• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Склопување на конфигурација НАПРАВИ САМ....ПОМОШ?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

akademikot

Intern
2 март 2008
6
0
После 3 години решив да се пондовам со нова машина, ги разгледував понудите на ИТ компаниите кај нас и во никоја не мозев да си склопам конфигурација по мој кеиф, негде нема нешто негде нема друго, и ресив да експериментирам малце, составив една конфигурација и сакам да ги порачам посебно деловите и да ја склопам дома,ова би ми било прв пат и не знам дали ке се снајдам како сто треба, досега моите хардверски интервенции се состоеле во менуванје на РАМ, замена на графичка, чистење на кулер и слично, мислам дека со склопување не би имал проблем, едино ме плашит БИОСОТ да не треба да се подесува нешто.
Ме интересира дали треба да се знае уште несто пред да ги порачам деловиве?



MB MB ASUS M2N-E SLI, socket AM2 5.152,00 ден. Revolution Store

CPU Athlon 64bit x2, AM2 6000+ DualCore 940pin BOX 10.470,00 ден. Niko Store

Memory-RAM 2 x 1GB DDR3 1066MHz Kingston 11.940,00 ден. Anhoch computers
или
Memory-RAM 3 x 1GB DDR2 1066MHz Kingmax 5.517,00 ден. Niko Store

HDD 320GB Western Digital, 7200, 16MB, SATA2 4.283,00 ден. Revolution Store

FDD FDD 3.5" Sony black 370,00 ден. Anhoch computers

Video Card Sapphire ATI PCX HD 3870 512MB GDDR4 Dual DVI/ TVO 11.970,00 ден. Anhoch computers

Mouse Logitech MX 400 2.095,00 ден. Anhoch computers

Keyboard Logitech Media Elite 1.487,00 ден. Niko Store

Power CoolerMaster eXtreme Power 550W 3.284,00 ден. Set Computers

Case CoolerMaster Mystique 631 Fully Alloy Tower Case 5.022,00 ден. Niko Store

Cooler NOCTUA NH-U 12F Socket,Passiv,4 Dual heat pipes 3.381,00 ден. JVSnet Store

Optical drive DVD ROM Toshiba 16x 920,00 ден. Anhoch computers

Optical drive DVD RW +/- Sony NEC 18x AD7170S SATA Black 1.705,00 ден. Anhoch computers

Modem Fax Modem Gembird Conexant 56K V.92 460,00 ден. Anhoch computers

Monitor LCD HANNSG TFT 22" Hi221D, Wide, black, DVI, 5ms 12.180,00 ден. Revolution Store



Дали овие се сите делови што треба да се порачаат, или треба уште нешто(кабли,штрафови и слично)?


Дали треба несто да се додаде или одземе?
Матичната не сум баш сигурен дали е добра, ако имате подобро решение слободно предложете
како и за РАМ меморијата незнам дали е подобро 2ГБ ДДР3 или 2ГБ ДДР2?
Дали сиве овие делови можат да работат заедно или можеби се контрадикторни и која би била замената за тој делот сто не е добар?
Нека постира некој ако знае каде може да се набави Chieftec куќишта во Македонија?


Било каков совет и коментар е добредојден
 

Wizardion

Intern
2 март 2008
111
1
Мислам дека можеш во Anhoch да си избереш конфигурација по твој избор.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Не сум сигурен дали можи секаде амам види да не има некој што можи (и дали сака) само да ти ја склопи конфигурацијата. Ти набави ги делојте и однеси му ни него и тој нека заврши работа.
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Овде модемот најверојатно и дискетната единица не ти треба.
Исто гледам дега многоу сакаш да фрлиш пари на куќиште, кулер и напајање(во однос на другите делови) а и меморија би одбрал ддр2.

Е сега треба на интернет да разгледаш за компатибилноста помеѓу одредени делови, ама вака ти одговара колку што гледам (некогаш се случува заради некомпатибилност на одреден хардвер да прави константно проблеми како BSOD)
 

drown

Master
8 март 2007
1,453
199
Куманово
iwmnetwork.com
@Wizardion

ги разгледував понудите на ИТ компаниите кај нас и во никоја не мозев да си склопам конфигурација по мој кеиф, негде нема нешто негде нема друго
@akademikot

Штрафови .) треба да идат со куќиштето, а кабли идат со делот - со напојувањето имаш и струен кабел, од матичната имаш иде/сата итн кабли... така да не би требало да докупуваш ништо.

За склопување, пред да ја ставиш матичната во куќиштето, инсталирај ги процесорот и рамот (не дека мора така, но полесно е за тебе). И пред да ја ставиш матичната во куќиштето, првин треба да се зашрафат едни штрафчиња .) односно лешишта на самото куќиште (идат овие со куќиштето). Ова немој да заборавиш.

Ако на самиот кулер нема термална паста, ќе треба да нанесеш ти на процесорот. Ни премногу тенок - ни премногу дебел слој. Најдобро и најлесно со некое парче мека пластика.







Ок, малку е messy моево, ти внимавај повеќе :D

Доколку мислиш дека ќе заглавиш некаде, не експериментирај и прашај си .)
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Прво... што ќе ти е ДДР3 меморија? Претерано е скапа. Земи си ДДР2. Друго, кога даваш толку пари избегни го АМД оди на Intel Core 2 Duo.
Моментално твојот процесор (во bulk верзија - без кулер) е 7940 денари во Анхоч. Ја би ти советувал да дадеш уште некаде 900 денари и да земеш CORE 2 DUO 2.33 LGA775 4MB 1333MHz. Интелот е каде каде подобар од тој АМД.
Друго, паста и мачкање на кулер нема да ти треба затоа што на новите кулери веќе е нанесена пастата на самиот кулер.
За оптички уред би ти препорачал Асус од SET.
Матична плоча во ранг на таа што ја имаш - мада еквивалентот за Интел е малце поскап.

За крај.... премногу ти се овие делови... многу пари фрлени за чалам.
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Ја мислев од странство ќе собираш делови, вака ништо не добиваш. кога купуваш од една фирма ем они ти го склопуваат ем ти даваат попуст ем гаранција
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

akademikot

Intern
2 март 2008
6
0
CPU Intel 3.00GHz Core 2 Duo (E6850)
со
MB ABIT AW9D-MAX Intel 975X+ICH7R, Core2Duo,FSB1066Mhz

или

CPU Intel 2.40GHz Core 2 Quad (Q6600)
со
MB ABIT AB9-Quad-GT Intel P965+ICH8R, LGA 775 FSB1066MHz

која комбинација е подобра?

и дали може АТИ графицка да иде на овие матични?

и каде има Chieftec куќишта?
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
^^ Второто би ти го препорачал ако не си гејмер голем а си за се друго.

Иде ати графички, разликата е само во тоа што едни матични подржуваат CrossFire други SLI а некој ни тоа ни тоа.

Значи ако сакаш да ставаш 2 3870 тогаш гледај матичната да ти подржава CrossFire.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Покрај флопито и модемот, не ти треба ниту ДВД РОМ-от. Не фрлај пари за џабе.
DDR3? Не сум баш сигурен. Официјално се поддржани DDR2 мемориските модули, и тоа максимално DDR2 800. Всушност, провери и сам тука.
Како што веќе е наведено во горните постови, самите процесори кои доаѓаат во BOX варијанта (со кулер), на кулерот има паста. Јас лично ја вадам и ставам друга, ама ако не си сигурен, види го објаснението на drown, или батали.
НИКАКО не зимај процесор кој не е во BOX варијанта!
Не зимај ТРИ мемориски модули. Нема да имаш Dual Channel мод, со самото тоа и меморискиот проток ќе биде преполовен, и нема да имаш некој значителен ефект од третиот гигабајт. Значи, два или четири (ама не знам што ќе ти се 4 GB RAM, освен ако навистина не ти требаат и ако не инсталираш VISTA). Модулите вметни ги во два исто обоени слотови - т.е. "преку еден слот" :D.
Напојување - додај уште некој денар и пазари CoolerMaster iGreen Power 500W Real (6.386,oo ден) или iGreenPower 600W Real (7.900,oo ден). Ова се цени во НИКО.
Ако имаш некој проблем или дилема - пиши.
 

iMak

Intern
5 март 2008
2
0
Suored knofiguracijata sto ja imas toa e dosta dobar kompjuter duri i po ovie standardi u kanada kaj mene. GI imas site delovi sto treba da gi naracas ali proveri dali ide kukisteto so power suply i dali procesorot ide so termalna pasta, ako e e u kutioja od amd ide ako ne e treba da kupis ali toa e eftina rabota.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,525
Мислења
822,600
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно