1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Слушалки за Телефон под 600д.

Дискусија во форумот 'Додатоци' започната од The Geek Boy, 13 Мај 2019.

  1. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Епа, веќе 5 пати по ред како ми се зезнуваат слушалки. Лоша среќа...
    Од почеток користев Samsung слушалки, ама од онаа најниската класа. Звукот беше океј, ама буквално болеше, бидејки беа премногу големи да ги собере во самото уво. После некое време се навикнав, и оп доле измеѓу самиот џек и кабелот се прецвика жицата и се зезнаа. Подоцна 2 пати по ред купувам од мобилара се едни исти Samsung копија на оние од S9 што се. Звукот топ, само што и тие брзо се прецвикаа.
    Кога одам, телефонот ми е во левиот џеб. Се работи за Galaxy J7 2016. Величината не е проблем, а самиот џек за слушалки е доле од десната страна, и да кога ги носам, обично под јакна ги ставам.
    Подоцна татко ми кога зема нов телефон, ги земав неговите (пошто него не му требаат), и тие ги користев. Исто Samsung, само не како оние кај S9, туку со гумица ама обични (оние што ги има на A класата). И денес им дојде крајот и на тие. Кога одам, одам најнормално, не правам ништо посебно па да се расипуваат.

    Епа, барам ако има по ова нашите сајтови, слушалки со гумица, да имаат ок звук, за друго не ми е гајле, освен тоа да се издржливи, т. е. жицата да не се кине толку лесно, бидејки веќе немам живци да се замарам со поправање по којзнае кој пат.
    Барав на Anhoch, ама не ми фрли ни еден продукт око. Имаше неколку, ама над 600 денари.
    Значи да се со гумица, и да се доста издржливи.
    И не ми треба од Ali Express.

    А, да и забораив дека блутут не користам, а не ни планирам да земам. Знам дека блуту нема такви маани, али сепак мене освен за слушање ми треба и за играње, а и кога патувам сакам нонстоп да можам да слушам, па за тоа жичани слушалки барем за мене се подобар избор него ли блутут.
     
  2. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,208
    24 Јуни 2009
    Машко
    Rock Zirkon
    Одлични
     
    lumixoid, The Geek Boy, alexandar23 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    869
    684
    29 Март 2011
    Langsdom JM26 купи ги нема да згрешиш екстра васс и квалитет на звук јас ги споредувам со JBL t290 и се тука некаде ги имам и едните и другите екстра се двата модели :)

    Испратено од ЧипиЧан
     
  4. xristijanGTI

    xristijanGTI
    Gaining Experience

    274
    296
    7 Март 2011
    Машко
    Студенат
    И јас ќе ги препорачам Зиркон-от ги користам веќе 5-6 месеци активно без разлика дали на пц или телефон супер се слушалките во однос цена-перформанси, е сеа има многу негативни ревјуа на интернет дека исто се кинеле доле кај џекот, јас немам до сеа некој проблем со нив, можеш да пробаш со нив и ако не ти смета дека аголот на џекот е 90 степени.

    Rock Zircon

    [​IMG]
     
    На Balanar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    201
    44
    18 Јануари 2019
    Машко
    Безични друже на bluetooth и на вифи држат батерија,исто и умене кога купам слушалки но не се погодуваат,па правам рефунд.
     
  6. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,208
    24 Јуни 2009
    Машко
    Добро е да се знае.
     
    На DrMTR, The Geek Boy, barneymk и уште 6 други им се допаѓа ова.
  7. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Топ се тие, али нешто од ова нашиве продавници до 600?
    Мене ми е поише да се издржливи, да не се расипат, како и претходните што сум ги користел.
     
  8. Bakii

    Bakii
    Intern

    15
    7
    17 Декември 2015
    Машко
    Друже можам да ти ги предложам JBL t110, ги имам користено супер си се за парите, имаат мало закривување кај бананата.

    Слушалки JBL T110 BLK, црни - Ќе прежалиш уште една стотка.
     
    На Скоти и The Geek Boy им се допаѓа ова.
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,048
    1,618
    13 Јануари 2014
    Машко
    Сум пробал 15тина различни модели од локалниве продавници, до тие пари само ова би го препорачал, и за звук и за квалитет.

    SONY MDREX15LPB.AE
     
    На Steam. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    714
    647
    31 Мај 2011

    истиве, ама моделот од 990/1000 денари, зависно кај ќе ги најдеш, анхоч нептун ова она. година ипол-две ги имам поскапиве и уште се живи. овие не ги препорачувам ако немаш некој pouch за носење на истите, пошто пластиката од кај што влагаат каблите во самата слушалка е крута и знае да го прецвика кабелов многу лесно и брзо ако ги носиш по џебови. Три пати за истото ги сменив. Кај овие од 990/1000, гума е таму и по flexible е, нема како да се прекрши. И подобар звук. Басот е подлабок, високите не пиштат, таман е. Вреди екстра парите.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,048
    1,618
    13 Јануари 2014
    Машко
    И овие ги имам, поточно MDR-LP110R.AE, и дефинитивно вредат ако не ти се чекаат KZ од кај кинезиве, ама се скоро дупло од буџетот.
     
  12. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    170
    133
    20 Јуни 2009
    Слушалки SAMSUNG EO-EG920 BBEGWW

    Си користел Самсунг слушалки, знаеш што да очекуваш.

    Јас од С6 слушалките душата им ја имам извадено и сеуште се како нови, уште повеќе кога ќе се сменат гумичките (во кутијата имаше 3 ако не се лажам).

    Особено важна за мене е формата која дозволува и на вечер легнат на една страна да не влегуваат во мозок и да болат :)
     
  13. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,162
    6 Декември 2016
    Машко
    Само Zircon за тој буџет.

    Иако едната страна престана да работи и ги фрлив (мамата у книшка за контролата на квалитет на фирмава), нема подобри. Едноставно - нема.
     
    На Garfield' му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    201
    44
    18 Јануари 2019
    Машко
    Дојди да пробаме со amplifier ќе рикнат.
    Само Philips,JBL,Pioneer се мн.добри за звук и на amlifier боостан имаат квалитет добар звук.
     
  15. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    И сега од овие JBL - то испаѓа со најдобар квалитет и солиден звук

    Samsung не планирам да продолжам да користам бидејки едноставно (вулгарно кажано), до сега 5 пара преебав. Барам некој бренд кој што ќе ми гарантира барем година дена користење пред да се распаднат, а не за едно 4 месеци.

    Sony - во се океј, али не ми фрлија нешто око за разлика од JBL слушалките, па така да најверојатно тие.
     
  16. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,026
    724
    1 Јуни 2016
    Ти предложија еден куп, и way over the price некои, па ајде и јас со мое мислење.
    Праевме споредба со колега на работа што има Rock Zircon, и со овие, и цирконот се малце погласни, во бас се тука некаде. Еве го човекот седи до мене додека пишувам ова.
    BTW успеав да ги земам за 500.
    Ако не ти се чека, одличен избор се. Ги користам најмалце 8 часа дневно.
     
  17. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    306
    254
    21 Мај 2017
    Машко
    Јас користев такви шаоми, топ беше звукот за цената, само што ми се расипаа од пот(вежбав со нив).
     
  18. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    170
    133
    20 Јуни 2009
    Членот прашува за слушалки за телефон.

    Дали го отвори линкот кој го цитираш?

    Кој би поставувал слушалки за телефон на засилувач?

    Освен ако не мислиш на некој софтверски amlifier (така си го напишал), тогаш си трол.

    А дека си трол гледаме и по темите кој ги отвараш и по мислењата кои ги пишуваш.
     
    fuzzjaw, Banjifiko и на Скоти им се допаѓа ова.
  19. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    201
    44
    18 Јануари 2019
    Машко
    Лол сум трол океј,сум тестирал со амплифиер рикнаа 3 пара слушалки,само philips не рикнаа и jbl,ми се скина банаката во лаптопот и сега и намене ми требаат нови.
    Само пред една недела купив нови,ги пробам и почнаа да крчат,ги вратив и немаше доволно избор на слушалки.
     
  20. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    714
    647
    31 Мај 2011
    JBLот 3ца другари ги земавме, кај сите 3ца згина левата слушалка после месец-два. Ги менував додека не дојде преку кур веќе и додадов и ги земав сонито за 1000. Плус JBLот се страшно неудобни во уво. Неможам повеќе да ги fanboyам сони, ама не сум зажалил за нив. Единствените слушалки кои имаат перфектен seal, и не се осеќаат во уво.
     
  21. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Епааа, ги земав JBL - от.
    Sony - то не ми правеа некој мерак којзнае што, а и сакав уште од порано JBL како бренд да ги пробам, пошо знаете Harman позната компанија ово оно, па се надевам не згрешив.
    Овие се потенки од сите Samsung слушалки што сум ги користел досега, а за звукот не ме изненади нешто (а очекував), али не е лош. Во споредба со претходните Samsung слушалки, можам да кажам дека малце се подобри, и имаат малце повеќе бас за разлика од претходните. Не беше нешто wow или mindblowing ама не е лошо, и задоволен сум.
    Во пакетот имаше нешто инструкции, и со самите слушалки 6 месеци гаранција. Таман до тогаш ако не издржат (недајбоже), да можам да ги заменам.
    Еве сликици:
    20190514-140054
    20190514-140235
    20190514-144819
    И да, мене ми стојат удобно, а и гумиците ваљда се мењаваат. Ја дома си имам резерва во различни големини, па така да не се замарам многу.
    Малце чудно што самите слушалки горе кај гумиците, самото нивно "тело" е многу мало, во споредба со претходните што ги користев.
     
  22. Tenny

    Tenny
    Intern

    49
    14
    18 Јуни 2018
    Машко
    Имав и јас 2 пара JBL T110 и на двата пара рикна десната слушалка...

    Испратено од SM-J530F преку IT.mk форум апликација
     
  23. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    после колку време користење?
     
  24. Tenny

    Tenny
    Intern

    49
    14
    18 Јуни 2018
    Машко
    Двата пара во рок од 1 до 2 месеци максимум.Поточно во текот на летото лани двата пара рокнаа... 1 пар по месец,месец ипол работеше...

    Испратено од SM-J530F преку IT.mk форум апликација
     
  25. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    576
    228
    9 Август 2018
    Машко
    Океј. мене ми е под 6 месеци гаранија па така да ако рикнат за помалце од 6 месеци ќе можам да ги сменам,па така да не му ја мислам многу.
     
    На Tenny му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...