам дали да одам на најефтиниот 32инчен или на second cheapest.Ама се мислам дека би било добро да ги избегнам st,quart,neo,tcl,fuego и сличните такви.

    Ме интересираат вашите мислења и искуства пред да одлучам што да земам.

    Не мора да е фул хд телевизорот може и на старо да е имам тема за тоа отворено.
     
  2. Ceco

    Ceco
    Gaining Experience

    618
    171
    29 Септември 2010
    можеби неможам многу да ти помогнам али советувам да погледаш некои реални видеа за хром кастот на јутуб доколку немаш стабилен и брз нет не се надевај на убав стрим преку пц или слично
     
  3. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    20mbs e konekcijata od kabelski operator stabilen e netot.testirano e so chromecast ne kaj mene na drugo mesto odlicno odi strimot.ne secka a I ne mi treba za full hd strimanje.taka da si velam Vo red bi bilo
     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    Интересно прашање.
    Доколку ти е намената интернет, најдобра опција е можеби да земеш не смарт телевизор и да земеш плеер. Опција која би ти ја препорачал е Ми Боксот, имаш и рецензија на форумов.
    Можеш и да одиш со WD TV медиа плеер или пак со некој друг.
    Смарт опцијата која ке ја има телевизорот никогаш нема да биде доволно моќна како некој од овие екстерни медиа плеери на кој намената им е баш за тоа што тебе ти треба.
     
    stefan1984, kamenko и на goranzoran им се допаѓа ова.
  5. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    917
    864
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Дома телевизорот ми е смарт, и кога сакам да гледам некој стрим го гледам со HDMI преку лаптопот.
    Причината за ова е дека ми е многу полесно да приклучам еден кабел и да гледам, него да се мачам низ спорото мени со даљинско.

    Али во твојава ситуација би зел смарт тв сепак. Најголема причина е за тоа е дека има евтини смарт 32ки со фул ХД. Би требало буџетот да е доволен.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,304
    711
    9 Мај 2012
    Машко
    Најубаво со Смарт ТВ да земеш и во нив има све што е потребно интернет,јутуб и се друго и не ти треба хроумкаст ,а non-smart TV за ова ви треба хроумкаст е сега дали ќе ви задоволи потребни барања е за тоа не знам, затоа најубаво смарт -ТВ .
     
  7. PandaBomber

    PandaBomber
    Gaining Experience

    371
    480
    13 Јуни 2012
    Машко
    Ја немам видено добар смарт тв сеуште, media player нуди повеќе, а video out од комојутер нуди сѐ комплет.
     
    ivan88, SaleSk, kamenko и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Читана ми е рецензија @SaleSk се мислам и за таа опција со ми плеерот.ако си во можност прикачи видео како функционира уредот.во рецензијата спонма дека е на кинески менито и дека не е баш едноставно да се подеси првиот пат.

    Смарт тв, како и апликаците што доаѓаат со него само ќе ме нервират колку бавно ќе работат па и навигација ќе биде отежната.
    Замисли на пример додека напишеш нешто со онскрин тастатурата колку време ќе треба.
    А за филм гледање имам wd my passport па од таму ќе гледам или ако земам смарт тв па од лаптопот или пц преку Wifi.
    Но сепак главно за видеа од јутуб канали што ги пратам пред да заспијам ќе се користи.па си мислам хромкаст е идеално решение.А башка е од гугл уред и има се повеќе и повеќе подршка кај различни апликации.Кај некои смарттв си ограничен кој апликации можеш да ги користиш.колку што знам нема twitch апликација за смарт тв ќе треба преку вградениот пребарувач да отворам и така да гледам.

    Затоа си мислам најубаво би било non smart tv + chromecast во комбинација со смартфон.
     
    На SaleSk и kamenko им се допаѓа ова.
  9. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Види сега, немој да мислип дека мениата на сите телевизори се спори и немат добар броусинг, можеби на тие до 300 евра но со овој модел мислам би немал проблеми.
    http://set.com.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67570
     
  10. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Не е лош тој модел ама тој би повлекол и нова соба/куќа да има каде да го наместам :)
    Сум имал можност да почепкам смарт тв кај другарчина едниот беше lg smart tv 32 inch,lg direct led so dual core 42inch,samsung 48inch so quad core и искрено не бев импресиониран од сите.
     
    На vlavot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,027
    2,563
    21 Јануари 2011
    Машко
    Нема такво нешто како smart tv, тоа е урбана легенда, сите телевизори се глупи и бавни.
     
    На kamenko и gligor им се допаѓа ова.
  12. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    225
    148
    5 Март 2008
    Машко
    И Самгунг или ЛГ, после 3 месеци ќе го заборават тој телевизор бидејќи во меѓувреме пуштиле на пазар уште 16 нови модели, А после 1-2 години ќе нема нов плеер, нов кодек, нов пребарувач ......за него, а со старите нема да работи бидејќи јутуб таму нешто сменил.
    Скоро монтирав некоја сат опрема на смарт тв самсунг купен пред 3,5 години за 2000 евра (чудо технике во 2011г.), и сега неговите можности се смешни во споредба со мојот линукс сат. ресивер платен 100 $.
     
    На FLEGMA и kamenko им се допаѓа ова.
  13. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Баш и тоа ми е поентата.не би сакал да платам зе нешто што нема да го користам сега а и во иднина.Сакам да добијам најмногу за парите и да функционира како што треба.Не ми се даваат 500+ евра за смарт тв што сега можеби би бил добар избор ама за во иднина не баш.А и помалку ќе боли ако не работи како што треба поевтино нешто што би платил.
    Затоа и отворив тема да се развие дискусија за што е подобро.
    Можеби ќе му се најде и на некој друг.
     
    На jambo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,235
    1,349
    31 Јануари 2014
    Машко
    Јас пред недела дена со иста умисла тргнав по 32`` Се трудев да најдам некој таков, без смарт, само со HDMI и тјунер за нашиве каблоски и да не е некоја ч`кљ марка ама т`нко избор... е сега, не беше за мене телевизорот, па по некое време разгледување сфатив и дека можеби е подобро телевизор со постар смарт ОС за добра цена и да се избегнат компликации што ќе треба подоцна ги решавам :D
    Работава е што не се продаваат веќе телевизори што не се смарт а имаат доволна разлика во цена за да ти се исплати и на крај го земав овој lg-32LB570B
    телевизорот е супер - LED IPS 1366 X 768 - значи не е FHD ама за 32`` и не е битно. Пројде на сите тестови - усб формати, титлови итн. нет врзав преку лан, ако сакаш wifi = +1000ка, гласен е... незнам што друго... не е најновиот смарт WebOC, претходниот е и не е спор, му стигна апдејт некој на прво вклучување на нет, горе доле тоа, единствено цената не ми се допадна за некоја 1000ка да речеме ама тоа е. Некако ги фаворизирам LG и дома имам и сум задоволен и стварно проаѓаат на сите тестови, на другиве се по нешто им недостасува, на Сони на пр. што мислев дека ќе го земам по првично разгледување на нет - падна на стварно глупа работа - кирилична поддршка на титлови или никако или којзнае како, на други понепознати треба да се внимава на тјунерите може да им фали некоја фрекфенција итн.
    Инаку да е за мене, кога би нашол добар панел и нормален тјунер (не гледам ТВ ама знам ќе се нервирам ако знам дека не фаќа некоја телевизија) би се потрудил да најдам што поефтин + chromecast или што и да е што ќе брка работа за smart-share функции, а и не би се замарал за бренд ако е стварно добра цената (пр. 12000 да речеме) но имам впечаток дека тешко некако со изборот по продавнициве кај нас.
     
    На tomaso му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,644
    1,430
    27 Јануари 2011
    Машко
    Обичен ТВ плус Андроид ХДМИ стикче. јас тоа го користам. Си има апликациај за контрола со мобилен, како тач пад плус тастатура за полесно пишување. И на него има УСБ, мини СД. Може да си инсталираш што сакаш.
     
    На kamenko и Nikola Sone им се допаѓа ова.
  16. prolivot

    prolivot
    Gaining Experience

    192
    212
    28 Декември 2014
    Јас би избрал ова плус некое си асално андроид стикче.
     
  17. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Шефче, па жена пред 3,5 години е стара веќе и не си ја врши својата функција а камо ли телевизор.
     
    GGTT1, goranzoran и на goran_oh им се допаѓа ова.
  18. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    1.Ефтин телевизор и + смарт на него, заборави.
    Еве ти конкретно за овој модел ке кажам: Хитачито од рецензијата. Телевизорот како телевизор е одличен, слика супер. Но смарт опциите кои ги има се премногу захтевни за процесорот кој треба да ги вози. Прво кога се користи Youtube апликацијата многу често знае да се рестартира, да се блокира, да нема слика а да оди тон, да оди тон а да нема слика. Па мора да се исклучи/уклучи, или во најлош случај, најчесто кога ке си легнеш а сакаш да изгледаш нешто ке се блокира скроз и ке мораш од струја да го исклучиш. Истото ова се случува и со медија плеери од постара генерација, односно со плеери кои во тоа време биле ОК, па со апдејт на флешот почнуваат да прават проблеми.
    Бидејќи ми е поврзан со ЛАН, првите 15 секунди сите опции на телевизорот се нефункционални и не реагира додека не земе ип. После тоа си е се ОК.
    2. За конкретни модели на плеери имаш секогаш можност за апдејт, кај телевизорите немаш.
    3. За да имаш добар смарт на телевизорот, многу е битно каков процесор ке има во него. Сите високи серии имаат релативно добри плеери и смарт опции.

    Евтино и добро нема. Затоа и ти препорачав да си земеш добар не смарт ТВ. Се наоѓаат прекрасни модели бидејќи е тренд да се купи смарт, а овие се без, без оглед на тоа што одлични. Со смарт се продава секакво ѓубре.

    Размисли.
    Плеерот ако ти здосади можеш да го продадеш, но не и телевизорот.
     
    На gligor, The_Man, kamenko и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Ја мислам дека боље мислење од ова на @SaleSk нема да добиеш на темата.
    Ја купив пред 3 дена LG НЕсмарт телевизор и мислам дек ништо не му фали.
    Крај краева укључиш ПЦ на њега и те га, по смарт здравје :)
     
    На gligor и Nikola Sone им се допаѓа ова.
  20. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    225
    148
    5 Март 2008
    Машко
    Значи ќе му помине гаранцијата од две години и фрли го.
    Ајде малку матемтика.
    Кога е купен тој тв, јас купив Hitachi 32 од Сет за околу 270 евра, и DreamBox 500HD за 220 e. Потоа купив Thomson 40 повторно од Сет за 400 евра и Cloud iBox за 80 е.
    Сум потрошил помалку од 1000 евра, а секогаш имав подобри „смарт“ опции.
    DB500HD тогаш платен 220 евра сега можам да го продадам за 150.
    ТВ Самсунг тогаш платен 2000 евра сега вреди колку и еден DB500HD.
    Мислам дека бев јасен што сакав да кажам.

    Точно така.

    П.С. Не знам колку години си, ама тоа за жена си многу грешка ))
     
  21. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Дефинитивно ќе купам не смарт тв.Е сега кој модел ќе биде точно не знам ќе видам ќе разгледам што има по продавниците останато.Нема баш голем избор во Битола сигурно нема да биде quart ili st.Најверојатно изборот ќе падне на лице место кој ќе ми се бендиса во моментот најубава слика кој ќе има немам некој омилен бренд.Од тоа што сум видел до сега ме бендисва лг сликата некако најреална ми изгледа, може и филипс некој или па сони некој модел стварно не знам што ќе биде.
    Ако не земам овие дена ќе биде дури после празниците.

    @Stefan.Taz кој медел си го купил и од каде?

    @hipo кое андроид стикче го користиш и како си задоволен од него?

    @Nikola Sone. Кириличната подршка за преводи не би била проблем воопшто, јас посекако филм или серија со англиски превод гледам.
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    LG 42'' 42LB5500
    Го купив тука у Куманово.
    Едино што е проблем, е тоа што немаат договор (заедно со Самсунг) за DTS аудио енкодери, па ќе мора ако гледаш нешто да конвертираш, или да пазиш што вадиш од нет.
    Иначе слика е фантазија у Full HD.
     
  23. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,644
    1,430
    27 Јануари 2011
    Машко
    Стикчето го земав во АМЦ точно за модел треба да видам. Иначе работи само на фул хд телевизори.
    Задоволен 100% од него. само што му фали е тач на тв-то хехехе како голем таблет. Дома го користиме, за гледање на серии и филмови, музиче на радиа или јутуб, 3-4 за сурфање т.е. барање на некои стари вести то.
    Иначе го имам скоро пола година и за следниот тв ке направам иста комбинација.
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  24. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Разгледав што има низ продавниците и најверојатно изборот ќе панде на

    philips 32 phh 4309 /88
    или
    lg 32 lb 550 b

    или пак 40инчен проба продавачот да ми продае http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=206576

    Не е голема разлика во цена ама малку скептичен сум за фуего како бренд, а има и вга порта ќе можам да го поврзам лаптот со него додека се снајдам за chromecast .
     
  25. Stefan.Taz

    Stefan.Taz
    Intern

    285
    31
    30 Април 2008
    Неможеш да знаеш денес со брендовите.
    Ја кога гледав мислам дека Панасоник нуди 5 години гаранција. У СЕТ ги има.
    На времето кога зимавме телвизор купивме NEO. Само што изглегоа, и сите викаа бегај од нив. 12/13 години гајле нема, уште работи као прв ден.
    Така да денес нема никаква гаранција за било што во однос на техника, а цените паѓаат и за три месеци за исти средства ќе земеш нешто многу боље. Али то е.
     

Сподели

Вчитување...