1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Што е со цената?

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од steelseries, 9 Декември 2019.

  1. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    ASUS GAMING GL504GM-ES164 - Intel Core i7-8750H (2.2 GHz

    Гледав лаптопи, сакам да купам.

    Ми се свиѓа билдот, RGB, има IPS 144hz.
    зошто е поевтин наспроти другите модели со послаби графички? И со помалку рефреш рејт на мониторот? Дури има и подобра батерија од поскапите модели за издржливост.

    Гледав рецензии за лаптопот, и се гледа дека има налепница на кутијата. Но сумљам дека е веќе скината во нашава држава...

    Што мислење имате?
    Вреди да пробам-риск?
    На што да обрнам внимание?
     
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,093
    1,684
    13 Јануари 2014
    Машко
    Види дали е нов. Имаше пред некое време тема за recertified уреди во Сетек, овој не изгледа ко да е еден од нив, ама со ценава ми е малку too good to be true. Посебно со фактот што го има само на едно место, на Рузвелтова, што значи дека е можно да не е нов.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  3. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    Same thoughts. За нов да е не треба стикерот да е сецнат е сеа...
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,093
    1,684
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од моево искуство, не мора да значи. Можно е да е последно парче, да е нов, ама некој да побарал да го види па се премислил од кога ја отвориле кутијата. Нема причина да го продаваат како користен - сепак е нов ама лепенката е скината. Во секој случај, се познава кога лаптоп е користен, макар и на кратко. Пак ќе речам, види го во живо, и процени на лице место. Ако е користен, јас би ти рекол да не го земаш, без оглед на оваа цена, затоа што го продаваат како нов.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,416
    3,129
    24 Септември 2012
    Земај не се мисли, си постои гаранција.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    914
    1,401
    6 ноември 2007
    Добар ден сакам да купам ASUS лаптоп ај ќе ве молам отворете ми ги и покажете ми ги:
    ASUS ROG G703GXR-EV003T
    ASUS GX502GW-AZ095T
    ASUS GAMING GL504GS-ES006 - Intel Core i7-8750H (2.2 GHz

    Сец
    Сец
    Сец

    Ахам фала, ај ќе размислам, се гледаме.. Поздрав.

    Резултат:
    СЕТЕК Загуба - 419.997ден. (6829€)
    Лаптопите се враќаат во Taiwan на топење.
     
    На Draynor, damil, Daniel86 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    Тоа е нивна кривица, не се отвара пред плаќање на ваков продукт. Како второ имај на изложба за да нема после не ми се свиѓа.

    Цел свет продава не сецнати а кај нас со изговор на царина ги отварале...

    Не се загуба сетек. Asus има договор со нивните retaileri тие се враќаат назад.
     
  8. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    914
    1,401
    6 ноември 2007
    Тоа скапите модели се носат во количина од 2-3 парчиња, најсила. Мала таргет група на купци, затоа и се наоѓа по едно парче во Рузвелтова, затоа што сигурно нема да го пуштат во салонот во Свети Николе да им дреме како фингерпринт магнет.
    Дали ќе го купиш или не, преференца до самиот купец.
     
  9. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    Елај си Охрид да си апниш Охридска пастрмка сите кај шо чачкале или некој ја вратил па ти да ја јадеш рибата....

    Колку сака скап нека е, не се отвора лаптоп без да има кеш. А ако се врати назад, сетек се должни или кој било друг да го прати назад.
     
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,127
    7,028
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Треба да си имаат по еден експонат и после и тој да го продадат по намалена цена (open box се вика во нормална држава).
     
    Costigan_Jr, FLEGMA, RoninMK и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,093
    1,684
    13 Јануари 2014
    Машко
    Имав едно искуство со експонат во Техномаркет пред некоја година. Го купував изложениот модел, не се ни сеќавам што беше, и продавачот ми кажа дека нема спакуван и дека само тој е. Не ми беше проблем, и реков да ми го спакува, ама другарчево што беше со мене искоментира дека "Во нормална држава за изложениот примерок се добива попуст". Продавачот го погледна накриво и му рече "Е да, ама не сме во нормална држава" и ми го искуца по продажната цена. Сега кај што си го враќам филмот, после коментарот не требаше ни да го купам, ама ајде.

    Заминав малку offtopic можда, ама муабетот ми е да не се надевате на попуст ако е open box/експонат, такво нешто можеби по мобилариве ама во големиве продавници потешко.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,119
    803
    1 Јуни 2016
    Другар ја купи оваа конфигурација од Нептун лани за 54000. Така да мислам дека си е океј за 63000.
     
  13. Nikola G

    Nikola G
    Gaining Experience

    56
    55
    18 Септември 2017
    Машко
    Имав пишано и порано. Мене Сетек ми продадоа отварен лаптоп. Видливи беа трагите од тоа што бил отваран.
    Колку луѓе само имаат изгорено вака досега. Ама некогаш на народов така и му треба.
    Се залетал да купи ѓубре. Абе пари си давам и колку сум платил толку сакам и да добијам.

    А ако веќе сакате да купите recertified лаптоп на интернет има страни кои продаваат. 100% посигурни и без далавери и со поевтини цени од тие на Сетек.
    Давачките за увоз се мали. И ќе го имате за некој ден лаптопот.
    Навистина се чудам како може некој да купува лаптоп од Сетек. Особено при се што е пишано тука. Имате многу други продавници и друг избор, освен сетек.
     
    Astro, RoninMK и на Rukfash им се допаѓа ова.
  14. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,052
    560
    12 Април 2017
    Машко
    Не сваќам, шо е ова со сецкањето?
     
  15. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    Seal sticker on the box @Futurelakimens

    144hz 1060 i7 8750h 8gb ram 256 ssd i 1tb hdd?
     
    Изменето од модератор: 11 Декември 2019
    На Futurelakimens му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,205
    13,059
    23 Јануари 2008
    Манга
    Може ли да посочиш некој пример?
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,623
    1,397
    27 Јануари 2011
    Машко
    Off Topic
    Охридска пастрмка имет бело или црвено месо?
     
  18. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    Тоа ти е бинго, ило бело или така трочка полу розевкасто.
     
  19. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,623
    1,397
    27 Јануари 2011
    Машко
    Е па и ова ти е бинго :hay:
     
    Draynor, moongose и на steelseries им се допаѓа ова.
  20. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,119
    803
    1 Јуни 2016
    Ах, не. 60hz беше екранот. Другото да, се исто.
     
  21. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    826
    527
    20 Декември 2015
    Машко
    Лаптопот бил со мртов пиксел, а пред да ми кажат, резервиран бил вака така. Одбрав друг лаптоп го сакам овој, чекај да видам оп само овде го има али на излогов е 1 недела, супер бил. Метар прашина на лаптопите... Сакам неотпакуван, дај другиов, ѕвони на друго место да праша пак на излог, и така 10тина лаптопи поминав и сите на изложба.... Чао пријатно.
     
    На DonFrozex, polymath, Rukfash и уште 4 други им се допаѓа ова.
  22. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    298
    230
    13 Март 2017
    Машко
    А има ли некој закон или регулатива кај нас што се однесува на изложени апарати? Пример ако стоел веќе месец дена изложен, или плус користен како тест, а и со мртов пиксел, има ли некоја опција да го земеш да речеме за некој -40/50 %? Или пак истата цена ти ја фукаат како ново парче?
     
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,430
    10,321
    13 Јуни 2009
    Не сум чул дека продавачот законски е должен да спушти на цена за опен бокс или експонат.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  24. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    298
    230
    13 Март 2017
    Машко
    Епа нели е малце нереално да ти стои на излог, да биде тест, да го тепа прашина и топло/ладно, а да ти го продаде по иста цена како неотпакуван?

    Мада.. ќе пројде период, ќе удрат некоја промоција, чале ќе го купи, сите среќни и задоволни.
     
    Последна промена: 11 Декември 2019
  25. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,127
    7,028
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па је нереално, но не е регулирано.

    Со сите продавници сум имал искуство со експонати. Анхоч ми дадоа малце попуст пошто прокоментирав дека куќиштето е со прашина (не ради попуст него онака), ама дечкото во ГТЦ беше многу фин и со крпа го избриша и го спакува како бомбона.

    Додека во сет меркав на времето Редми Ноте 2 про и го имаа само на излог, бел што малце дури и пожутел од стоење. Нејкеа да спуштат цена па отидов кај мејкерот во старата продавница и земав гланц нов.

    Се е до услугата кај нас, а муабетов со сет е лоша организација на фирмата воопшто. Да не кажам катастрофална. Оваа плоча на пример им стои на лагер, а е уствари беше во сервис со искривени пинови на сокетот. Им се јавив пред да одам тогаш ми рекоа дури немало потреба да резервирам имало „сигурно“ на рузвелтова.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...