1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Славјански универзитет Битола

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од alderson, 2 Мај 2018.

  1. alderson

    alderson
    Intern

    48
    23
    18 Јануари 2018
    Машко
    Јас сум матурант ткд од следна година ќе одам на факултет, главен интерес ми е програмирањето/информатиката и се двоумам помеѓу ФИКТ и Приватниот Славјански Универзитет.. Е сега сакам да побарам совет од вас повеќе сум за на Славјански затоа што во ФИКТ професорите лечат комплекси.. Но многу ми викаат дека не ти важи дипломата од Славјански нигде... Некој искусен по можност што завршил на Славјански на информатика дали му излегло како проблем тоа што завршил на Славјански..??
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,755
    9,404
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Баба ми се вика Славјанка....

    Никого не го интересира дали е признат факултетот или не, бар за програмери. Ќе работиш пракса, ќе работиш фриленс проекти, ќе ставиш тоа во ЦВ и ќе видиш никого нема да го заболи што не/бил признат факултетот. Ти научи да програмираш, па за другото лесно е. Кога би учел и знаел не верувам дека некој би лечел комплекси на тебе. Нек не те лажат со безвезни муабети дропаут студенти кои нејќеле да учат.
     
    На Draynor, Neokhor, bxxxn и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    349
    421
    10 oктомври 2011
    Машко
    Не сум запознаен со факултетите, но јас лично сметам дека тоа каде си завршил факултет, нема никаква врска. Дипломата е само форма со која покажуваш дека си стекнал одредено ниво на образование, но тоа во ниту еден момент не е показател за твоето знаење (посебно во таа сфера на интерес која ја имаш избрано). Знаењето ќе си го надоградуваш и надвор од факултетот и најчесто ќе имаш можност да покажеш што знаеш и колку разбираш, а не да бидеш осудуван според факултетот кој си го учел.

    Малку ми пречи делот :
    зошто најчесто ваквите искуства се пренесени од некој студент кој демек се убива од учење (а во реалноста едвај учи или учи на памет работи кои не се учат така или едноставно не му фаќа црпката доволно). Немој да се ограничуваш поради такви субјективни муабети, оди на отворени денови на факултетите, види што содржи програмата/програмите кои сакаш да ги запишеш и процени која би ти била најпривлечна на тебе.

    Едит : Ме претркал @Astro со постирањето, ама можеш да видиш дека заклучокот е ист.

    П.С. Јас немам роднинска, ниту друга поврзаност со Славјански имиња и поими. :)
     
    bxxxn, Boldozer, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    765
    389
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Ќе ги види роботите на ФИНКИ, а кога ќе почне ќе го види калкулусот. :D
     
    На DrMTR, Draynor, mrmarko4fun и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,609
    7,650
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не сум програмер. Работам 15 години (или 16 можда веќе), моментално сум сениор систем администратор и инженер во NOC (нетворк оперејшн центер), одсек телекомуникации помеѓу бренџ офисес во голема фирма.

    Од државни дипломи имам Средно Текстилно (Кочо Рацин Скопје 4год).
    Се друго што имам (8 дипломи) се од обуки и специјализации, не од факултет.

    Ова не е повик да не учиш школо, да не ме разбереш погрешно. И незнам каква е моменталната состојба за нови кадри, но повеќе ќе ценат знаење и проекти него таа диплома (која и да е). На времето ПМФ значеше доста, особено во одделот на телекомуникациите.
     
    DrMTR, AlexM, Draynor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. TheGamerTeacher

    TheGamerTeacher
    Gaining Experience

    120
    72
    9 Декември 2016
    Машко
    Јас имам друго искуство, со тотално неповрзан факултет со овој за кој си ти заинтересиран. Ама во глобала, проблемот е што многу поефикасно можеш да ги искористиш ресурсите ( сертифицирање за одредени способности како QA, програмски јазици и слично) отколку да потрошиш еден куп пари за факултет. Искрено, како човек кој е магистрант, да можам би се вратил и уште на 18-19 години би учел од програми по интернет и би ги наменил средствата за да земам некој меѓународно признат сертификат. Сметај дека еден факултет, особено во друг град, ќе те чини горе долу 20000 евра. Ако не и повеќе.
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,755
    9,404
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Како бе 20.000 евра?
     
    На krashot и Draynor им се допаѓа ова.
  8. TheGamerTeacher

    TheGamerTeacher
    Gaining Experience

    120
    72
    9 Декември 2016
    Машко
    Па сметај, школарина, студентски, трт мрт...
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,154
    1,241
    11 Март 2011
    Ако сега ти е лесно, потоа ќе ти е тешко и обратно. Вака ко што си пишал делува дека сакаш да се намачкаш со путер и да се пуштиш по лизгалка. Одбери го факултетот каде што ќе научиш инаку после факултет брзо ќе набиеш и ти комплекси кога сите нешто ќе знаат и подработуваат, а ти ќе треба да одиш на курс за програмирање. Тоа со професори и комплекси, не го спомнувај веќе.

    BTW: под нас седат некои студенти од каде цело време ечи екс ју музика (барем да беше турбо фолк), се собира друштво, се гледаат сите утакмици (толку е гласно што знам за кого навиваат и кога ќе дадат гол), се играат видео игри, некоја пуцачина на јако, се излегува секој ден, излегува чад од кај нив ко да пушат качак и веројатно професорите ги мразат и баш на испит ќе се блокираат. Всушност страв ми е да ги прашам како факултетот, бидејќи ако ми кажат дека положуваат ќе се разочарам.
     
    Последна промена: 2 Мај 2018
    На Draynor, Boldozer, StOrMK и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,791
    1,929
    8 Мај 2007
    Машко
    Заврши факултет!
    Заврши го за да добиеш занење, не за хартијата. Оди за да направиш контакти и другари кои ќе ти требаат низ животот. Доста веројатно ќе имате многу заедничко штом сте решиле да учите нешто што ве интересира. Може ќе сретнеш партнер за цел живот. Факултетот не е само парче хартија туку животно искуство.

    Немам никаква директна поврзаност на факултетот што го имам со работата што ја работам. А бев на два факултета :)
    Од друга страна искуствотото, начинот на размислување... тоа не се купува со онлајн курс.

    Долго бев застапник дека факултетот е небитен. Нели, најголемите умови се drop-outs. Само има една битна работа. Тие се откажале од факултети во кои да те примат треба да си гениј. Тие се примени на престижни факултети, а не на уким или тек па некои од нашиве приватни спрдачини. И ги напуштиле затоа што биле попаметни од тоа што се учи таму, и тоа им било пречка за понатамошен развој. Ако стигнеш до тоа ниво, не ти треба факултет.

    Дипломата не ти е за денес, не ти е за утре... ама подобро да ја имаш. Може ќе се пренасочиш во животот, ќе имаш алтернатива, или ќе поврзеш две струки, едната што ја работиш и другата која си ја изучил.

    Ко ќе дипломираш, не заборавај да частиш пиво!
     
    На shifty, kolesk, Draynor и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    765
    389
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Јас сум за факултет и семинари/обуки/курсеви. Едно без друго не идат.
    Ајде па да ти играм на докторат! :D
     
  12. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    576
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    хмм, јас би идел на ФИНКИ, иако завршив кога почна истото. Бев на тогашниот Институт за Информатика при ПФМ. За Славјански универзитет или што и да е, прв пат слушам.

    УКИМ ти е најстар заедно со Битолскиот(Климент Охридски). Од приватниве, слушам дека многу пари даваш, дали ќе научиш нешто не знам баш.
    Затоа државниот ми е некако со добивка/трошок најдобар. Ако ништо друго, бар ќе научиш нешто за фрлените пари.

    За работа факултет не ти е пресуден, зависи што ќе работиш :) Јас се бавам со програмирање и доста работи ги имам научено сам, со додатна литература, читање од Интернет и учење од соработниците со кои сум работел. Ама да бидам искрен, факултетот ми даде добра подлога. :)

    Не би да замарам многу. Има слични теми. :) Тоа, па тоа, едно те исто цело време...
     
    На Draynor и JasSum им се допаѓа ова.
  13. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    249
    271
    12 Август 2014
    Машко
    Од искуство, одбери универзитет што е попризнаен од другите. За година-две-пет ќе сакаш да отидеш на некоја размена, пракса во странство, што и да е, ваква или онаква, многу ќе ти ја олесни работата тоа.
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. alderson

    alderson
    Intern

    48
    23
    18 Јануари 2018
    Машко
    Фала ви на сите за мислењата и целосно се согласувам со сите вас што викате факсот не ти брка голема улога во кариера како програмер, НО не добив ниеден одговор на моето прашање кој факултет би го одбрале вие Приватниот или Државниот (Тоа со комплексите ми го кажале и професори).. Државниот ќе ти биде признат повеќе и знаеш дека секогаш ќе биди така додека приватниот може и утре да се затвори и отиде све упм.. Но на приватниот има многу подобри професори и се работат проекти практично а не трупење теорија.
     
  15. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,017
    635
    3 Јули 2007
    Почни на државен, заврши на приватен :)
     
    На DrMTR и bxxxn им се допаѓа ова.
  16. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,154
    1,241
    11 Март 2011
    Не знам дали воопшто ги прочита постовите, имаш погоре 10 поста кои што директно или индиректно ти велат државен. Но ако читаш теорија како постови, тогаш подобро на приватен.
     
    dddragan, Psycore, Luidgi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,842
    3,951
    5 Јули 2013
    Кај сакаш да посакаш да одеш надвор од државава ќе ти бараат признат факултет, барем. Јас не би се ослонувал на сертификати. Факултетот не е само за да го научиш материјалот што ти го бараат, туку и да научеш да учиш. Не знам од кое средно училиште доаѓаш, но голема е шансата да не си научил да учиш, зависно, како што спомнав, од кое школо доаѓаш. Критериумите се секаде спуштени на мизерно ниско ниво. Само да појаснам - јас кога почнав на факултет, прва година, уплашен и со огромна стравопочит, очекував да е претешко. Колегите мои од метрополата, иако пред колоквиуми се фалеа како се научиле, едвај за минимална оценка покажуваа знаење...Тоа беше показател дека не научиле да учат, да извлечат што е битно од одреден материјал, туку бубале, да не речам, глупости. (реков метрополата бидејќи така и беше, тие се фалеа, а од "периферија" си беа приземјени, "гревчиња" - а најјаки студенти како по обичај...)
     
    Последна промена: 5 Мај 2018
  18. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    441
    247
    18 Март 2015
    Машко
    Зависи од каде доаѓаш, но на факултет може и да заборавиш да учиш :) Али тоа е, мора да се помине
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mrmarko4fun

    mrmarko4fun
    Gaining Experience

    134
    94
    26 Јули 2017
    Машко
    студент
    Јас би рекол да идеш со државен од принцип на проширување на знаењата. Со приватниот нема толку можности бидејќи повеќето не се акредитирани од МОН (Акредитации).
    И еве на пример поседуваш сертификати за германски/англиски јазик и сакаш да аплицираш на пример на ETH Zurich за магистерски/докторски студии, одиш на нивниот сајт (Admission requirements & requirement profiles) и прво што ти излегува е ова:


    Ти можеби поседуваш знања кои ги надминуваат очекувањата на горенаведениот универзитет, но никогаш нема да имаш шанса да ги покажеш на приемниот испит, бидејќи ќе ти ја одбијат апликацијата во старт.


    Уште една работа, приватните факултети се преполни со непотребни предмети од типот на менаџмент, бизнис и маркетинг кои те учат како нешто да продадеш, наместо како да го создадеш. Им фалат предмети кои ќе те наведат во која насока да размислуваш и знаењата кои ке се стекнат се одлична основа, предмети од типот на дискретна математика кој има огромна примена како во програмирањето така и во другите области.
     
    Последна промена: 5 Мај 2018
  20. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,502
    6,564
    27 Март 2014
    Подобро научи нешто што ке го работиш перфектно (некој курс од овие Попознатите) отколку рандом факултет од кој што ке искочиш бос со знаење. (тука спаѓа и ФИНКИ и Славјански и било кој). Не сме 19-ти век, па дипломата да биде пресудна дали знаеш да работиш нешто или не. Ако знаеш да го работиш тоа што тврдиш дека го знаеш, тогаш не ти треба диплома. Уствари странец воопшто не го интересира диплома, или што имаш завршено, доколку работата си ја работиш како што би требало.
     
  21. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    576
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Јас ти препорачав државен од проста причина што имам колешка што била на Американ Колеџ, нешто такво со информатички технологии.

    Не знае едно квери во MS Access да го исклика, за жал. Оно се ти е апла SQL само да ги најдеш тоа копчињата таму, кај да кликнеш, и самото ти куца SQL.

    И самата ми се жалеше, само пари даваш :)

    Твое си е.

    Земи таму книги имаш еден куп на Интернет.

    Во Македонија се ти е така, „се во едно“, правено за да задоволи поширок народ иако не ти треба се. Не можат да заработат изгледа. Зборам за курсевите што постојат кај нас, поврзани со информатички технологии.

    Пример, се жалеше колешка, знаела основи на МС Ексел, ама не знае како да пишува Ексел макроа. И тоа курсевите сите ти се такви некои со општи познавања. Треба сам да си учиш.

    Од факултет, неколку дисциплини ти се неопходни како, софтверско инженерство, архитектура на компјутери, структури на податоци, основи на програмирање. Не ги памтам сите. Професионална етика можда, бази на податоци. Можеби основи на компјутерски мрежи.

    Тоа математиките изгледа се ставени за луѓе што немаат добра математичка основа, пример дошле од средно социологија, ако нешто постои такво.

    Нема, тоа е, прајте деца повеќе, ќе се створи пазар, па ќе има и подобри курсеви :) или не бегајте од тука како лигловци и потрудете се повеќе да ја оправите вашата држава. :)
     
    Последна промена: 5 Мај 2018
    На bxxxn и StOrMK им се допаѓа ова.
  22. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    765
    389
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Математичките предмети јас ги викам елиминаторни. Тие според мое мислење се ставени пред се во 1 година за да се исчистат студентите што не им се учи. И демек нешто останало во паметот од средно.
     
    На bxxxn и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  23. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,842
    3,951
    5 Јули 2013
    Кога велам факултет мислам исклучиво на УКИМ.
    Мој совет е да запише факултет, државен во Скопје, да гледа на колквиумите како на предизвици/квестови :) Не да цели кон 10ки како крајна оценка, туку на 10ки на колоквиуми. За 10ка крајна оцена потребно е присуство и семинарски, што според мене се потполно ирелевантни за крајната оценка бидејќи не се показател на знаењето.
     
  24. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    576
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Пак ти го забошотивме прашањето. Јас не сум бил на Славјански и најверојатно нема никогаш да учам таму. Тој што бил нека сподели и нека каже дали е добар. А ако никој не бил ќе мора самиот да се жртвуваш па да споделиш со нас, дали е добар :)

    Да знам дека сите вие нови генерации сакате лесно и брзо... нали лесни пари...биткоини, хакерски финти со реклами у сајтови итн :)
     
  25. alderson

    alderson
    Intern

    48
    23
    18 Јануари 2018
    Машко
    Се одлучив за државен, нејќам да ризикувам..
     
    На mrmarko4fun му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...