• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Сите функции на CNC USB контролерот

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Garfield'

Баниран/a
18 јануари 2019
299
75
Blisku Berovo
Здраво другари сакав да прашам
во врска со cnc програмите како работат?
Дали има некој искуство?
Сакам да занм како работи cnc машината.
Како што дознав една грешка на цнц
Може да биде карј со цнц. Машината?
 
Speedster

Gaining Experience
1 јануари 2016
429
448
Speedster's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 3900X 12-Core Processor
Motherboard
ASRock X570 Taichi
Storage
Samsung SSD 970 EVO Plus 500GB
PSU
HX Series™ HX1000 — 1000 Watt 80 PLUS® PLATINUM
RAM
G.Skill 8192 MB (DDR4-2137) - XMP 2.0 - P/N: F4-3600C18-8GTZN X 2
Video card
NVIDIA GeForce RTX 2070 SUPER
Case
be quiet! Pure Base 500 Mid-Tower Case
Mouse
COOLER MASTER Sentinel III
Monitor
MSI MAG272CQR (MSI3CA6)
OS
Windows 10 Pro
Па не а баш така во зависност дали ке користиш mach 3 софтвер и ке ги поврзеш машината ( цнц ) дирекно со компјутерот или ке црташ со 3д софтвер па фаилот ке го префрлаш со усб до цнц џоистикот .

Ако раб со мач 3 тогаш мораш да штелуваш многу раб фрекфенции обртај струја х , у , з - оски . Со еден збор ептен комплицирано . Ако земеш готова машина од странство со цнц џоистик тогаш се ти е калибрино од таму ти ке треба само да црташ на 3д софтвер . Ке треба кога ке црташ да дадеш дубина , сирина , нулта позиција од кај ке почнува машината . Материјал со кој ке работиш со која брзина ке треба главата да се движи , што нож ке ставиш , дали ке жлеба дали ке сече дали ке прави нутови итн ... се ова е за еден вид на цнц . Незнам за каков вид на цнц те интересира за кој материјали би раб . Ако дека може да се заебе одма машината може само ако при мач 3 ставиш погрешни параметри ама мислам и тогаш неможе . А преку усб и зоистик може само дс ти скрши нож и да ти ја заебе подлогата материјалот дрвото или што и да е ...
 
Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,272
330
Многу зависи за каква ЦНЦ машина станува збор. Не се сите ЦНЦ машини исти кога станува збор за безбедноста на машината при работа, поготово кај рачно правените машини.

Ако машината има безбедносни прекинувачи (лимитери) тогаш немаш проблеми со „уништување“ на машината освен ако некој од прекинувачите не затаи.
Вообичаено кај поскапите машини се ставаат по два прекинувачи на оска - едниот прекинувач е вообичаен лимитер, вториот е за во случај ако затаи првиот и ја гаси целосно машината и со тоа спречува поголема хаварија.

Погорново е од аспект на надминување на работните димензии на машината.

Ако направиш некоја друга грешка, на пример преголеми брзини на глодање, премал број на вртежи на спинделот, преголема длабочина итн., тогаш доаѓа до кршење на глодалото и понекогаш оштетување на работното парче.

Има повеќе можни неправилности при работа и за секоја од нив си има карактеристична последица. Кажи што поточно те интересира па ќе ти објасниме.

Како што дознав една грешка на цнц
Може да биде карј со цнц. Машината?
Може да се случи некој квар, али секој квар се поправа. Дека е крај со ЦНЦ машината, не.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Дали постои бесплатна
обука за цнц?
Сакам да научам како да работам на cnc ако може?
Се работи за правање столови од дрво на cnc,ако може некој да ми помогне,дознав дека на cnc
се работи со програма која може да го направи столот.
Дали се работи се со програмите
кои ги има на cnc usb-то?
 
Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,272
330
Дали постои бесплатна
обука за цнц?
Не сум наишол на такво нешто до сега, искрено. Но не е некоја голема наука. Се учи поприлично брзо уз работа, секако ако имаш желба да научиш и некое основно предзнаење за машинството, или во случајов дрводелството. Секако за да станеш стварно добар мајстор ќе ти требаат години и години работа и искуство.

Сакам да научам како да работам на cnc ако може?
Можеш да побараш по гугл некоја литература за оперирање на цнц машини (има доста голем избор), воглавно треба да знаеш како да менуваш глодала, да нулираш позиција на глодало, да местиш/вадиш работни парчиња, да ја пушташ машината во работа, да научиш да се справуваш со луфтата во вретената (за рачни машини) и сл. Тие работи најбрзо се учат на лице место, само треба да имаш некој кој ќе те води низ процесот.
Може да се учи и самостојно (со литература) но за тоа ќе ти треба да имаш машина, подолго време ќе ти треба додека научиш и повеќе грешки ќе направиш. Тие грешки често пати знаат да чинат пари (претежно глодала и работен материјал).

Се работи за правање столови од дрво на cnc,ако може некој да ми помогне,дознав дека на cnc
се работи со програма која може да го направи столот.
Дали се работи се со програмите
кои ги има на cnc usb-то?
Околу програмскиот дел не знам да ти помогнам со сигурност, таму каде што работев програмите за цнц-то ги изработуваше друг човек. Јас ги оперирав машините во Mach3Mill користејќи g-code.

За изработка на столови (претпоставувам дека станува збор за ногарки), најчесто се користи ЦНЦ машина со 4 оски. Изводливо е и со машина со 3 оски па дури и само со рачен дребонг и глодалка. Генерално за дрвена столарија не се бараат стриктни толеранции, можеш слободно да имаш отстапувања од неколку десетти па до неколку милиметри кај некритичните димензии. Или во превод, многу е поопуштено кога се работи со дрво наместо кога се работи со метал.

До сега имам работено само на рачни и на ЦНЦ машини (со 3 оски) за обработка и производство на машински делови, и најчесто сум работел со толеранции од 1-2-3 стотти за критичните димензии.

Најубаво би ти било ако имаш некоја шанса да поработиш неколку месеци како чирак во некоја дреарска или дрводелска работилница, и тоа прво на рачни машини, за да стекнеш осет како се работи и како се одвиваат процесите на работа. Потоа кога ќе преминеш на ЦНЦ машини ќе ти биде многу полесно, многу побрзо ќе ја научиш и свикнеш машината и помалку грешки ќе правиш. Грешките може да чинат пари во зависност од тоа какви алати за глодање/стругање користиш и каков материјал обработуваш. Често пати се случува да треба да дообработиш веќе некој постоечки дел, па ако го утнеш малку ќе отиде јабана целиот дел...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Garfield'

Баниран/a
18 јануари 2019
299
75
Blisku Berovo
Не сум наишол на такво нешто до сега, искрено. Но не е некоја голема наука. Се учи поприлично брзо уз работа, секако ако имаш желба да научиш и некое основно предзнаење за машинството, или во случајов дрводелството. Секако за да станеш стварно добар мајстор ќе ти требаат години и години работа и искуство.

Можеш да побараш по гугл некоја литература за оперирање на цнц машини (има доста голем избор), воглавно треба да знаеш како да менуваш глодала, да нулираш позиција на глодало, да местиш/вадиш работни парчиња, да ја пушташ машината во работа, да научиш да се справуваш со луфтата во вретената (за рачни машини) и сл. Тие работи најбрзо се учат на лице место, само треба да имаш некој кој ќе те води низ процесот.
Може да се учи и самостојно (со литература) но за тоа ќе ти треба да имаш машина, подолго време ќе ти треба додека научиш и повеќе грешки ќе направиш. Тие грешки често пати знаат да чинат пари (претежно глодала и работен материјал).

Околу програмскиот дел не знам да ти помогнам со сигурност, таму каде што работев програмите за цнц-то ги изработуваше друг човек. Јас ги оперирав машините во Mach3Mill користејќи g-code.

За изработка на столови (претпоставувам дека станува збор за ногарки), најчесто се користи ЦНЦ машина со 4 оски. Изводливо е и со машина со 3 оски па дури и само со рачен дребонг и глодалка. Генерално за дрвена столарија не се бараат стриктни толеранции, можеш слободно да имаш отстапувања од неколку десетти па до неколку милиметри кај некритичните димензии. Или во превод, многу е поопуштено кога се работи со дрво наместо кога се работи со метал.

До сега имам работено само на рачни и на ЦНЦ машини (со 3 оски) за обработка и производство на машински делови, и најчесто сум работел со толеранции од 1-2-3 стотти за критичните димензии.

Најубаво би ти било ако имаш некоја шанса да поработиш неколку месеци како чирак во некоја дреарска или дрводелска работилница, и тоа прво на рачни машини, за да стекнеш осет како се работи и како се одвиваат процесите на работа. Потоа кога ќе преминеш на ЦНЦ машини ќе ти биде многу полесно, многу побрзо ќе ја научиш и свикнеш машината и помалку грешки ќе правиш. Грешките може да чинат пари во зависност од тоа какви алати за глодање/стругање користиш и каков материјал обработуваш. Често пати се случува да треба да дообработиш веќе некој постоечки дел, па ако го утнеш малку ќе отиде јабана целиот дел...
Благодарам.
Се распрашав ми кажаа можеби ќе може,но ризично било ако направам една грешка при материјалот што се изработува,кога се стави во
глодање/стругање.
Не треба да се стегне многу материјалот што е за глодање или стругање.
Понекогаш знае и да зезнува програмот кој е изработен.
Би било интересно ако можам
да работам со cnc,се зима голема
плата изгледа,но за грешите што се прават си во минус.
Барав по youtube најдов малку,но
Ако некој знае може
да ми покаже да научам нешто во cnc како што велиш како чирак.
И дали постои некоја обука со сертификатда се добие со cnc?
Во скопје или?
 
Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,272
330
Благодарам.
Се распрашав ми кажаа можеби ќе може,но ризично било ако направам една грешка при материјалот што се изработува,кога се стави во
глодање/стругање.
Грешки секако дека ќе имаш, и на мајстор со 30 години искуство му се случува да згреши, само што на овој помалку ќе му мрчат него ли на почетникот, нели :)...
Кога ќе работиш на почеток, нема одма да ти даваат скапи делови да обработуваш, туку прво ќе ти даваат поголеми бројки на исти делови за обработка каде што стекнуваш искуство и осет за работа со машините. Овие почетнички работи се воедно и едни од најдосадните, пошто се состојат од голем број на едни исти акции, понекогаш во еден работен ден ќе вртиш и по 15000 кругови на рачката од рачната глодалка (уште ме боли лактот од ова), на пример.
За со ЦНЦ машина, ќе обработуваш може по 100-200-300 исти парчиња на ден, за рачен дребонг може по 300 итн, итн.
Значи прости, едноставни, квантитативни работи ќе имаш на почеток додека учиш.

Не треба да се стегне многу материјалот што е за глодање или стругање.
Тоа е веќе во зависност од самиот материјал. Во случајов дрвото бидејќи е меко, полесно се деформира и полесно навлегуваат чељустите од дребонгот/менгемето во него, па со тоа и подобро го зграпчуваат. Од друга страна, пресилното стегање може да ја измести геометријата на поставеното парче, да го скрши парчето или да го подигне во менгемето (што е скоро секогаш случај при стегање во менгеме, и после стегањето парчето се чукнува на спефицичен начин со чеканче, за да налегне убаво).

Ако е лабаво стегнато парчето, тоа може да подискочи од менгемето и да се уништи и/или да го скрши глодалото/ножот. Ова второво е најчесто случај кога се обработуваат метални парчиња.
Ако парчето се откачи при обработка на дребонг, тогаш во овој случај може да стане проектил особено ако се работи со голем број на вртежи.

Со малку искуство лесно ќе научиш да дозираш колку треба да се стега. Генерално ако одиш со поголеми вртежи на парчето (дребонг) или поголеми брзини на алатот, поголеми длабочини на глодање/стругање, поголеми глодала или ножеви со поголема сечачка површина, тогаш посилно се стега. Итн итн, да не навлегувам во детали, со пракса брзо се учи ова.

Понекогаш знае и да зезнува програмот кој е изработен.
Се случува, најчесто поради грешка на програмерот бидејќи машинските кодови за почетните позиции и за другите работни акции на машината се внесуваат рачно пред и после кодот. Но ако не си ти програмерот, тогаш не е твоја вина ако во кодот има грешка. Добра практика е да ги проверуваш почетокот и крајот на кодот ако го пушташ за прв пат, за да се осигураш дека машината нема да направи нешто што не треба.

Поради вакви грешки во кодот имам скршено неколку глодала, од тогаш увек ги проверувам работните параметри за машината пред да го пуштам ма колку и да ми викаат дека е „топ“ кодот.

Би било интересно ако можам
да работам со cnc,се зима голема
плата изгледа,но за грешите што се прават си во минус.
Зависи од фирмата во која си вработен, некои даваат поголема некои помала плата. :) Од фирмата исто зависи и тоа колку ќе ги толерираат грешките на вработените. Сепак ништо страшно, секому се случува да згреши ама ако грешиш ептен редовно тогаш тоа не е во ред.

Барав по youtube најдов малку,но
Ако некој знае може
да ми покаже да научам нешто во cnc како што велиш како чирак.
Од јутуб воглавном тешко се учат овие работи бидејќи не се секогаш straightforward. Секој мајстор или фирма си има своја методологија за работа, но воглавном сите се слични, скоро исти.

За работа на ЦНЦ со дрво, не би знаел да те упатам...
Што знам, би можел да прошеташ по фирмичките и алатниците по Скопјево, сигурно би ти дале упатства што и како да бараш/правиш понатаму. Или па ако имаш некој што ги работи овие работи или знае некој што работи, прашај.

И дали постои некоја обука со сертификатда се добие со cnc?
Во скопје или?
Не сум информиран за вакво нешто...

Да сумирам:

- не е толку страшно и тешко да се научи и работи ова. Тешкото е да станеш вистински мајстор во својата струка, треба доста вложен труд и поминати саати во одговорна работа и читање литература.

- според ова што го кажуваш мислам дека некој пробува да те одврати од работава и да ти се направи фраер у стилу: ее ама знаеш колку е тешко ова што го работам, не може тоа секој да работи, за тоа треба да си 140+ IQ... итн итн.
 
Последна промена:

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,843
910
Ohrid
Лично имам искуство со Fusion 360. Софтвер од Аутодеск, кој доаѓа со фри трајл. Генерално не е многу тешко, посебно ако имаш некакви предходни 3д познавања.
Lars Christensen има доста добри туторијали за Фјужн 360.

Со Фјужн можиш да креираш било каков предмет сакаш ( во твој случај стол ), со едноставни параметри дефинираш некој ствари ( центар/пивот, материјал, сечило и слично ), и имаш и симулација како би изгледало сечењето.

Следен чекор, експортираш ко G-Code за Mach3 или за CNC usb и сечиш.

Можеш и сам да куцаш со CNC усб ,G-code. Би требало да го сконташ за брзо преку гуглање. Меѓутоа, другиот метод е далеку по лесен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

А зошто некои фирми
не користат свој сопствен код?
Дознав дека си има посебно usb со лиценца дека несмееш да го копираш usb или неможе.

Грешки секако дека ќе имаш, и на мајстор со 30 години искуство му се случува да згреши, само што на овој помалку ќе му мрчат него ли на почетникот, нели :)...
Кога ќе работиш на почеток, нема одма да ти даваат скапи делови да обработуваш, туку прво ќе ти даваат поголеми бројки на исти делови за обработка каде што стекнуваш искуство и осет за работа со машините. Овие почетнички работи се воедно и едни од најдосадните, пошто се состојат од голем број на едни исти акции, понекогаш во еден работен ден ќе вртиш и по 15000 кругови на рачката од рачната глодалка (уште ме боли лактот од ова), на пример.
За со ЦНЦ машина, ќе обработуваш може по 100-200-300 исти парчиња на ден, за рачен дребонг може по 300 итн, итн.
Значи прости, едноставни, квантитативни работи ќе имаш на почеток додека учиш.

Тоа е веќе во зависност од самиот материјал. Во случајов дрвото бидејќи е меко, полесно се деформира и полесно навлегуваат чељустите од дребонгот/менгемето во него, па со тоа и подобро го зграпчуваат. Од друга страна, пресилното стегање може да ја измести геометријата на поставеното парче, да го скрши парчето или да го подигне во менгемето (што е скоро секогаш случај при стегање во менгеме, и после стегањето парчето се чукнува на спефицичен начин со чеканче, за да налегне убаво).

Ако е лабаво стегнато парчето, тоа може да подискочи од менгемето и да се уништи и/или да го скрши глодалото/ножот. Ова второво е најчесто случај кога се обработуваат метални парчиња.
Ако парчето се откачи при обработка на дребонг, тогаш во овој случај може да стане проектил особено ако се работи со голем број на вртежи.

Со малку искуство лесно ќе научиш да дозираш колку треба да се стега. Генерално ако одиш со поголеми вртежи на парчето (дребонг) или поголеми брзини на алатот, поголеми длабочини на глодање/стругање, поголеми глодала или ножеви со поголема сечачка површина, тогаш посилно се стега. Итн итн, да не навлегувам во детали, со пракса брзо се учи ова.

Се случува, најчесто поради грешка на програмерот бидејќи машинските кодови за почетните позиции и за другите работни акции на машината се внесуваат рачно пред и после кодот. Но ако не си ти програмерот, тогаш не е твоја вина ако во кодот има грешка. Добра практика е да ги проверуваш почетокот и крајот на кодот ако го пушташ за прв пат, за да се осигураш дека машината нема да направи нешто што не треба.

Поради вакви грешки во кодот имам скршено неколку глодала, од тогаш увек ги проверувам работните параметри за машината пред да го пуштам ма колку и да ми викаат дека е „топ“ кодот.

Зависи од фирмата во која си вработен, некои даваат поголема некои помала плата. :) Од фирмата исто зависи и тоа колку ќе ги толерираат грешките на вработените. Сепак ништо страшно, секому се случува да згреши ама ако грешиш ептен редовно тогаш тоа не е во ред.

Од јутуб воглавном тешко се учат овие работи бидејќи не се секогаш straightforward. Секој мајстор или фирма си има своја методологија за работа, но воглавном сите се слични, скоро исти.

За работа на ЦНЦ со дрво, не би знаел да те упатам...
Што знам, би можел да прошеташ по фирмичките и алатниците по Скопјево, сигурно би ти дале упатства што и како да бараш/правиш понатаму. Или па ако имаш некој што ги работи овие работи или знае некој што работи, прашај.

Не сум информиран за вакво нешто...

Да сумирам:

- не е толку страшно и тешко да се научи и работи ова. Тешкото е да станеш вистински мајстор во својата струка, треба доста вложен труд и поминати саати во одговорна работа и читање литература.

- според ова што го кажуваш мислам дека некој пробува да те одврати од работава и да ти се направи фраер у стилу: ее ама знаеш колку е тешко ова што го работам, не може тоа секој да работи, за тоа треба да си 140+ IQ... итн итн.
Друже cnc-то било закон:)
морам да пробам или научам,ако
ти треба чирак тука сум :)
 
Изменето од модератор:

Tajson

On your way to fame
25 февруари 2016
653
863
Ајде да придонесам на темава малку.

Во дрвната индустрија се користат многу цнц машински центри за обработка на дрво и плочести материјали.

Како прво, ЦНЦ машина е секоја машина која е управувана од ПЦ кој има своја интерфејс за работа, кој е најчесто доста ''јузер френдли'' и кој за жал е секогаш поткрепен со програм лиценциран од компанијата која ја произвела машината (Хомаг, Биесе, Холц-Хер, Балестрини итн.).

Секоја генерација на машина од ист производител на секои 3-5 години доаѓа со понова верзија на истиот софтвер, а понекогаш и сосема различен софтвер (целосно нова платформа од друга компанија која го произведува софтверот).
Овие програми имаат сопствен постпроцесор кој генерира патека односно параметри за движење на сите оски(3,4 или 5 оски).
Овие постпроцесори генерираат фајл во кој е содржан алатот или повеќе алати кои ќе се користат и е содржана патеката на движење на сите оски (цнц центрите за обработка работат на систем ''поин то поинт'', односно од точка до точка ).
Секој фајл сооодветно има своја екстензија која е компатибилна и употреблива само на генерациски исти машини со ист програм.
За постарите и поновите најчесто е неупотреблив односно програмот може да го прочита но треба да се преработи соодветно за машината на која ќе се работи односно да се прегенерира како не би настанала таа хаварија од погрешни параметри (несоодветни за машината која се користи).

Основата за цртање во овие програми е најчесто некоја постара верзија на аутокад, така да сите програми дозволуваат ''импортирање'' на *dwg и *dxf фајлови, во 2д формат односно дефинирање на димензиите по X и Y оска, додека Z оската се дефинира со програмот на самата цнц машина.
Најчесто овие центри за обработка во '' главата '' имаат интегрирани и тела за бушење (футери за бургии) кои овозможуваат отварање на отвори најчесто од 2 - 35мм., главите за бушење работат со ограничена траекторија и правецот на бушење по Z, X-, X+, Y-,Y+ оска .
Дополнителни агрегати како пила за отварање на нутови која работи по X и Y оска со фиксни позиции 0 и 90 степени.
Дополнителен вертикален агрегат (фреза) обично послаб од главната фреза, за помали алати, најчесто да се зголеми продуктивноста на машината.
Дополнителен хоризонтален агрегат(фреза), корисен во многу апликации каде се обработува масивно дрво ( врати, прозори, столици).
Интерполациска ''C''оска која сама за себе не значи ништо без дополнителни агрегати со кои се зголемува автономиата на работа на центарот за обработка.
Флекси 5+ агрегат кој работи на интерполациска ''C''оска со дополнителна своја интерполациска оска нормално поставена од ''С'' оската.
И на крајот 5-то осниот ЦНЦ центар кој има речиси ''неограничена'' траекторија на движење во сите правци.

Постојат и програми како Арткам, Аспира кои овозможуваат работа во 3Д и тие имаат свој постпроцесор кој генерира фајлови за речиси сите цнц центри за обработка.

Најновите ЦНЦ центри за обработка исто така во своите најнови верзии имаат интегриран софтвер за 3Д обработка, која во дрвната индустрија е се поактуелна.
Секоја верзија на програмата е поткрепена со УСБ клучеви се набавуваат дополнително, односно е истата програма како на цнц машината и дозволува работа на екстерно ПЦ. Односно како би се убрзала работата за една цнц машина може, и е пожелно, неколку клуча односно ПЦ-а да припремаат налози за работа.

Обуката на ЦНЦ центрите за обработка на дрво, засебно кај нас нема никаде да најдеш, а истата во технолошки поразвиените земји дебело се наплатува, имено во самата фабрика чини 2-3 илјади евра за основен курс по лице без дополнителните трошоци.

Истата обука кај нас ќе ја добиеш и било каде, а ''успатно'' ќе добиеш и плата.

Околу примањата за работа на ЦНЦ машина е дискутабилно, но обично добар мајстор на ЦНЦ машина е солидно платен, подобро од ВКВ мајстор столар.
 
Последна промена:

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,843
910
Ohrid
Како е дечки?

Имам аматерско прашање на темава. Пред година време земав едно кинеско рутерче, 3D Engraver Engraving Drilling Milling Machine USB 4 Axis 400W 3040T CNC Router | eBay за испод 700-800 евра, со се местење на сталак и некој такви ситници. Сега гледам на амазон се по 500 фунти истиве.

Го земав чисто ради кејф. Имав клиент за кој работев CAM во солид и во фјужн, под сфатив малце како функционира тој процес ( гледам сум коментирал на темава лани за тоа ), и си реков да се почастам едно вакво.

До пред некој месец си работеше безпрекорно преку некаков си usb port (ваков: Screenshot, Screenshot ), ама нормално кракираната верзија на CNC usb ( Planet CNC - CNC USB Controllers )ја пачнаа, па невозможно е да се најде на нет нешто такво. Чудово си работеше безпрекорно, со минута подесување на оски.

Ко алтернативе ја пробав mach 3 ( валда најпопуларна ), но немам никакво мрдање на неа. Пратев туторијали за сетинзи, гуглав ама јок. Без резултат.

Спуштив уште некој фри софтверчиња од видот на контрлери, ама ниедно од нив не се поврзува поради некоја причина.

Веројатно е очигледно за искустите, ама дали морам да имам паралелен порт за конекција ? CNC USB си работи преку Usb портов, само trial верзија, и извршува до 25 линии код. Во пакет со моменталново не ми дојде адаптер/кабел за паралелен порт со usb излез на другата страна, за да знам дали е до то. Разбарав низ охрид низ локалниве места, прашав и анхоч, сетек, техномаркет, никаде нема ваков адаптер/кабел.

Дали да барам настрана низ Македонија? Логин можда? Или генерално јас нешто грешам, бидејќи едното софтверче очигледно работеше преку усб портот, без да ставам никаков паралелен приклучок.

Втора солуција, препорака на некој лесен софтвер кој би читал g-code и мрда оска во x y z, колку да видам дали е до mach3, до конекцијата или пак нешто трето?

Фала друштво,
Влатко
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно