1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Што е VPN

Дискусија во форумот 'VPN и VLAN' започната од wolverine, 9 ноември 2013.

  1. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    784
    668
    27 Јуни 2012
    некој кратко и едноставно да објасни што е впн? читав илјадници форуми и статии и никако не можам да разберам?

    Дали кога сметинаш торрент преку VPN(значи имаш некоја енкрипција и друга ип адреса, нели) брзината е иста како и без VPN?

    Која е заштитата ако користиш VPN?

    Ми требаат две или три различни IP адреси, Дали тоа може да се реализира со VPN? Можам да купам и Premium VPN ако е корисно нештово.

    Поздрав
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,469
    3,190
    24 Септември 2012
  3. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,209
    4,660
    4 ноември 2013
    Машко
    која ти е целта за користењево на VPN ? што сакаш да постигнеш ? јас имам креирано VPN на MikroTik и се најавувам преку јавна IP и можам да си прам Remote на PCata и да земам било какви податоци од нив или да си преподешавам нешто на мојата (домашна) мрежа од било кое место (за тоа го користам тој VPN )...иначе еве ти линк на МК за да не си го тупаш мозокот да читаш на EN :
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Виртуелна_приватна_мрежа
     
    На Cigra88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Brutalic

    Brutalic
    Gaining Experience

    197
    94
    7 Септември 2012
    Машко

    Прво прашање: Сметнувањето на торенти и нивната брзина не е воглавно зависно од фактот, дали користиш VPN или не. Брзината зависи од мноооогу фактори. Кој интернет провајдер го користиш, кој пакет користиш од провајдерот (која брзина), кој провајдер е на крајот (серверот од кај што симнуваш), колку е брз серверот од кај што симнуваш, колку корисници симнуваат од истиот сервер во исто време, итн, итн... сите овие фактори зависат за брзина на симнување.

    Второ прашање: Доколку користиш VPN, нормално дека имаш по голема заштита, него ако директно се поврзуваш на друг LAN преку интернет. VPN значи Виртуална Приватна Мрежа (Virtual Private Network). Едниот крај со другиот крај користат енкрипција, но физички, сообрајќајот сеушто ја користи истата инфраструктура (патот кој го зема да дојде од еден крај до друг крај, со помош на провајдерите). Едноставно доаѓа до конфигурација на еден крај (пример, твојот "edge" рутер), со друг крај (сервер од кој се симнуваат податоци, или пак друг LAN/"edge" рутер). Незнам дали подобро објаснив, или те збунив повеќе, но ако те бунам, провери го линкот на HardCorec, има објаснување на македонски за VPN.

    Трето прашање: За почеток, она што го разбрав... Ако ти требаат две-три јавни адреси (од провајдер) треба да си платиш. Ако ти требаат две-три приватни адреси, можиш колку сакаш да си алоцираш на твојот LAN, по твој ќев. Не те ги разбрав доволно прашањето. Ако ти треба одговор, објасни подлабоко за да разберам што е она што сакаш да постигнеш.
     
    На Cigra88 и wolverine им се допаѓа ова.
  5. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Постојат повеќе различни типови на VPN, во главно се користат како безбедносен механизам (Анонимност и превенција од прислушкување).

    Најтипичен пример за ентерпрајс VPN e IPsec Site to Site VPN, пирмер една компанија има повеќе географски одалечени канцеларии или дата центри и сака да тие да комунизираат меѓу себе како да се една голема мрежа. Технички компанијата може само да отвори порти на огнените ѕидови и да овозмож комуникација преку Интернет, но тоа е тотално небезбедно. Затао се конфигурира ВПН на сите рутери или огнени ѕидови и целиот сообраќај се енкриптира.

    Второт начин на ентерпрајс ВПН е Remote Access VPN, т.е. да им овозможиш на вработените од дома преку енкриптиран канал да може да се поврзат на мрежата на работа. Тогаш лаптопот дома има пристап до ресурси исто како да си го вклучил во мрежата во канцеларија.

    Постојат разни техноловии за ВПН и различни конфигуриации во зависност од потребите, пример Cisco ASA поддржува: IPSec, WebVPN, Anyconnect, VTI, GET, DMVPN, EZVPN

    ...Кога не зборуваме за ентерпрајс ВПН, туку за домашни корисници, најчесто се мисли на Proxy VPN за анонимност, т.е. ако ти сакаш да отвориш некој сајт, веб барањето оди енкриптирано од кај тебе до ВПН сервисот, па не енкриптирано од ВПН сервисот до веб серверот и назад пак по истиот пат. На овој начин ти стануваш анонимен, веб серверот не те гледа тебе како краен клиент туку ВПН сервисот. Е сега за криминални дела и налог со полиција, ВПН серивсот мора да чува логови и можат да те најдат, но за нормална секојдневна употреба немаш проблеми.

    Во главно со ВПН сервис неможеш да имаш подобри перформанси, побрзо сурфање само може полоши да се. Една причина е зашто ВПН сервисот ти е +1 станица успат на патот до веб сервисот, ВПН серверот може да е оптеретен па има лагирање како и 3та причина енкрипцијата, т.е. целиот сообраќај се енкриптира и тоа додава overhead т.е. се зголемува големината на податоците.
     
    На Cigra88, Necromancer, wolverine и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    784
    668
    27 Јуни 2012
    Фала на одговорите сега конечно го разбрав :)
     
  7. Penny

    Penny
    Intern

    7
    2
    6 Јануари 2014
    Женско
    Здраво дечки,
    Нова сум на форумов, така да ако го поставив прашањево во грешна тема карајте ме :)
    Од прилика имам идеја како функционира vpn, ама не сум сигурна дали тоа може да се примени во пракса.
    Доколку креирам vpn мрежа и на неа се поврзе оддалечен компјутер ( конкретно во примеров од друга држава ), компјутерот би добил ip адреса од vpn мрежата и би можел да сурфа на интернет со таа ip адреса?
     
  8. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    горе доле одговорот е ДА, може да се примени во пракса.

    ...немаш специфицирано. За кој тип на ВПН зборуваш?

    ПЦ/то добива ИП од ВПН мрежата, но таа ИП се користи само за комуникација меѓу тебе и ВПН серверот, на некој начин гледај на таа ип како локална ИП адреса во ВПН мрежа.
    Доколку ВПН серверот се корити и како Прокси т.е. цел твој интернет сообраќај се испраќа до проксито. Тогаш веб серверот нема да ја гледа твојата ИП како клиент туку ИП адресата на рутерот од ВПН серверот.


    Кога се користи прокси, или цел сообраќај се тунелира или пак дел од сообраќајот. Најчеста имплементација е само дел да тунелираш, т.е. одредени мрежи, попознато како split-tunneling.
     
    На Penny и Necromancer им се допаѓа ова.
  9. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Повежбај малце. Logmein Hamachi и/или Teamviewer VPN се бесплатни сервиси за правење VPN мрежи :)
     
    На Penny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Penny

    Penny
    Intern

    7
    2
    6 Јануари 2014
    Женско
  11. pwned

    pwned
    Intern

    33
    15
    12 Мај 2016
    Машко
    Овие програми не се бесплатни доколку ги користиш подолго време - commercial use suspected, односно не се бесплатни за комерцијални цели
    Дали има некое бесплатно решение :)
     
  12. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    216
    173
    29 Март 2012
    OpenVPN
     
    На pwned му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Hamachi можеби уште функционира, не сум го проверил скоро... Инаку ако навистина не го користиш за деловни цели, TeamViewer и да ти напише така, НЕ прекинува со работа. Заменски софтвер постои, не сум ги пробал сѐ уште http://www.aeroadmin.com/en/index.html или http://www.ammyy.com/en/admin_features.html (за овој Гугле се буни дека е спајвер малце ;) или читни повеќе тука https://www.reddit.com/r/teamviewer/comments/4m48lz/alternatives_to_teamviewer/
     
  14. Scofield

    Scofield
    Intern

    39
    30
    23 Август 2019
    Машко
    Студент
    *можеби прашањево е чудно*
    Како работи ВПН во позадина? Ако ја гледаме комуникацијата како edge точки, значи ВПН ја фејка мојата ИП адреса кога комуницира со некој сервер, односно мојата комуникација се одвива со тоа што не ја покажува мојата јавна ИП адреса туку вештачки ја прикажува јавната адреса од ВПН?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,528
    10,544
    23 oктомври 2012
    Машко
    Да.
     
    На G4M3R, Fatal1ty_, krema и уште 5 други им се допаѓа ова.
  16. stefan

    stefan
    Gaining Experience

    355
    134
    13 Април 2007
    Машко
    Или кратко кажано сурфаш преку друг компјутер.
     
  17. Weeaboo

    Weeaboo
    Intern

    63
    35
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    А дали доколку користиме VPN на некој начин може да бидеме откриени? Дали може да се дознае дека користиме VPN, и доколку може, дали може да се најде origin point односно компјутерот што се замаскува?
     
  18. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,474
    1,076
    8 Декември 2009
    Не само што може, редовна пракса е да се бара инфо од впн провајдерот за корисникот, барем во развиените земји.
     
    На Weeaboo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    885
    946
    9 Декември 2015
    Машко
    Да, ама дали ВПН провајдерот ќе даде информации? Без судски налог нема шанси. Е сега ако корисникот се интересира дали ако врши сериозно кривични дела преку ВПН ќе го фатат, одговорот е да. Во теорија, во таков случај подобро да оди со припејд телефон купен во странство (или тука ако може со лажни податоци), да почека некоја недела или месеци, да се прикачи на јавно вифи, да заврши работа, по што ќе треба да го уништи/фрли телефонот. Или може да оди во прометно интернет кафе, иако сега вообичаено тие интернет кафичи имаат камери. Филмови :)
     
    На Weeaboo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,474
    1,076
    8 Декември 2009
    Муабетов со впн и кривични дела во интернет кафе ме потсеќа на муабет сред коперација со жолта,месен нарезок и вегета.
     
  21. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,015
    2,557
    21 Јануари 2011
    Машко
    Најдобро со твој сервер. Не знаеш кој што чепка по другите.
     
  22. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    885
    946
    9 Декември 2015
    Машко
    Се спремам пред ручек :) Инаку добро поентата е таа - не е ВПН целосна заштита ама е подобра заштита отколку да оставиш твојот интернет провајдер да се "грижи" за приватноста.
     
  23. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,474
    1,076
    8 Декември 2009
    +1. Свој VPN, за always on конекција на сите уреди, секаде.
    Барем моја преференца е IPSec на raspberry, сервис што кошта 50 евра и саат време куцање команди.

    И да е 5 евра месечно сервисот што ќе го плаќате, за година дена имате вратена инвестиција што не зафаќа простор, е доволно енергетски ефикасна, а може да се користи од повеќе луѓе.

    Секако, ова за лична употреба. За бизнис сферата, друга песна.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  24. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    550
    504
    26 Јуни 2012
    Машко
    Сепак секој си има различни потреби, генерално VPN се бара за приватност. Ако ти имаш RPi и си повторно на иста мрежа тогаш нема поента. Лаички можеш и со team viewer да командаш дома.

    Не е ни чудо што на секој торент сајт/клиент се рекламираат VPN-и, примарната употреба и барање е јасно.
    Инаку разгледајте го и оперативниот Tails кој нуди целосна заштита(ако веќе толку сте забегале по тоа :D), не само за веб.
     
    На Weeaboo му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Weeaboo

    Weeaboo
    Intern

    63
    35
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Слични работи не нудеше Kali или redhat? За Tails прв пат слушам.
     

Сподели

Вчитување...