1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Што е попрофитно: Веб програмирање или апликациско програмирање?

Дискусија во форумот 'Останати' започната од Stane, 27 Февруари 2008.

Што е по профитно?

Анкета затворена (на) 28 Март 2008.
  1. Веб Програмирање

    28 глас/а
    65.1%
  2. Програмирање на апликации

    15 глас/а
    34.9%
  1. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,624
    161
    11 Април 2007
    Машко
    Фирмата профитирала, но кој е твојот ќар од сето тоа.
    Муабетот ми беше дека на секого му треба веб страна...
    Нека се надоврзат и другите кои сакаат да дискутираат, он топик сме ;)
     
  2. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    За да не го преплавувам постов со цитати само ќе ги спомнам имињата на членовите врз чии постови се базира мојот одговор :)

    @ <<ExeCutoR>> Пиратерија има кај оние кои не се доволно заштитени, значи веб апликацијата не е доволно професионално направена. Не кажав дека може целосно да биде искоренета туку многу редуцирана (некаде 90%).

    Начинот кој е пресуден за редуцирање на пиратеријата е многу лесен. Да речеме дека си фирма, изработуваш веб апликација и клучен дел од таа апликација го хостираш на твој сервер кој врши real-time проверка на муштеријата. Бидејќи 99.5% од веб апликациите имаат пристап на интернет, оваа опција ти е секогаш овозможена, за разлика од обичните апликации кои можат да работат offline.

    Разгледај само колку е-банки имаат свои сајтови каде скоро се е web based, милиони корисници се логираат, вршат плаќање на интернет секоја секунда, токму користејќи ги тие веб апликации.

    Во другиот пост спомна изработка на веб страници, Executor спомна и веб темплејти.. Тоа нема врска со темата, тука зборуваме за веб програмирање а тоа ги вклучува и банките кои ги спомнавте. Најскапа веб страна не чини 1000 евра туку многу повеќе, да не шпекулирам со суми :)

    Како што кажа DynamicMK, многу е полесно да направиш целосна веб програма одколку целосна апликација. Ова секако има влијание бидејќи "совршените" и јаки апликации кои се изработуваат најчесто се дело на цели компании кои најчесто имаат вработено над 100 лица (некои и повеќе од 1000) и финансискиот приход се дели на сите, сопственикот го зема најголемиот дел а вработените обично се на фиксна плата.
    И во веб програмирањето има вакви случаи меѓутоа тој процент неверувам дека е поголем од 50% и обично 5 до 15 лица од web programming тимот се доволни за изработка на финален проект.

    Значи, не треба да мешате дизајнирање и изработка на websites & templates и веб програмирање.

    Па нели online плаќањето е премногу развиено во светот. Зошто не помисливте на Google? Yahoo? Зошто не ги спомнавте Ebay, Аmazon, и сервиси како Paypal, moneybookers, e-gold и илјадниците мерчанти кои функционираат преку веб? Affiliate системите? Колкав е нивниот приход? :)

    Колкав е приходот на момците кои го изработиле Adsense/Adwords на Google?
     
  3. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
    А ако ти кажам дека фирмата само го препродаваше програмот за одреден процент :) 2цата дечки кои го правеа немаа регистрирано фирма, па мораше да оди вака.
    Точно е дека на секого му треба веб страна, но и на секоја фирма и треба програма за контрола на работата, производството, евиденција итн, итн. Цената на вебстраната е околу 80тина евра, а на програмот неколку пати повеќе.
     
  4. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Ако цената на веб страна е околу 80 евра, зошто тогаш мене ме плаќаат 150 евра неделно за бета-тестирање на веб страна?
     
  5. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
    Зборам за веб страни на фирмички. 150 евра неделно не те плаќаат за тестирање на една веб страна... п.с. каде тоа те плаќаат толку? :)
     
  6. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    @StenmarC sekade vo svetot e tolku

    za izrabotka na najprost funkcionalen template so osnovni moduli ke zemes poveke od 100 Eura
    a da ne zboram za pravenje na web strana
    i skoro sekoja firma ako ne e ke vovedela nacina na online kupuvanje ke vovede duri i kaj nas
    a web programiranjeto ke bide mnogu poveke koristeno i opfateno sekade
    i naravno poplateno
     
  7. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Според договорот, несмеам јавно да ја кажам компанијата :)

    Темата е Веб програмирање vs Апликациско програмирање, а со веб програмирање не се подразбира веб страни на фирмички. Има веб страни кај кои веб програмирање воопшто не е употребено. Да не ги мешаме работите :)

    Погоре спомнавте некои предности на апликациското програмирање, па морав да ги наведам примерите со веб програмирањето. Постот погоре би требало да објасни што сакам да кажам.

    Вебот и веб програмирањето се во подем и се повеќе барани засега. Секако веб програмирањето е и поново од апликациското. Веројатно и ова е еден фактор за поголемата профитабилност на веб програмирањето во моментов.
     
  8. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
    Сеуште стојам на тоа дека апликативното е попрофитабилно. Како пример можам да посочам и дека најплатените програмери кај нас не се веб програмери. Дали во иднина ќе бидат не знам... знам дека веб програмирањето ќе зема поголем замав, но знам дека апликативните "offline" програми се повеќе ќе вградуваат веб елементи.

    Бај д веј... колку веб страни тестираш неделно? Нешто не ми испаѓаат математиките тука, ама ај...
     
  9. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    prvo za web programiranje za da uspees kaj nas ili mora da imas debeli vrski ili pak pari tie 2 raboti odat zaedno
    za da se isplati ne ste sednale nekolku se narpavile nekoja aplicacija pa aj da ja prodavame
    tuku zboruvam za golemi proekti
    so na da kazeme 50 vraboteni za da se isplati a toa samo nekolku biznismeni go rabotat vo mk

    znaci pogolem del od programerite rabotat za niv
    i zimaat hmm aj da kazeme okolu 30 k denari

    toa e prvo a gi ima mnogu web programeri zboruvam od toa pocnuvajki pd photoshop
    koga ke izvadis html + sliki seto naramy e programiranje kolku i da koristis WYSIWYG editori pak ke mora da se i kuca
    a i + dokolku klientot saka i nekoja aplicacija

    e dobro eve ke ti kazam primer za mene
    do nekolku saati dnevno + studiram mora i da se uci jas za 2
    meseci zemav neznam tacno no okolu 3k $
    e dobro golem del skoro site gi dadov za nekoi novi skripti licenci hostovi
    no ako ne se vlozi nema da se dobie

    a ako rabotis za nekoja firma ima cel den da bujlis u kompjuter u kod i da se macis za nekoja banalna greska

    i najdobro e sam svoj gazda a ne da go polnis na nekogo zdepot

    e toa jas imav da kazam
    ajde drugite sto mislat
     
  10. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Правење HTML страници и дизајнирање во photoshop НЕ Е Веб програмирање, во заблуда си, кажав погоре. Ги мешате работите.
    Кодирање во HTML и/или CSS не е програмирање, од тука не е ни веб програмирање.

    Никој не ти забранува да си стоиш на своето мислење, само дискутираме :)

    Како што знам темата е општа, земањето примери од типот "кај нас" не се баш веродостојни. Тука зборуваме општо.
    Од друга страна, кога станува збор за програмирање (особено веб), не си ограничен на локација. Скоро е неважно кај си лоциран, важно е да си во постојана комуникација со работодавачот (може и да си самовработен, не е битно) а тоа можеш да го оствариш и преку интернет.

    Ова е веќе офф топик, ама ајде чисто информативно уште овој одговор:

    Тестирам само 2 веб сајтови (за тие што мешаат веб сајт и веб страница: сајт не е исто со страница, веб сајтот може да се состои од многу веб страници). Ги тестирам истите веќе неколку месеци само затоа што веб програмерите додаваат нови работи на истите.
    Значи, во мојот случај работодавецот (сопственикот на тие 2 сајта) инвестирал $2400 последниве 4 месеци само за тестирање на овие 2 веб сајта, можеш да процениш колку се платени програмерите (кои во случајов се Срби :) ова го нагласив колку да се надоврзам со тоа што го кажав погоре, во однос на локацијата)..
     
  11. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    mislam deka ti si vo zabluda
    html css php java ... seto toa se programski jazici
    dobro dokolku nekoj 100% koristi WYSIWYG editori togas ne e

    na faks ima eden predmet internet programiranje
    tija jazici gi ucime
    dobro najveke se zadzuvame na javata
    no sepak i ostanatite spagaat wo web progrmiranje
     
  12. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    759
    184
    10 Јуни 2007
    Не, не, MetalGear ти си во заблуда.

    HTML:
    CSS:
    ASP.NET:
    PHP:
     
  13. <<ExeCutoR>>

    <<ExeCutoR>>
    Intern

    132
    2
    16 Април 2007
    Точно се согласувам со тебе :bravo:
     
  14. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Во темава не станува збор за изработка на веб страни туку веб програмирање...

    За мене, споредбата на MetalGear, StenmarC и Executor е исто како јас да зборувам за дизајнот на CDaта или опаковката на Photoshop кога станува збор за апликациско програмирање..
     
  15. Wizardion

    Wizardion
    Intern

    111
    1
    2 Март 2008
    Во Македонија попрофитно е Веб програмирањето... Додека во странство Апликациското програмирање е попрофитно и позастапено.
     
  16. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    @Andrijeski jas ubavo kazav
    otkako ke se sredi layout vo photoshop
    i ne da se dreduvaat slikite stilot vo html ili php tuku so niv moze mnogu
    znaci spored tebe da se napravi osnoven blog mislam blog od nekolku saati ne kako vbulletin
    ne e internet programiranje
    mnogu raboti mozat da se napravat vo php i html naravno tuka e i DHTML moj omilen
    css da toa e sasim drugo
     
  17. Vavo

    Vavo
    Intern

    270
    15
    20 oктомври 2007
    Машко
    Апликациски софтвер што е специјализиран е скап. Плус тешко дека ќе ти го копираат затоа што ќе ставиш лого име на фирма и сл. и тоа станува неупотребливо во слична фирма.

    Web програмирање е во подем. Точно е дека за добар дел од основните типови на сајтови може да ги направиш за 2-3 дена...затоа се појавиа милион портали и форуми кои се чиста копија еден од друг...и се речиси безвредни во било кој аспект.

    Јас сеуште не знам да програмирам за веб, ама добро ги владеам сите други аспекти од веб и дефинитивно можеш да најдеш доста работа и така. Споредба тешко може да направам. Имам само еден програм за ресторан продадено и неколку веб проекти... а споредбено во задоволство... што знам повеќе ми е забавно да работам нешто што бара и графичко изразување наспроти црно бел код.
     
  18. PBaller

    PBaller
    Intern

    76
    0
    6 Март 2008
    Iskreno spored mene ovie dve tehnologii nemozhe da se sporeduvaat bidejki i dvete si imaat svoi prednosti i anomalii, no so poslednite web tehnologii kako shto e .net 3.5 i upcoming WEB 3.0 web aplikaciite mozhat da se napravat mnogu flexibilni i interaktivni isto kako da se stand alone aplikacii.
     
  19. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,681
    333
    8 Мај 2007
    Web програмирањето дава полесен старт, полесно можеш да најдеш работа(многу луќе работат самостојно). Но сепак мислам дека двете подеднакво можат да донесат приход. Зависи од среќата и упорноста.
     
  20. Dare

    Dare
    Intern

    141
    2
    8 Април 2007
    ако го прашуваш прашањето бидејќи се прашуваш дали сакаш да работиш веб или апликациско прогрмирање...

    и двете се профитабилни, одбери го она што го сакаш. Последното што ти го кажав е најважно. Од мое искуство.
     
  21. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
  22. varelg

    varelg
    Intern

    67
    0
    13 Декември 2007
    Па добро штом така Стиви се дере, дај нека ги направи Мајкрософт скроз на скроз тим на веб програмери и нека дигнат раце од програмирање ОС, офис апликации и се` она што М$ го направи она што е денес...
    А за профит од мое скромно (не)искуство, верувам дека секој програмер ќе се најде себеси во некоја од дисциплините. Ако програмирањето е кодирање на решение за некој проблем а проблеми секогаш ќе има, тогаш нема зима... веб програмирањето некако повеќе делува како брз кеш, ќе земеш набрзинка некоја пара/или почетник програмер ќе се изостри во веб технологиите па после ќе излезе од прангите на FireFox-Explorer-Safari и ќе фати да пишува апликативен код... такви некои сценарија имам видено досега...
    Профитираат добро и од веб и од апликативен... се наоѓа пазар и за едните и за другите...
     
  23. elite hacker

    elite hacker
    Intern

    71
    0
    20 Јуни 2008
    Web ama i tamu ima piraterija..pa pazete se
     
  24. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Momentalno sum vo USA i sekoj den zemam vesnici so oglasi za rabota... veruvajte ovde ne sretnav ponuda za web programeri.. only aplication programmers (i toa nenormalno mnogu)
     
  25. mac-ufs

    mac-ufs
    Intern

    611
    19
    23 Април 2008
    Машко
    Developer
    mene licno mi e pointeresno web programiranje ali da gledame realno...Ima programi ko dreamviewer i slicni na nego preku koi sekoj moze da izraboti web strana taka da programiranjeto na aplikacii e kaj kaj po isplatlivo i po plateno..Je da vo makedonija ni toa ne e osven ako ne go prezentiras nadvor od drzavava pa da go sitnes na nekoja jaka firma da izvadis pari...u sekoj slucaj aplikativnoto e poslezoeni i poplateno :D
     
Слични теми
  1. dzonov
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    2,209
  2. !vlatko!
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    698
  3. Primo
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    4,858
  4. bOmit
    Одговори:
    29
    Прегледи:
    4,481
  5. DonFrozex
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    396
Вчитување...

Сподели

Вчитување...