• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

СКАНДАЛ ВО македонската СЛУЖБA ЗА БЕЗБЕДНОСТ

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,907
www.iwmnetwork.com
Нашите разузнавачи отчукани во Бугарија

Вработен во УБК, И.С., ископирал тајни податоци и ги доставил до бугарската Служба за државна сигурност
Сите податоци за тајни агенти, соработници, планови, тековни акции и други строго доверливи потоци на Управата за безбедност и контраразузнавање биле украдени од архивата, дознава „Дневник“ од извори во Министерството за внатрешни работи.

Во архивата на контраразузнавачката служба упаднал вработен во УБК, кој пред еден месец пребегал во Бугарија. Тој успеал кришум да ги ископира доверливите податоци од главниот компјутер на три дискети и на едно цеде. Неофицијално, тој податоците веќе ги доставил до бугарската Служба за државна сигурност. Во МВР вчера изјавија дека не била регистрирана таква кражба.

Главниот осомничен е лице со иницијали И.С.. Тој работел како аналитичар во УБК, а е внук на поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска, актуелна директорка на Македонски културен центар во Софија. Во Управата за безбедност и контраразузнавање последниве недели се врши засилена оперативна истрага за кражбата на податоците под шифрирано име „Софија“. Шефот на бугарската Служба за државна сигурност му се јавил на актуелниот директор на македонската УБК Сашо Мијалков на неговиот приватен мобилен телефон „за да го поздрави“, што било прв сигнал дека нешто не во ред. Нашите разузнавачи се посомневале дека некој им го доставил бројот на бугарските разузнавачи. Почнала потрага по „кртот“, а по прегледот на снимките на сигурносните камери во просторијата во која е главниот компјутер се открило дека сторителот е И.С.. Тој ги ископирал податоците во ноќна смена, кога во Управата има само неколку вработени. Набрзо по кражбата заминал во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. УБК неколкупати телефонски разговарала со него и барала да се врати, но тој одбил. Не се знае каде точно е во Бугарија.

Изворите на „Дневник“ посочуваат дека биле украдени и податоците за планови за извлекување теренски агенти во случај на опасност. Неофицијално, исчезнати се податоци со кои ќе се разоткрие нашата разузнувачка мрежа и за чија обнова ќе бидат потребни две децении.
Даниела Вељановска

петок, 31 август 2007 - Dnevnik.com.mk
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
УБК неколкупати телефонски разговарала со него и барала да се врати, но тој одбил. Не се знае каде точно е во Бугарија.
Да да, тие му се јавиле и тој им одговорил. И ако сварно било така, со кој памет мислеле дека ќе се врати во македонија, па не е до толку будала.

Изворите на „Дневник“ посочуваат дека биле украдени и податоците за планови за извлекување теренски агенти во случај на опасност.
Во сета црнина, позитивно е барем што ете сме имале теренски агенти.
Јас мислев дека тоа е мисловна именка кај нас.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,907
www.iwmnetwork.com
Во сета црнина, позитивно е барем што ете сме имале теренски агенти.
Јас мислев дека тоа е мисловна именка кај нас.
Ne mi deluvash mnogu informirano na ovaa tema, DBK si raboti so godini i toa na golem plan... :)
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Мене ме плаши ИТ делот од ДБК. А дека се добри на терен, добри се. Треба на некој таму да му текне да собере ѕвер ИТ тим.
Стварно тоа со дискетите и ЦД-то е апла
 
M

Mr.Alien

Гостин
Ме интересиран заднината на сето ова....не е кражбата туку така.
Или можеби се работи за "болва" да се сврти вниманието од некои други актуелности?:zbunet3:
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Ne mi deluvash mnogu informirano na ovaa tema, DBK si raboti so godini i toa na golem plan... :)
Не знам . Можеби си во право. Можеби сварно се добри.
Еноставно јас не верувам дека имаме добро развиена мрежа на агенти и можеме да се носиме со една Грција на пример, или со српската разурнувачка служба.
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Ме интересиран заднината на сето ова....не е кражбата туку така.
Или можеби се работи за "болва" да се сврти вниманието од некои други актуелности?:zbunet3:
Се е можно.
Ама во денешно Време, имаше демант на сето тоа.
Дека било политичко масло на претседаелот.
Кој знае што е.
 

S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
Premnogu opasna i golema rabota e ova ako informacijata e tochna, a zvuchi ozbilno bidejki bezkompromisno se spomnuvaat iminja i inicijali.

Ako e tochno, me interesira cifrata. :)

Stefan.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,841
Членови
28,041
Најнов член
OgnenIvanovski
На врв Дно