1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Што ми фали во поставките на мојата приватна мрежа?

Дискусија во форумот 'VPN и VLAN' започната од JensenInterceptor, 14 Август 2019.

Тагови:
  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    После малце копање по Интернетов ги собрав следниве линкови:

    https://www.howtogeek.com/221001/how-to-set-up-your-own-home-vpn-server/
    https://www.howtogeek.com/131961/how-to-access-windows-remote-desktop-over-the-internet/
    How to configure VPN connection in Windows 10/8/7
    https://support.microsoft.com/en-us/help/20510/windows-10-connect-to-vpn
    How to set up a VPN server on Windows 10 • Pureinfotech
    Setting a Static IP Address in Windows 10
    Fastest Way to Forward Ports on the Huawei HG8245 Router
    Router Screenshots for the Huawei HG8245 - PortForward.com

    Сервер:

    На рутерот:
    Наместив статична адреса за мојот домашен компјутер(Виндоус 10) кој наводно ќе биде сервер за приватната мрежа.
    Исто така ги најдов и двата сервери за доменски имиња(DNS) кои си постоеа, и наместив само тие да бидат статички, односно постоечки.
    Си направив сметка на Free Dynamic DNS - Managed DNS - Managed Email - Domain Registration - No-IP за DDNS, и согласно туторијалите, наместив мапирање за DDNS со No-IP.
    Наместив и port forwarding, но имаше некои основни поставки, не знам дали е тука утката. Дали од Телеком ограничиле некои поставки за овој дел...
    Портите за мапирањето не се видливи...

    На компјутерот:
    Наместив и поставките за „огнениот ѕид“ според наведените туторијали.

    Клиент:
    Клиент ќе биде мојот Виндоус 10 лаптоп. Наместив виртуелна приватна мрежа како што велат во туторијалите, PPTP, со корисничко име и лозинка.

    За да не користам RDP(Remote Desktop Protocol) преку јавна мрежа, решив дека со приватна мрежа е подобро. Ќе ми треба да си го пристапам домашниот компјутер со Remote Desktop Connection.

    Што ми фали во поставките?

    Пробав да се поврзам на адресата која No-IP ја мапираше од домашниот интернет, и на порта 80 ми ја отвори страната за поставки на домашниот рутер, во обичен преслитувач.
    Ако пробам да ја пристапам оваа адреса, на пример преку мобилен Интернет од мојот телефон, тогаш не отвара ништо(Connection timed out).

    Дргуо, гледам дека Виндоус 10 има поставки за своја приватна мрежа, и исто и ова пробав да го користам. Ми дава грешка цело време, connection was interrupted или нешто вакво.

    Што грешам при местење приватна мрежа?

    Дали откако ќе го наместам домашниот компјутер да биде сервер, треба да го поврзам на виртуелната мрежа?
    Или ова само од клиентската страна?
     
    Последна промена: 14 Август 2019
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,261
    9,365
    23 oктомври 2012
    Машко
    Другар, на многу места имаш промашено, дури и концептуално не само имплементациски. Тешко е да се објасни се, најдобро да најдеш некој што разбира и да седнете и сработите се ова и да се објасните.
     
    На Futurelakimens, Вајкинг, G4M3R и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    438
    332
    26 Јуни 2012
    Машко
    Што ти е целта да направиш? По се ова мачење, најдобро ти е со team viewer или сличен клиент да сетираш на телефонот/другиот компјутер и моментално што го планираш за сервер.
    Ова се коси едно со друго, ако пробуваш од надвор да пристапиш трафикот МОРА да пројде низ јавната мрежа дури и со VPN тунел пак оди преку јавната, тоа е како виртуелен сегмент. Мора да има одредена патека за да стигнеш до приватната мрежа, која е на крај.

    Како што ти напиша октар, најдобро е со некој што е малку поупатен да седнете да му објасниш што сакаш и доколку е изводливо да ти сетира.
     
    На JensenInterceptor и Oktar им се допаѓа ова.
  4. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    561
    215
    28 ноември 2015
    Машко
    Одамна не сум користел TeamViewer. Ќе инсталирав одма, да ми текнеше.
    Треба да поврзам два компјутера со Remote Desktop Connection.
     
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,956
    1,178
    5 oктомври 2007
    Машко
    А зошто баш RDC. Плус искoмплицирано со ВПН. Во било кој случај без успешен порт форвард на рутерот, џабе ти е се што пробуваш. Како и што ти рекоа, имаш за твојата потреба готови решенија. TeamViewer, Hamachi, AnyDesk, па дури можеш и сопственa VNC client/server да си направиш со RealVNC, TightVNC и слично.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...