1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Skype лансираше VoIP за сите мобилни и фиксни телефони

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од светот' започната од olikomerc, 26 Февруари 2011.

  1. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,580
    3,519
    11 Декември 2008
    Машко
    Интересна информација што ја прочитав и сакам да ја споделам.

    Скајп воведува сервис наречен Skype To Go, сервис кој овозможува на корисниците да прават гласовни повици преку интернет (VoIP) од било кој мобилен или фиксен телефон.
    Со други зборови веќе нема потреба од интернет/3G конекција за да се јавите преку Skype.
    Исто така не е потребно ништо да се инсталира, дури не треба ни компјутер или смартфон.
    Како функционира? Го давате бројот на кој треба да се јавите и Скајп ви доделува уникатен Skype To Go број со вашиот повикувачки број. Потоа може да се јавите на тој број од вашиот мобилен/фиксен телефон, по стандардниот ценовник на Скајп. Плаќањето може да се направи преку Skype Credit или со претплата.

    Skype To Go броевите се бесплатни, и може да имате најмногу до 9 броеви. Може да се наместат посебни броеви за одредени луѓе кога ги барате и да ги зачувате директно во вашата контакт листа.

    Иако оваа услуга не е бесплатна, сепак мора да се напомене дека е прилично револуционерна и голем чекор напред.


    Извор
     
    1 person likes this.

Сподели

Вчитување...