• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Склопување конфигурација

  • Ја почнал/а темата
  • #1

wiwux

Intern
3 април 2020
24
4
Здраво, планирам да склопувам конфигурација до 25000 (+ -) и не се разбирам многу, па затоа сакав да прашам за совети и критики. Ќе го користам за гејминг, едитирање на видеа и слики, програмирање
Ги најдов следните делови
CPU Се двоумам за процесорот, дали i3-9100F од анхоч за 4400ден или Ryzen 5 2600 за 7800ден
MB искрено не знаев што да одберам и ја најдов оваа надевам се дека е добра матична https://www.anhoch.com/product/599867274/mb-msi-b450m-a-pro-max-ryzen-ddr4-4133-usb32-dvihdmi 3600ден
RAM DIMM 8GB DDR4 3200Mhz Kingston CL16 HyperX Fury Black 2400ден (сега за сега 8GB, понатаму ќе ставам уште 8)
GPU за графичка мислам дека ќе земам некоја од форумот разгледував од гојдо и оваа ми се чинеше поволна за парите Asus Dual RX580 4GB OC 5000ден
SSD Kingston 120GB A400 SSD SATA3 1500ден
HDD HDD 1TB Toshiba P300 7200rpm 2250ден
Case https://www.anhoch.com/product/43789/atx-midi-tower-case-matrix-mx-07-w-700w-psu-black
1500 денари
без монитор со рајзенот излегува вкупно 24050 денари, а со и3ката 20650 денари
Исто така и монитор не знам каков да земам, ако сакате понудете некој budget
Веќе реков дека не се разбирам многу, па давајте совети, примам критики
Ви благодарам однапред
 
Vlad944

On your way to fame
3 март 2015
351
693
Битола
AMD R5 1600AF - 6800 setek
Gigabyte B450m-ds3h - 4200 anhoch или Gigabyte B450 S2 за 3620 денари
A-Data Gammix D10 2x8 - 4000 - setek
HDD 1TB - 2200 anhoch или SSD 240gb за 2150 денари
GPU - AMD RX 570-580 4гб - 5000
Куќиште до 1500 денари Sama и напојување до 3000 поквалитетно од форумов да побараш.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

ти благодарам. Разгледував на форумот и го најдов ова напојување PSU Gigabyte G750H Gold 750W 80+ ама темата е од пред некој месец, му пишав приватна порака на сопственикот па ќе видиме.
Во меѓувреме ако сакате да ми кажете ако знаете некој кој има напојување за продавање.
На крај ми останува уште куќиште и монитор. Мислам дека не ми треба којзнае какво квалитетно куќиште, само да врши работа. Го најдов ова https://www.anhoch.com/product/5998...sama-inpower-black-gold-7-gaming-black-wo-psu дали ќе биде таман?
Монитор ако не најдам некој половен или малку користен ќе купам еден HDMI to VGA адаптер па на стариот ќе работам. Благодарам уште еднаш.
 
Куќиштето е доволно за парите но јас би ти препорачал да си го земеш ова Sama
Разликата е што напред е Mesh за подобар проток на воздух.Само имај на ум да знаеш дека овие куќишта не доаѓаат со кулери,така да ќе треба нахнадно да земаш case fans.
Разгледај во Анхоч има ефтини како на пример оваj DeepCool 120мм за 220 денари,го имам 5 години и мака нема.
 
Igor6

Intern
24 мај 2020
12
6
Почекај ryzen 4 серија или купи си ryzen 5 1600af околу 100 евра е. За графичка користам rx480 4gb nitro plus oc за 1080p гејминг е доста добра ги тера сите нови игри без проблем, така да rx580 е малку подобра. Ако зимаш монитор со поголема резолузија таа графичка нема да биде добра, освен за light гејминг. И купи си ссд од 240гб минимум, многу од новите игри не функционираат добро на хдд.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Да, како што кажа @Vlad944 ќе одам со Ryzen 5 1600AF го има во сетек. Најдов на DDStore нови напојувања под 3000 денари 80+
MS PLATINUM PRO 80+ 500W, ukupna snaga 500W, crno kućište, APFC, 12 cm ventilator, SECC, duljina kabela 600mm, napajanje:1.2m kabel, ON/OFF prekidač, priključci: 20+4 pin, 4+4 pin 12V, SATA x4, Molex 4pin x2, PCIe 6+2 pin x1, FD - ова е 500W
NJOY AGON 600W Pasive PFC 80 Plus - 600W
Не знам колку јако напојување ќе му треба на компјутерот, ама мислам дека тоа од 600W ќе биде добро. На крај останува уште мониторот
 
Куќиштето е доволно за парите но јас би ти препорачал да си го земеш ова Sama
Разликата е што напред е Mesh за подобар проток на воздух.Само имај на ум да знаеш дека овие куќишта не доаѓаат со кулери,така да ќе треба нахнадно да земаш case fans.
Разгледај во Анхоч има ефтини како на пример оваj DeepCool 120мм за 220 денари,го имам 5 години и мака нема.
Ако е подобро, тоа ќе го земам. Инаку видов во опис дека немаат fan па право ќе земам еден од таму, ако го има на залиха овој што ти ми го препорача
 
Vlad944

On your way to fame
3 март 2015
351
693
Битола
@wiwux овие напојувања што ги пиша погоре не би ги ставил во ПЦ-то поради што неможат да испорачат доволно вати за да ти ги нарани деловите особено графичката.Подобро половно да земеш но барем познат бренд во квалитет и во се друго како на пример CoolerMaster,Evga,Corsair,Gigabyte,Riotoro,Nzxt.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,211
10,142
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Почекај ryzen 4 серија или купи си ryzen 5 1600af околу 100 евра е. За графичка користам rx480 4gb nitro plus oc за 1080p гејминг е доста добра ги тера сите нови игри без проблем, така да rx580 е малку подобра. Ако зимаш монитор со поголема резолузија таа графичка нема да биде добра, освен за light гејминг. И купи си ссд од 240гб минимум, многу од новите игри не функционираат добро на хдд.
Значи да расчистиме, неколку месеци веќе нема Ryzen 5 1600AF избришете го од сите комбинации. Кој зема-зема, толку, единствено на старо.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

wiwux

Intern
3 април 2020
24
4
@wiwux овие напојувања што ги пиша погоре не би ги ставил во ПЦ-то поради што неможат да испорачат доволно вати за да ти ги нарани деловите особено графичката.Подобро половно да земеш но барем познат бренд во квалитет и во се друго како на пример CoolerMaster,Evga,Corsair,Gigabyte,Riotoro,Nzxt.
ова добро е? PSU Gigabyte G750H Gold 750W 80+
 
Значи да расчистиме, неколку месеци веќе нема Ryzen 5 1600AF избришете го од сите комбинации. Кој зема-зема, толку, единствено на старо.
Сега проверив, овој е само 1600
што е разликата меѓу овие два, сега се збунив малку
AMD RYZEN 5 1600 3.2GHz up to 3.6GHz
AMD RYZEN 5 1600
 
Igor6

Intern
24 мај 2020
12
6
ова добро е? PSU Gigabyte G750H Gold 750W 80+
 
Сега проверив, овој е само 1600
што е разликата меѓу овие два, сега се збунив малку
AMD RYZEN 5 1600 3.2GHz up to 3.6GHz
AMD RYZEN 5 1600
вториот пишува дека е аф ама прашај си во сеттек за сигурно, а другиот е првата генерација на ryzen. Инаку за напојување убаво ти кажаа не купувај такви брендови. Тоа ти е најбитен дел и не штеди пари за него. 750 вати ти е многу за rx580. 500 или 600 вати добра марка ке ти заврши работа. За кукиште гледај да има повеке отвори за ладење, бидејки графичката дига висока температура. А за монитор кажи до колку пари даваш. Јас земав од ддсторе пред некој месец самсунг 27 инчен заоблен 1080p VA panel за 10 500. 72 hz со freesync. Ок монитор е и за гејминг и за работа.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,211
10,142
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
ова добро е? PSU Gigabyte G750H Gold 750W 80+
 
Сега проверив, овој е само 1600
што е разликата меѓу овие два, сега се збунив малку
AMD RYZEN 5 1600 3.2GHz up to 3.6GHz
AMD RYZEN 5 1600

Разликата меѓу Ryzen 1600 и 1600AF е цела генерација. Првиот е Zen1 а вториот Zen2 јадро. 1600АФ е уствари Ryzen 2600 минус 200MHz boost и повеќе не се произведува. А на сајтот на Сетек што е разлика тоа само семоќниот би знаел кога би постоел.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,828
5,218
Мелмак
Нека провери членот во Сетек дали навистина го има на лагер де, може имаат преостанато залиха.

За напојување ко што ти кажаа не зимај кинезарии со фејк ефикасност и снага. Тоа што си го линкувал гигабајт е доста океј и цената е добра. Реално не ти треба 750w така шо би можел и да заштедиш ако најдеш некое 550-600w за 2000 денари на форумов на старо, а тие 1000 денари заштеда да ги вложиш во други компоненти (поголемо ССД или пак троа подобра матична).

Искрено, најдобра опција ти е да купиш на старо компјутер за тој буџет од некој член кој продава, на пример @gOJDO кој често продава конфигурации и е проверен продавач на форумов. Можеш без грижа и со доверба да купиш, а ќе добиеш многу повеќе отколку што би добил при купување нови компоненти за тој буџет.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

wiwux

Intern
3 април 2020
24
4
Дали знаете кој би можел да продава напојување на форумот, прашувам бидејќи не ги исполнувам условите за да поставам оглас во "Купувам"
 
Бидејќи го нема R5 1600AF, мислам дека најдобро ќе биде да одам со R5 2600. Што ќе советувате?
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,784
2,422
Битола
Дали знаете кој би можел да продава напојување на форумот, прашувам бидејќи не ги исполнувам условите за да поставам оглас во "Купувам"
 
Бидејќи го нема R5 1600AF, мислам дека најдобро ќе биде да одам со R5 2600. Што ќе советувате?
Јас ќе го продавам моето (кликни под името да видиш кое), ми треба појако за Ампер.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,828
5,218
Мелмак
Колку пари е Р5 2600? Провери ли како се цените на старо нешто да си земеш?

Што значи не да гледаш шо има моментално во огласи види што се продало во последните месец, два, три на форумов и по која цена. Спореди си бидејќи можда ќе добиеш 50% повеќе перформанси за исти пари ако идеш со second hand. Многу од поновиве делови уште ќе се под гаранција и да ги земеш на старо. Буџетот ти е доста лимитиран за на ново.

И секако другиот аспект на купување на делови на старо е дека ќе си почекаш. Напојување на пример нема да најдеш можда денес, утре или неделава. Ќе треба да почекаш да некој продава баш какво шо ти треба или евентуално коа ќе можеш да огласуваш да прашаш за понуди. (ова последново не значи сеа да спамираш на форумот со надеж дека ќе собереш лајкови)

Тоа ти е trade-off меѓу ново и старо. Ново (најчесто) можеш уше денес од продавница да си купиш (у пракса и таму се чека да ти обезбедат делови некогаш по недела или две).

Значи тука сме да помогнеме ама земи направи листа на шо разгледуваш и за колку пари.

Прашањето за 2600 без да споделиш цена нема контекст. 2600 е исто со 1600АФ отприлика, но ако цената е дупло поголема од цената на 1600АФ - тогаш дефинитивно не се исплати.
 
Tobey

Intern
23 април 2017
202
47
Здраво, не сакам да се должи темата минтреба само совет каква графичка карта да купам за фотошоп и илустратор? Не ми треба за гејминг
Процесорот е и5 9400
 
PandaBomber

Gaining Experience
13 јуни 2012
391
498
Здраво, не сакам да се должи темата минтреба само совет каква графичка карта да купам за фотошоп и илустратор? Не ми треба за гејминг
Процесорот е и5 9400
Photoshop користи секаква графичка со блага наклонетост кон nVidia, дај му каква сакаш во зависност од буџетот. Само треба да знаеш дека најмалце корист добива од gpu, јак процесор (и single core speed и повеќе јадра) и многу рам се побитни од графичка, тоа имај го во предвид ако инвестираш.

За illustrator уште помалце битна gpu, он пресметува координати цело време а за тоа му е најбитен single core speed.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,211
10,142
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Radeon RX550 или GeForce 1050Ti, 1650.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

wiwux

Intern
3 април 2020
24
4
Ви благодарам на сите за советите. Пред некој ден со помош на брат ми ја склопивме првата конфигурација, а го начекав и овој монитор FHD Монитор ACER 24ACVG240 YBMIIX, 23,8", IPS, 4ms вчера за 4500 денари и сум премногу задоволен во однос на тоа што го имав претходно.
 
Necromancer

Unstoppable
24 февруари 2012
3,367
3,888
Скопје
Zasto da davas pari na nova maticna koja sto kosta 4000 denari i na i3 procesor koj sto kosta 4000 denari koga za tie pari mozes da si kupes polovna 1150 ploca za 3500 denari i procesor i5 4xxx za 4000 denari od forumovi i stari 5 godini. Neli sto postaro toa podobro e :)
Шо зема човекот? Сиже некое има?

На крај краева чим е задоволен, тоа е најважно!
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,574
Мислења
820,962
Членови
28,238
Најнов член
$КИКО$
На врв Дно