psyside
Rising Star
- 4 септември 2008
- 30.334
- 31.579
psyside's setup
- Processor & Cooler
- Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
- Motherboard
- Asrock B450 HDV
- Storage
- 970 EV0 Plus 500GB
- PSU
- Evga 750W BQ
- RAM
- 2x8GB Hyper X Predator@ 3200
- Video card
- Asus RTX Dual EVO 2060 Super
- Case
- CM Masterbox E500 with ODD
- Mouse
- Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
- Keyboard
- Logitech G910
- Monitor
- Asus PA328Q Pro Art
- OS
- WIN 10 Pro X64
Оваа тема нема да биде директно за каков модел на телефон треба да купите, или некакви си трикови и твикови, него за работите кои НЕ ги знаете или немате размислено доволно пред да купите телефон, работи кои обично можете да го воочите ако сте смениле повеќе брендови, или сте навлезени во светот на телефоните и ги пратите случувањата, уште подобро е ако сте имале искуство и со ентри/мид рејнџ левел уреди од различен ценовен ранк.
Најчест проблем е купување на уред од помалце познат/продаван бренд.
Пример, Realme, Meizu или некој друг телефон кој на хартија личи за best buy hardware. Проблемот е што овие уреди, имаат далеку помала поддршка, а и дискусија за нив по форумите >помалце продажба помала шанса да се збори за проблемот теоретски.
Она со кое ќе се сретнете се празни подфоруми на XDA, па дури и на reddit, што значи ова за вас и зошто поддршка би барале на форуми а не од апдејти? затоа што истите скоро да не постојат. Зошто ми требаат апдејти? има и такви корисници кои ќе го помислат тоа, апдејти се потребни ПРЕД се кај ОВОЈ тип на телефони затоа што често имаат доста багови кои МОЖАТ да го направт искуството ужасно и уредот да ви заврши во ѓубре.
Значи ако нема поддршка од брендот ќе се бара солуција по форуми, која исто така тешко да се најде и дискусијата за истата неретко е минимална или дискутираат само неколку членови. Ако имате Samsung/Apple уред, дури и да е од НИСКА класа, и хипотетички да е на крајот на својот животен век со поддршка, производителите ќе направат исклучок и најверојатно со апдејт ќе го средат проблемот, ако тоа не се случи ќе најдете цели подфоруми за тој уред во кој на широко се дискутира за солуции и решенија. Друг проблем е недостапност или многу мала на додатоци за истите уреди, поготово маски и протектори, не ги користам но имате во предвид ако користите. Недај боже ваков уред да има некој фабрички дефект, деловите не се достапни, а дури и да може да се набават ќе ги чекате со месеци (телефонот ќе биде неупотрблив за тоа време) за разлика од добро познат брендиран телефон.
Друго, Samsung како пример има апликација во која можете ДИРЕКТНО да зборите со нивни агент, не е робот и да дадете фидбек за проблем или предлог за нова функција кои често се средуваат - имплементираат по дадениот фидбек. Мене ми одговорија за неполни 2h. Исто така предлогот за имплементација камерата да се отвара во своите последни поставки при последна употреба, да биде активна на дифолт при повторно лансирање - ја имплементираа со помош на еден наш член кој е дел од Samsung поддршката (смени ник не знам како се вика сега за да го тагнам)
Ова важи за секакви уреди не само за телефони, за ссд-а, матични плочи, монитори, слушалки итн, колку помалку познат бренд најчесто толку помала поддршка и опција да најдете солуција за евентуален проблем.
TLDR Иако реков дека не е препорака за каков телефон - сепак препорака за да се држите до Apple & Samsung - достапни делови/огромна заедница/поддршка. Дури и да ги нема тие делови кај нас по балкан логистика се набавуваат брзо и лесно, како последна опција Pixel/Xiaomi - уред од друг бренд во моментов не би препорачал на никого, со напомена дека Pixel/Xiaomi во последно време се соочуваат со значаен број на багови/лагови кои јас ги решив со флешување на европски бета ром, претходно телефонот беше буквално неупотреблив. Телефонот беше цели 7 месеци назад со апдејти кога го користев на сток фирмвер, додека апдејт не даваше иако проверував по 10x на ден. Тоа би било тоа, значи не се летајте само да има најдобар хардвер, прават опасни превари и со ревизии на хардвер, менуваат сензор без да кажат, гасат EIS, гасат ред други функции заради кои дел од корисниците ги купуваат тие уреди, едноставно голем ризик и главоболка во ситуација кога имате A52S За 300 ~ евра.

Последна промена: