• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Туторијал Симнување превод од Vimeo video (заштитено со лозинка)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,201
7,954
Скопје
Здраво

Како сте? Се надевам добро.

Денес ќе покажеме како да симнето превод од Vimeo видео кое е заштитено со лозинка. Лозинката секако мора да ја знаете.
Ако се обидете со користење на едноставни веб апликации од веб страници, тие нема да работат, најверојатно поради тоа што видеото е заштитено со лозинка а на овие страници нема опција да ја вметнеш. Или барем немаше на двата сајта кои јас ги пробав.

Пример видео, Прашина од Милчо Манчевски
View: https://vimeo.com/100242750

password: manchevskidust (Милчо самиот ја објави лозинката на неговиот Фејсбук пред некое време, но таа и од поодамна е јавна тајна)

1. Го отворате линкот преку Google Chrome или друг прелистувач и го пишувате пасвордот.

2. Кликате F12 за да се отвори сајдбарот за Developer, и одбирате Network

upload_2020-7-25_13-42-35.png


3. Кликате на CC синото и одбирате превод
upload_2020-7-25_13-41-30.png

4. Сега во Network ќе се појават стварчиња и вас ви треба нешто со бројки.vtt
upload_2020-7-25_13-54-29.png

5. Кликате десен клик на него, open in new tab и ете ви го преводот во некој си WEBVTT формат кој за да стане .srt ми делуе дека треба само да се избрише тоа WEBVTT горе и да се зачува во .srt, lol
Корекција. Забележав три разлики меѓу .srt и vtt. Првата е дека во vtt нема бројки на линиите. Втората е дека милисекундите се одвоени со запирка во srt а точка во vtt. Третата е дека саатите во vtt ги има само кога е се потребни, односно нема 00 напред ако уште не е поминат саат од видеото.


Се надевам ќе му затреба ова на некој, некогаш, некаде.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,647
Мислења
822,393
Членови
28,283
Најнов член
MilMil1998
На врв Дно