• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Skype на македонски

  • Ја почнал/а темата
  • #1

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Зошто до сега никој не го превел Skype на македонски?
Има слободно опција да се промени јазикот од Англиски на друг јазик или па по своја желба да преведеш се на својот јазик.

Сето тоа се зачувува во документ и може да го размениме меѓу себе сите.

Ако има кандидати за превод супер би било, а ако го има некој веќе преведено уште поубаво.
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,398
1,099
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Катастрофа изгледаат компјутерски термини преведени на македонски.
Имам пробано со Мозилата на македонски и покрај што има смешни преводи плус неможев да се снајдам.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,122
27,387
kalco.ru
tab=јазиче :LOL:
Мислам стварно одвратно звучи.....ова е само еден од многуте смешни поими на македонската мозила.Искрајно не сум за овие македонски верзии
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Па добро еве не мора да биде литературно македонски, термини кои убаво ќе ја опишуваат опцијата. Инаку се е навика по некое време користење ќе се снајдете супер. Јас веќе поголем дел од опциите на Poivy ги преведов и ми изгледа одлично. Ми треба уште да преведам, ама некако се многу реченици за превод. Еве го преведов малку Skype, па може да кажете дали добро изгледа или не.

prevod
 
maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
tab=јазиче :LOL:
Мислам стварно одвратно звучи.....ова е само еден од многуте смешни поими на македонската мозила.Искрајно не сум за овие македонски верзии
tab = јазик
tab = етикета, влошка

Ова е превземено од англиско-македонскиот речник на www.on.net.mk, така да, колку ти е тебе смешен изразот “јазиче“, толку би требало да му биде смешен и изразот tab на американец, англичанец.... Тоа е само израз. Јас мислам дека треба некои апликации кои често се користат од Македонците да се преведат на македонски јазик. На крајот на краиштата, ако не можеме да свикнеме не ни мораме да го користиме, но сепак, кога некој ќе ги листа опциите за јазици, зошто да ги има србскиот, бугарскиот, хрватскиот а да го нема македонскиот јазик? Зар овие јазици се “позгодни“ за информатичките термини одколку македонскиот? И целата таа акција за користење на кирилицата, за среќа, според мене, оди на подобро. Се помалку се користи латиницата по форуми, веб страни и тн. Се надевам и дека ќе има уште вакви ентузијасти по Македонија, кои на некој начин, ќе пробаат да го имплементираат македонскиот јазик во информатиката, зашто таа секој ден станува сепоголемо секојдневие за секого.

Се извинувам, малку забегав :)

@reng

Ако треба нешто помош, со задоволство би помогнал во развивањето на една ваква идеа :bravo:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Токму така, значи ако некој не сака да ја користи програмата на македонски слободно може на друг јазик. Само одбирате друг јазик и готово.

Skype е еден од програмите кои се користи од повеќе корисници во Македонија, па затоа би требало барем за оние што не го познаваат англискиот да им биде овозможена оваа опција.

Може на некого му звучи лошо на македонски зошто е навикнат на англиски, но на оној кој не знае англиски сигурно би му звучело поубаво на македонски отколку на англиски, па би одбрал македонски наместо англиски.

Има 3182 линии за превод, незнам дали треба се да се преведе, ама би било убаво повеќе луѓе да го преведуваат и нормално другите да го прегледуваат преводот и да кажуваат кои зборови треба подобро да бидат преведени. За да на крај откако би се преведел да го испратиме до тимот на Skype кои би го вклучиле во новата верзија.

Проблемот за преводот е тоа што не може повеќе луѓе да преведуваат во исто време и на различни документи. Значи јас преведувам 100 збора, па треба да го пратам на некого да продолжи на истото, бидејќи не може да се спојат повеќе преводи во еден документ.

Ќе преведам 200 линии еве јас, па ќе го објавам, па некој друг да продолжи со преведувањето на истиот колку што ќе може, значи еден по еден треба да преведуваме, не сите во ист момент.

едит: епа информирајте го може има дел преведено, еве да го почекаме да ни каже до каде е.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Го препуштам преводот да продолжи некој понатаму, јас ги направив првите 200, па следните се ваши. Значи секој што ќе продолжи ќе се пријави тука, а откако ќе заврши ќе го објави допреведеното тука исто.

Ако не се пријави никој, тогаш би продолжил јас понатаму. Ако нешто од преведеното не е така или не звучи правилно слободно коментирајте тука.

Превод 1.0
 
DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Преводот за верзија 4 бета е речиси готов, уште 300-400 реда останаа...
Коа ќе имаме повеќе слободно време со Алекс ќе го допреведиме
 
super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Сега ги контактирав овие од Скајп па да видиме...
Инаку, @dynamicmk, дај тој преводот, јас ќе видам ако можам да ти помогнам за да го допреведеш и потоа ќе му го пратиме заедно на Скајп. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Мора да го објавиш за да ги оцениме сите опции како се преведени. Дали го виде мојот превод, како ти изгледа?

Не е работата само да се преведе можев и сам, работата е да се преведе соодветно затоа тука ја направив темава, за да има повеќе мислења за преводот. 300 линија за пола саат ги правам дај ги само, проблем ќе биде да се прегледа веќе преведеното и да се дискутира.
 
spiderman

Intern
16 април 2007
783
44
Skype е еден од програмите кои се користи од повеќе корисници во Македонија, па затоа би требало барем за оние што не го познаваат англискиот да им биде овозможена оваа опција.

Може на некого му звучи лошо на македонски зошто е навикнат на англиски, но на оној кој не знае англиски сигурно би му звучело поубаво на македонски отколку на англиски, па би одбрал македонски наместо англиски.
Тие што незнаат англиски неможе да знаат да работат на компјутер.Плус во денешно време срамота е да не знаеш англиски.Децата веќе во градинка го учат. Е сега превод на македонски јазик на нешто што е производ на латиницата и зависи од неа е смешно и невозможно.А верзиите на останатите "преведени" програми на другите балкански јазици се катастрофа и никој не ги користи. Англискиот покрај бинарниот е јазикот на компјутерите и никој друг. Кога некој ќе ја преведе наредбата "copy" на кинески тогаш ќе може да збориме за преведување на софтвер на македонски јазик.Кина ја земав како пример дека логично е земја со најголем број на компјутерски корисници и земја која што е најнационалистички настроена што значи дека освен кинескиот друг јазик не се признава
 
DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Мора да го објавиш за да ги оцениме сите опции како се преведени. Дали го виде мојот превод, како ти изгледа?

Не е работата само да се преведе можев и сам, работата е да се преведе соодветно затоа тука ја направив темава, за да има повеќе мислења за преводот. 300 линија за пола саат ги правам дај ги само, проблем ќе биде да се прегледа веќе преведеното и да се дискутира.
Кога ќе биде готов преводот ќе биде ставен на форумот и ќе можат сите да дискутираат, да доизменуваат и сл... после откога ќе се согласиме сите дека е во ред ќе го пратиме

Би требало другата недела да е готов.
 
maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Тие што незнаат англиски неможе да знаат да работат на компјутер.
Не се сложувам со ова. Има луѓе што не го знаат јазикот баш добро,но имаат основни познавања, т.е. знаат да си го користат за канцелариски работи.

Плус во денешно време срамота е да не знаеш англиски.Децата веќе во градинка го учат.
Да, но оди кажи им го тоа на луѓето од постарата генерација, каде што било реткост да се знае јазикот, а сепак сакаат да научат компјутери. (читај: во денешно време во повеќето случаи и МОРААТ ако саккаат да најдат работа)

А верзиите на останатите "преведени" програми на другите балкански јазици се катастрофа и никој не ги користи.
Дали си сигурен? Во Бугарија тврдам дека бугарските верзии на софтвер се користат повеќе одколку англиските (доколку истите постојат)

Англискиот покрај бинарниот е јазикот на компјутерите и никој друг.
За ова се сложувам. Но, со ова им се создаваат тешкотии на корисниците кои сакаат да учат компјутери, но не знаат јазик, затоа, сепак мислам дека треба да постојат македонски верзии на софтвер, барем на оние програми кои се користат најмногу во МК, а за наредбата copy, ќе се преведе лесно со - копирај. Каде е проблемот тука? Можда ти звучи смешно, зашто не си навикнат, но за човек кој не знае англиски ќе му биде многу пологично одколку copy.
 
filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
@maximilian се сложувам за твоето мислење за преводот на македонски јазик исто така и јас сметам дека нашиот јазик како и сите останати се разликуваат од сите други и има специфични форми за одредени работи и колку и да звучат некои зборови чудно сепак тоа е тоа и треба да се привикнеме на нашата јазична подршка и не сметам дека тоа се грешки и лоши преводи туку тоа е како изгледа на Македонски јазик.Нормално грешки се појавуваат ама не се фатални и можат да се исправат
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Јас сакам се да има на македонски одлично изгледа. Го знам одлично англискиот, но кога ќе седнам на компјутер со друг јазик ми се јавува некоја желба да го имав и јас сето тоа преведено на мојот јазик.
Дури и сите интернет страници им се преведени на сопствениот јазик во другите земји. На пример отвараш yahoo ти се отвара на македонски и слично.
Друго е прашањето на добро преведено и лошо преведено. Затоа треба да се спојат мислењата и искуствата на повеќето и да се создаде одличен превод. Ако преводот е супер полесно ќе се снајдеш во програмата и ќе знаеш што секоја означува.:D
Ако не сакате македонски превод ќе си уклучите англиски како што сакате.:ha:
 
spiderman

Intern
16 април 2007
783
44
Не се сложувам со ова. Има луѓе што не го знаат јазикот баш добро,но имаат основни познавања, т.е. знаат да си го користат за канцелариски работи.

Да, но оди кажи им го тоа на луѓето од постарата генерација, каде што било реткост да се знае јазикот, а сепак сакаат да научат компјутери. (читај: во денешно време во повеќето случаи и МОРААТ ако саккаат да најдат работа)

Дали си сигурен? Во Бугарија тврдам дека бугарските верзии на софтвер се користат повеќе одколку англиските (доколку истите постојат)

За ова се сложувам. Но, со ова им се создаваат тешкотии на корисниците кои сакаат да учат компјутери, но не знаат јазик, затоа, сепак мислам дека треба да постојат македонски верзии на софтвер, барем на оние програми кои се користат најмногу во МК, а за наредбата copy, ќе се преведе лесно со - копирај. Каде е проблемот тука? Можда ти звучи смешно, зашто не си навикнат, но за човек кој не знае англиски ќе му биде многу пологично одколку copy.
епа ајде покажи употреба на команда копирај да видиме што чудо е тоа :)
 
Bam1

Intern
10 септември 2008
105
1
tab=јазиче :LOL:
Мислам стварно одвратно звучи.....ова е само еден од многуте смешни поими на македонската мозила.Искрајно не сум за овие македонски верзии
Можеби тебе ти изгледаат смешно бидејќи ти влезот на ИТ си го направил на англиски. Меѓутоа пожелно е да има македонски превод на се за новите ИТ македонски генерации. Ним нема да им биде интересно бидејќи првите чекори во ИТ тие ќе ги направат на македонски па потоа ќе биде вака: јазиче-tab уф колку е интересно. :)
 
DoomiX_MDK

Gaining Experience
9 април 2007
174
109
Инаку се е навика по некое време користење ќе се снајдете супер.
Да, и јас прв пат кога ја снимив македонската верзија на Firefox, ми изгледаше многу чудно и глупаво, но сега ја навикнав, ептен ми е ок и ја користам македонската верзија , иако го знам и немам проблем со англискиот јазик.

Може на некого му звучи лошо на македонски зошто е навикнат на англиски, но на оној кој не знае англиски сигурно би му звучело поубаво на македонски отколку на англиски, па би одбрал македонски наместо англиски.
Во целост се сложувам со тебе.

Тие што незнаат англиски неможе да знаат да работат на компјутер.
Нема врска. Тие што незнаат англиски им е многу потешко на работат со компјутери, но не значи дека неможат да работат на компјутер.
Плус во денешно време срамота е да не знаеш англиски.
Не е срамота. На некој едноставно не му оди. Или припаѓа на постарата генерација.

Да, но оди кажи им го тоа на луѓето од постарата генерација, каде што било реткост да се знае јазикот, а сепак сакаат да научат компјутери. (читај: во денешно време во повеќето случаи и МОРААТ ако саккаат да најдат работа)
Точно.Со програми преведени на македонски јазик многу полесно би им била работата со компјутери и многу повеќе луѓе ке работат.
Така да :bravo: за идејата.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Што направивте со преводот го преведовте или ве фати мрза. Ако сте го завршиле дајте да видиме, јас сум многу нестрплив. Да не кажавте дека сте го направиле скоро досега може и ќе го преведев.

п.с. зошто неможам смајли да ставам во брз одговор
 
gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,382
683
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Подобра варијанта од јазиче за tab не постои.. сме го правеле муабетов 100 пати.

За други забелешки со преводот на Mozilla Firefox бујрум пријавувајте тука: http://bugs.softver.org.mk/proj2
 
11 октомври 2008
11
0
Зошто до сега никој не го превел Skype на македонски?
Има слободно опција да се промени јазикот од Англиски на друг јазик или па по своја желба да преведеш се на својот јазик.

Сето тоа се зачувува во документ и може да го размениме меѓу себе сите.

Ако има кандидати за превод супер би било, а ако го има некој веќе преведено уште поубаво.
Еве јас го преведувам, па кога ќе биде готово ќе ви речам.
 
spektrumZX

Intern
31 октомври 2008
199
16
епа ајде покажи употреба на команда копирај да видиме што чудо е тоа :)
Муабетот ти е во согласност со твојот знак и подобро да си ја промениш државата.

Ако сакаме да имаме високо развиена информатичка свест, кон која колку што знам тежнееме во ова време, англискиот јазик ќе биде основа во тој поглед.
Но, не смееме да си го потцениме нашиот и треба да се трудиме да имаме што поголем број на програми преведени. А еве и мал одговор зошто. Има луѓе, посебно постари, кои никогаш нема да се осмелат да седнат на компјутер и имаат некој вроден страв од него или од тоа што мислат дека за да работиш со компјутер мора да го познаваш англискиот. Тие луѓе најверојатно би го користеле компјутерот само за да прочитаат некоја вест, да напишат некое писмо и најчесто да комуницирааат со своите најблиски. Тоа се група на луѓе на која преведен програм на мајчин јазик ќе им даде храброст да седнат и да го вклучат компјутерот. Тие тоа го заслужуваат во целост и треба да им помогнеме.
Се согласувам дека некои термини допрва треба да бидат усвоени и тоа е убаво да го правиме заедно. За tab некако се ме влече да се преведе како „картичка“.
Еве едвај чекам да го постирате преводот и ќе пробам да бидам конструктивен во секој поглед.
 
Ах чедо мое,како тоа ти би го превел tab како картичка по кој основ..И свати и ти и сите други дека компјутерот ке разбере едноставно само латиница(англиски) и бинарен систем(0,1) и ништо друго. Е сега ако сакаш кирилицата да биде дел од компјутерите бујрум седни направи програмски јазик кој ќе работи исклучиво на кирилица па тогаш да правиме муабет за македонски превод. А дотогаш кирилица во компјутери е само трескање на зелени. Тоа ти е исто ко да дизајнираш сега перпетуум мобиле што е невозможно. А и тие што незнаат англиски ке знаат да работат на компјутер кога сите ние ке можеме да возиме кола без волан односно без некој вид на управувач ете тогаш.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,570
Мислења
820,760
Членови
28,229
Најнов член
redstone
На врв Дно