• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Skype и PlayStation Portable заедно!

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Сони се здружи со Skype со цел да им овозможи на корисниците на PlayStation Portable да телефонираат бесплатно или по ниски цени низ целиот свет.

Ова е најновиот потег на гигантот и обид да го прошири користењето на своите конзоли, со намера да го победи својот ривал Nintendo. Сони изјавија дека новата услуга ќе биде достапна при крајот на јануари за PSP 2000 сопствениците. Откако ќе биде направена надградба на софтверот, PSP корисниците ќе можат да четуваат бесплатно со други Skype корисници и за одреден мал надомест да се јавуваат на фиксни и мобилни телефони било каде во светот.



Сони изјавија дека овој потег е направен за „да ја промовира експанзијата на PSP платформите како системи за забава кои нудат различни видови на интерактивна дигитална забава“.

Skype кој во октомври 2004 година беше купен од страна на eBay, користи peer-to-peer мрежа со која на корисниците им нуди бесплатни телефонски повици преку нивните компјутери. А повиците кон фиксните и мобилните мрежи се со многу пониски цени.

Сони кој во минатото го смени начинот на кој светот слуша музика со својот вокмен, сега повторно се труди да ја ги врати своите корисници борејќи се со Apple iPod и Nintendo Wii.

Извор:ИДИВИДИ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,896
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно