• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Систем инженери

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

oglas11

Intern
3 декември 2007
3
0
Потребни се 3 систем инженери со познавање на инсталирање и одржување на (што повеќе од следното):
1. Windows 2003 server (кластерирани и некластерирани)
2. Active Directory
3. TCP/IP DHCP DNS
4. Cisco IOS
5. McAfee antivirus
6. Windows XP Profesional i/ili Windows Visa Bussines
7. Hardware - напојувања, картички - видео, мрежни, ... , процесори, RAM, дискови (SATA/SCSI/SAS/FiberCh.)
8. Ethernet / WiFi / IP VPN / ISDN / Internet :)

Англиски јазик е задолжителен.
Желба за учење на нови работи.
Снаоѓање во стресни услови.
Добри услови за работа.

Оставете линк до вашето CV или нешто слично или постирајте тука.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Малку оф топик:
Обично кога се бара работно место во компанија, првин треба да се осигураш дека си ти она на нив што им треба, па тогаш откако ке ги увериш дека треба да те вработат, го донесуваш прашањето на финансиски надоместок за твојот труд и време... така би можел и да манипулираш и да добиеш повеќе (или помалку зависно од твоите преговарачки особини :LOL:) и да зацврстиш добра работна позиција.
Кога се обично аплицира за работа, би требало да имаш отприлика чувство колку е просечната плата во твоето поле (во овој случај системски инжинери) и да воспоставиш дека платата е околу таа сума.

Само моите 2 денари :))
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Малку оф топик:
Обично кога се бара работно место во компанија, првин треба да се осигураш дека си ти она на нив што им треба, па тогаш откако ке ги увериш дека треба да те вработат, го донесуваш прашањето на финансиски надоместок за твојот труд и време... така би можел и да манипулираш и да добиеш повеќе (или помалку зависно од твоите преговарачки особини :LOL:) и да зацврстиш добра работна позиција.
Кога се обично аплицира за работа, би требало да имаш отприлика чувство колку е просечната плата во твоето поле (во овој случај системски инжинери) и да воспоставиш дека платата е околу таа сума.

Само моите 2 денари :))
@D
Добро сега ти кога веќе престојуваш или работиш во САД малку гледаш на работите поинаку. Се согласувам со тебе во принцип. Така би требало да се постават работите како што кажа ти. Меѓутоа ако земеш во обзир платите во Македонија и системот на вреднување на квалификуваноста и способноста на една личност малку поинаку би размислувал. Знам полно примери на квалификувани ИТ дечки кои буквално работаат за џабе и воопшто не е ценето нивното знаење во приватните фирми. Знаеме каква е ситуацијата со вработувањето во Македонија и за жал повеќето од нас сме приморани да работиме не за она што сме студирале туку онаму кај што ќе најдеме слободно работно место и си дозволуваме „газдите“ да не „газат“. Јас мислам дека е битно за колкав надоместок ќе работи идниот системски инжинер да се знае уште на старт, бидејќи овдешните газди знаат да речат „Платата ќе ти биде (на пример) 8000 ден, па ако сакаш прифати ако не има други луѓе што молат за работа“. Кога би бил јас кандидат за такво работно место и би знаел однспред дека би работел за на пример горната плата, не би се обидувал воопшто да ги убедувам или да се трудам да им објаснам што им треба или колку вредам јас. Едноставно голем е бројот на фирми кои ги експлоатираат вработените во Македонија па оттаму и претпазливоста на старт за колкава плата би работел човекот за да не се малтретира беспотребно.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

oglas11

Intern
3 декември 2007
3
0

Колку што ќе побараш. Еве на пример 120.000 денари месечно.

:p

Само се шалам. Фала - не сме заинтерсирани за луѓе кои на прашање од 200 зборови, наместо да го пратат своето CV одговараат со два збора и 4 прашалници: „плата колку????“.

Платата зависи од тоа што знаеш и колку ќе работиш и СРАБОТИШ. Нема фиксна „плата колку“, а ти да си работиш што ќе ти текне.
Ти со овој цитат и не ми изгледаш како сериозен.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Колку што ќе побараш. Еве на пример 120.000 денари месечно.

:p

Само се шалам. Фала - не сме заинтерсирани за луѓе кои на прашање од 200 зборови, наместо да го пратат своето CV одговараат со два збора и 4 прашалници: „плата колку????“.

Платата зависи од тоа што знаеш и колку ќе работиш и СРАБОТИШ. Нема фиксна „плата колку“, а ти да си работиш што ќе ти текне.
Ти со овој цитат и не ми изгледаш како сериозен.
My point is made.

Така и треба!
:))
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Колку што ќе побараш. Еве на пример 120.000 денари месечно.

:p

Само се шалам. Фала - не сме заинтерсирани за луѓе кои на прашање од 200 зборови, наместо да го пратат своето CV одговараат со два збора и 4 прашалници: „плата колку????“.

Платата зависи од тоа што знаеш и колку ќе работиш и СРАБОТИШ. Нема фиксна „плата колку“, а ти да си работиш што ќе ти текне.
Ти со овој цитат и не ми изгледаш како сериозен.
Da no bi trebalo da ima nekoja pocetna cena po koja ke raboti, i verojatno nema da raboti sto nego ke mu tekne tuku sto ke mu dade pretpostaveniot. I eve edno prasanje od mene dali se ceni kaj vas ona sto covek ke go sraboti zosto ,kako sto e navedeno malku pogore ima firmi kade sto covek ke se utepa od rabota a ima mizerna plata.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Da no bi trebalo da ima nekoja pocetna cena po koja ke raboti, i verojatno nema da raboti sto nego ke mu tekne tuku sto ke mu dade pretpostaveniot. I eve edno prasanje od mene dali se ceni kaj vas ona sto covek ke go sraboti zosto ,kako sto e navedeno malku pogore ima firmi kade sto covek ke se utepa od rabota a ima mizerna plata.
Темата ти е оф-топик. Овдека се работи за овој оглас и тоа е тоа, oglas11 нема зошто да зборува за други фирми.

А за платата, веќе реков мое мислење.
 

psybaron

Intern
10 април 2007
745
48
Куманово
markoaleksic.com
Абе што ви е бе луѓе на Вас. Кај во светот ти поставуваш услови на фирма и бараш да ти кажат колку ќе имаш плата пред да почнеш да работиш и без да поднесеш CV?? Нема везе дали е Македонија или Малезија или тн. Барем тие луѓе што работат на ова поле не треба да го имаат тој систем на вредности сто АМД-фан го наведе погоре. Иако е вистина во одредени случаи.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Абе што ви е бе луѓе на Вас. Кај во светот ти поставуваш услови на фирма и бараш да ти кажат колку ќе имаш плата пред да почнеш да работиш и без да поднесеш CV?? Нема везе дали е Македонија или Малезија или тн. Барем тие луѓе што работат на ова поле не треба да го имаат тој систем на вредности сто АМД-фан го наведе погоре. Иако е вистина во одредени случаи.
:bravo:

И ке надополнам дека за сите оние кои аплицираат, муабетот за плата треба да се изведе на крај, откако сте примени на работа.

Тогаш сте во далеку подобра предност да ја диктирате платата.
 
30 август 2007
36
1
Како би се ангажирал да добијам работно место, доколку не би ги добил основните информации за истото.Најважно.Почетна плата.Во секој случај, колку и да станува збор за фирма која нуди добри услови за напредување, сепак главниот фактор е заработувачката. Доколку некој сака, како и обично да експлоатира, тоа нека го каже на почетокот. А преговорите после добивањето на работата, ќе бидат залудни, бидејќи според мое лично мислење, замислената плата која се понудува во однос на работното место, многу ретко, барем кај нас не трпи измени. Без разлика на квалитетите, тоа ти е. Ако не, ќе најдеме некој друг. Па добро,би било тие информации да бидат наведени во огласот. Плата, работни часа, услови за работа, можности за унапредување и сл.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,889
2,304
Prvo i najosnovno vo sekoj oglas. KOJ GO NUDI RABOTNOTO MESTO. Svetska praksa. Na Anonimni oglasi nikade vo svet ne se odgovara. Od kade da znam kade ke zavrsi moeto CV. Toa sepak e moja sopstvenost i jas go dava tamu kade mislam deka sakam da go dadam.

Sto se odnesuva do plata se soglasuvam deka taa se dogovara na lice mesto na razgovorot za rabota i obicno ne se spomenuva vo oglasi.
 

vojkan

Intern
19 јуни 2007
404
4
Платата зависи од тоа што знаеш и колку ќе работиш и СРАБОТИШ. Нема фиксна „плата колку“, а ти да си работиш што ќе ти текне.
Ти со овој цитат и не ми изгледаш како сериозен.
Ti so tvojot tekst i so tvoeto korisnichko ime ne mi izgledash za seriozen. So takov pristap prema kandidatite ne veruvam deka nekoj bi sakal da raboti ili da sorabotuva so tebe.

Ednash vekje pishuvav na ovaa tema, pa prochitaj gi moite komentari tuka

Абе што ви е бе луѓе на Вас. Кај во светот ти поставуваш услови на фирма и бараш да ти кажат колку ќе имаш плата пред да почнеш да работиш и без да поднесеш CV??
Ova e zborenje od pamet.
 

pudge

Intern
28 ноември 2007
128
1
ko prvo tipot prasa za platata poso se poveke i poveke lugeto znaat deka nivnata rabota ne se ceni, odnosno ne e dovolno platena.

vojkan e vo pravo. Ko prvo ako ne prasas za plata, ispaga ko da ne si ja cenis rabotata, ko da rabotis daj sta das, vazno ja sum administartor.

ako se smetas za profesionalec vo taa profesija, sigurno prvo na pamet ke ti bide kolkava e platatai ..... zasto da ides na tie intervjua, i drugi proceduri koga na kraj ke ti kaze nekoja smesna cena. Znaci zboram za profesionalec, a so ogled na toa sto se bara pogore, sigurno ke treba da bides dobar vo taa rabota.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Се согласувам со Marv и Vojkan...

Да речеме дека сум заинтересиран и го поседувам потребното знаење наведено во огласот. Што е следно? За која фирма/компанија се работи? Од што конкретно се состои работата? Колку време се работи/Колкаво е работното време? Која е локацијата?

Многу неодговорени прашања. Пред да поставувате огласи пожелно е да ѕирнете тука: http://it.com.mk/forum/showthread.php?t=1702

Без одговор на прашањата што ги поставив, не би го сметал огласов за сериозен (дури и за вистинит). А тоа што некој прашал колку ќе биде плата и не е толку страшна работа како што испадна во дискусиите.
Го цитиравте членот кој праша за плата, а не одговоривте на дополнителните прашања.

И уште еднаш, ете, јас сум заинтересиран, што понатаму?
 

vojkan

Intern
19 јуни 2007
404
4

MARTIN_MKD

Intern
27 ноември 2007
419
2
plata

-Не верував дека моите два збора ќе предизвикаат толкава дискусија. Ако навредив некој со тоа што го напишав, јас се извинувам, а сега да го кажам моето мислење. Го ценам твоето мислење D и искрено мислам дека така треба да биде, но сепак да се потсетиме каде живееме. Го подржувам AMD_fan повеќе поради тоа што веќе имав такво искуство т.е. работев во фирма во која за 9 месеци работа добив дури 250 евра плата. Но ај ова за другите фирми да го оставиме да речеме дека е оф-топик.

плата колку????
Ти со овој цитат и не ми изгледаш како сериозен.

-Ајде да го разгледам огласот и да видам колку е сериозен и за што се работи:

Потребни се 3 систем инженери со познавање на инсталирање и одржување на (што повеќе од следното):
1. Windows 2003 server (кластерирани и некластерирани)
2. Active Directory
3. TCP/IP DHCP DNS
4. Cisco IOS
5. McAfee antivirus
6. Windows XP Profesional i/ili Windows Visa Bussines
7. Hardware - напојувања, картички - видео, мрежни, ... , процесори, RAM, дискови (SATA/SCSI/SAS/FiberCh.)
8. Ethernet / WiFi / IP VPN / ISDN / Internet


“што повеќе од следното”
-ова ми остава впечаток дека вие изгледа како прво не знаете каков човек ви треба, а како второ изгледа барате човек на кој ке му ја извадите маста и воопшто не ми личи дека огласот е поставен од некој кој живее во САД, туку ја отсликува македонштината.
Ги цитирам К-15:
-шо имам едно дете способно за се го бива, оно се само работе, чита вести, праве реклами, врши набавка у дуќано.....се само работе.

Снаоѓање во стресни услови. - па изгледа дека работното место ќе биде во Багдат
Добри услови за работа. - добрите услови за поединци се различни
Ако ги следите светските берзи на трудот ке забележте дека скоро секогаш во огласот се содржи висината на паричниот надоместок, од - до, и како ќе напредуваш во работата така ќе ти се покачува и платата.

Обично кога се бара работно место во компанија, првин треба да се осигураш дека си ти она на нив што им треба, па тогаш откако ке ги увериш дека треба да те вработат, го донесуваш прашањето на финансиски надоместок за твојот труд и време... така би можел и да манипулираш и да добиеш повеќе (или помалку зависно од твоите преговарачки особини ) и да зацврстиш добра работна позиција.

-Како прво за една иста работа во различни компании, различно се плаќа, а ако јас одговарам на профилот што вие го барате и во моментот барам работа и ако ја разгледам берзата на трудот сигурно ќе најдам повеќе отворени огласи кои бараат работник со ваков профил. Ако тргнам и сите да ги убедувам дека јас сум тој што го бараат и тие на крај ми одредат дека јас ке работам за 8000 денари месечно, сакаш несакаш тоа ти е , ако неќеш има кој ќе работи, кај ми е мене крајот и кој ќе ми го плати мене изгубеното време по интервјуа, тестирања итн. Да и јас сум за тоа работодавецот да врши правилна селекција, но и работобарателот во никој случај не треба да биде овца која ќе шета лево десно и ќе се докажува, сепак и тој има право да врши селекција уште од самиот старт. Проблемот кај нашите работодавци е во тоа што тие сеуште не го разбираат тоа дека компанијата ја градат работниците и ако тие се задоволни и ти ќе бидеш задоволен. Односот “газда-работник” сеуште е на комунистичко ниво, но ме радува фактот дека од ден на ден нашиве компании се повеќе се соочуваат со ова до сега што го пишувам па така сакале неќеле за да бидат успешни ќе мораат да го ценат квалитетниот кадар.

Оставете линк до вашето CV или нешто слично или постирајте тука.
-каква е оваа no name компанија која употеребува: или нешто слично или..., не, не ја бива ова е џабе губење време

не сме заинтерсирани за луѓе кои на прашање од 200 зборови, наместо да го пратат своето CV одговараат со два збора и 4 прашалници
-извинете ама не сум заинтересиран да работам во компанија во која ќе ми ја вадат маста, а уште помалку да го праќам моето CV во непознат правец

И на крај да не ја тупам, не случајно беше даден ваков сериозен одговор.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Како може да очекуваш некој да ти се пријави за оглас, а да не знае каде ќе работи?
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
@oglas11
Многу неодговорно од твоја страна. Ајде плата може да разберам да не се каже во јавност или обично се прашува/договара на интервју, ама барем треба да се наведе кој бара вработување, која фирма. Јас сигурно нема да пратам CV.
Што е ова, као ние тука сите сме очајни па како фрлена паричка во куп деца треба да се тепаме за вакви т.н. понуди за вработување. Сешто!
 

staki

Intern
26 јуни 2007
147
3
@MARTIN_MKD
dobar odgovor
@oglas11
Koga veke bara da vidi CV mislam deka moze da ostavi i eden mail kaj sto moze da se praka.(barem toa e lesno da se napravi sega eden nov e-mail) Mislam deka ne e logicno da postiram CV tuka. Toa CV e za potrebite na "anonimanata" firma a ne za potrebite na forumov.
 

taranenik

Intern
12 јуни 2007
555
13
jas mislam deka oglas11 se zaebava! A za toa deka eksploatiraat poveceto od IT firmite vo Makedonija e fakt. Poznavam mnogu luge koi rabotat vo IT kompanii za minimalni plati a skpauvaat od rabota, od servis, administracija progranmiranje i uste sto li ne rabotat. Ima i takvi koi se p[lateni do nekade solidno no daleku od vistinska plata. Kako drugo ovoj oglas ne mi izgleda za sistem inziner, povece e za systemm administrator i serviserska rabota. Sistem inziner kolku sto znam i kolku sto sum upaten ima drugi predispozicii od gorenavedenite.

Znaci:

``Planning, Implementing and Maintaining a Microsoft Windows Server 2003 Active Directory Infrastructure``
``Planning and Maintaining a Microsoft a Microsoft Windows Server 2003 Network Infrastructure ``
``Security for a Microsoft Windows Server 2003 Network ``
Ova se i ispiti koi microsoft gi odredil za sistem inziner ili MCSE.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

oglas11

Intern
3 декември 2007
3
0
Слушајте ваму...

Не се заебавам, и не сум не сериозен, туку ова беше вистински оглас, чисто да пробам дали има некоја можност во македонија и вака да се вработи некој, на некој сајт каде што би требало да има малди експерти.

Очигледно дека не може, затоа што сите сакаат да филозофираат и да се прават паметни, а никој не сака да се понуди. Вие чувајте си ја вашата приватност, и така не ми требаат повлечени луѓе. А јас имам доста дргуи начини да си најдам тоа што ми треба во земја во која има вишок работна сила.

И фирма ќе ви кажев и ќе се видевме и се ќе дознаевте, ако некој вредеше (ако не, ќе ви се заблогодарев). Ама овде видов само 3-4 луѓе кои убаво си се разбираат на веб и си живеат во замислен живот, а во реалниот се обезвреднети и работат за 8.000. Дури и јасно ми е дека и тоа најверојатно е многу, затоа што тој за кој работите е во зијан: не само за платата и не само за компјутерите и мрежите и местото кое го трошат на вас (за да филосфирате), туку поради задоцнетите работи, кои вакви философи не може да ги завршат.

Да, ми требаат сериозни систем инженери и ова што го барам е азбука, а не К15. Тек ќе следат уште нови работи кога ќе влезе некој да работи. На жалост треба некој сериозен и сигурен во себе.

А вие малку поработете (а не да философирате колку ви е тешко и неправедно) па ќе видите како се прави лебот....
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
:bravo:

И ке надополнам дека за сите оние кои аплицираат, муабетот за плата треба да се изведе на крај, откако сте примени на работа.

Тогаш сте во далеку подобра предност да ја диктирате платата.
А дали воопшто знаеш во која фирма аплицираш? Во кој град има седиште фирмата? Во Скопје или во Танушевци? Дали според Огласот си доволно запознаен со работното место?
Желба за учење на нови работи.
Снаоѓање во стресни услови.
Добри услови за работа.

Ваквиот контекст на огласов мене ми изгледа крајно несериозен и воопшто не ни помислувам да испратам CV или да барам контакт со некого (не знам ни со кого треба да контактирам: фирма, лице.....)

@D
Ако ти би испратил CV на ваков, ако може да се нарече оглас, морам да кажам дека се разочарав од тебе. Барем ти си надвор од Македонија и би требало да знаеш како одат овие работи. Како можеш да го поддржуваш @oglas11 и неговите постови? Како и да е тоа е твој начин на размислување. На крај краева како што рече @igorkrst ова личи на фрлена паричка на едн куп мали деца, па ајде сега ќе трчаме сите по неа . Сериозните огласи и компании за кои зборуваше ти немаат ама баш никаква врска со овој пост на @oglas11! :ua::ua::ua:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,094
Членови
28,059
Најнов член
Даниел2222
На врв Дно