• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Што е идејата со IT.mk/market?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,018
www.iwmnetwork.com
Со новиот дизајн од пред 10-тина дена, на IT.mk е претставена секција http://it.mk/market - идејата е едноставна:

ИТ маркет е услуга на IT.mk преку која ви препорачуваме производи достапни на нашиот пазар. Изборот на производи е на редакцијата на IT.mk и на IT.mk заедницата која препорачува производи преку форумот или друштвените медиуми. Спонзорираните објави се соодветно означени.

Од причини што на пазаров се носи само кинеско сра*е, сакаме преку секцијава да ги поттикнеме македонските бизниси кои работат со хардвер, па и софтвер, да донесат малце подобра понуда. Бидејќи е нереално да се носат толку лоши работи и најевтини кои мора да ги прекупуваш на 2-3 месеци.

Ќе има простор и за спонзорирани објави - нели треба да си ги покриеме трошоците, но истите тие ЈАСНО ќе бидат назначени дека се спонзорирани од продавниците. Останатите производи, како овие сега што се листаат, се производи кои:

- редакцијата на IT.mk имала добро искуство и мислење
- производ иа бенчмарк тестови од релевантни извори кои се доста добри
- ИТ.мк заедницата (заедно со форумот и друштвените медиуми) ги предложува

Засега е најважно производите да се достапни на ОВОЈ пазар, и да можат да се купат или пак нарачаат од интернет.

Идејава со форумот за ИТ.маркет е членови на форумов да имаат каде да предложат производи.
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
696
445
Сервисов е само линкови до производите? Не треба да има рецензии или нешто така?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,018
www.iwmnetwork.com
Со помош на активна заедница токму овие работи треба да ги посочиме во Маркетот и да ги искорениме. :) Ова неможе еден човек да го прати, но ако на едно место, еден канал, се сумираат ваквите разлики и те како ќе почнат трговците да слушаат.

Во официјалната најава на ИТ маркет која ќе биде објавена во следните две недели, ќе прецизираме што точно сакаме да направиме и како тоа може да се постигне. Но дефинитивно ни треба активност од целата оваа заедница за тоа. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,018
www.iwmnetwork.com
Сервисов е само линкови до производите? Не треба да има рецензии или нешто така?
Засега, заради разбирливи причини - ресурси, време, ќе бидат само линкови. Но нема да биде линкови до било какви производи, туку линкови до добри, квалитетни производи (со што трговците ќе ги потикнеме да носат повеќе такви квалитетни работи наместо кинески глупости) кои имаат фер и пристојна цена (со што јавно ќе почнеме и да ги споредуваме цените како горенаведениот пример меѓу Нико и Анхоч - ова понатака).

Со давањето на вакви линкови, ние како ИТ заедница практично препорачуваме производи и им даваме кредит на трговците кои се потрудиле да донесат нешто поквалитетно и поасално...
 

MasteR_#0

Unstoppable
14 декември 2010
2,757
2,432
MasteR_#0's setup  
Processor & Cooler
Core i7 10700K | Hyper 212 Evo
Motherboard
Asus Z490 TUF
Storage
Samsung SM961 256GB | WD 1TB Blue EZEX
PSU
Riotoro Enigma G2 750W
RAM
2x8GB G.Skill SniperX @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 5700
Case
CM H500
Mouse
Logitech G502 Hero | G.Skill MP780
Keyboard
Logitech K120
Audio
Logitech 2.1 X-240 | Sennheiser HD 559
Monitor
Dell P2720D
OS
Windows 10 x64
Sapphire 290 Tri-X - Анхоч
i5 6500 - Сетек
Asus B150 Trooper - Сетек
CM Hyper 212 Evo - Сетек

CM напојувања од GM/VS/V серија со рандом ватажа - Сетек/DDCom, понекогаш знаат и Анхоч некое вакво напајање да стават во понуда.
Antec напојувања од Neo Eco/HCG/HCP серија, исто со рандом ватажа од Мебиус.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D

Jedah

Practice makes perfect
6 ноември 2007
1,053
1,553
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: Kingston A400 120GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
A4Tech OP-530NU
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
AOC 22" e2243Fw2
OS
Windows 10
Имаше неколку обиди на форумот за рецензирање на неколку производи и сите тие беа катастрофално лоши али иронично со таков лош квалитет беа туркани на насловна како Статии и Рецензии... Не дај боже некој да при одлука за купување се потпре само на тие текстови. Зашто?
Затоа што тешки срање уреди со безброј мани беа опевани како последен крик на технологијата без да се прикажат маните кои тие ги имаат. Рецензија не е само да се набројат техничките спецификации и кај стои ова дугме од што материјал е направено ова и сл.
Незнам колку ИТ редакцијата и заедницата е способна - финансиски, да биде во тек со најновите модели и истите да ги Оценува, ама објективно а не да се крие зад финансиските интереси.
Зашто ако АМЦ ви даде рецимо некој си Nextbook и вие го возвишите до боговите а скриете фактот дека WiFi антената не функционира на поголемо растојание од 3 метри од рутер и дека батеријата е срање и дека при реални услови на користење (а не само 5мин од кутија и одма назад у фирма) меморијата се полни до даска и уредот е нефункционален.. ако ги скриете сите тие факти. Онда не сте направиле ништо.

А да
Изборот на производи е на редакцијата на IT.mk и на IT.mk
Извинете али ако мислите да правите рецензии на производи од вашите влажни соништа кој се наменети само за елитата онда истотака одите во грешна насока.
Наместо тоа следете ИТ пазар на Македонските компании.. Ако АМЦ извадил флаер со промоција на некој Quart кој планира да го врти 3 месеци и се очекува да биде нивни Selling Point за Нова Година онда нека се одважи некој и нека го земе и истестира и нека каже Го бидува или не го бидува. Бидете од корист на народот. Немојте со тие елитистички ставови небаре ИТ.мк ќе го промени пазарот во Македонија. Се знае колкава е куповната моќ на народот и кој е соодносот во продажбата...
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,331
28,687
kalco.ru
Се надевам дека идеата ќе успее и на членови како тој над мене ќе му стане јасна замислата на маркетот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,777
11,084
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Дај тргнете го Kingston V300 не се понашајте ко Бајага, гледа народот....

Иначе поздрав до иницијативата, многу ме бендисува. Мислам дека ќе биде потребно за секој производ да се има избор од неколку слични и да има гласање. Кој ќе победи во рок од недела дена нека се стави во листата.
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,731
4,622
У строК центар!
Идеата е супер, но за жал нашиот менталитет е катастрофа. Прво многу малце луѓе се разбираат како што треба, второ кај и да побарате производ за да напишете рецензија ќе ве ограничуваат. Колку и да се трудиме ние пазарот е тој, понудата е таа, луѓето се тие...али мора да се проба. Имате поддршка од мене! :)

Неколку идеи и сугестии за почеток:
1. Направете листа од сите продавници/фирми во Македонија, а потоа поделете ја по градови.
2. Кога ќе одбирате производи за предлог, споредете ги цените во сите продавници од листата, може да ја истакнете најниската, а може да истакнете и по градови. (може да има истакнато и повеќе цени)
3. Обавезно критикување во рецензиите,и да го користите производот 1-2 недели и да истакнете она што е реално и како е навистина да се користи/има производот.
4. Да се запазат основни работи и да се согледуваат реално работите. (Пример: истиот производ е поскап 200 денари таму но добивате 2 години гаранција, наместо 1 година)
5. Може да направите анкетни листови во вашата редакција и да соберете некои податоци итн.

Едноставно гледајте со очите на купувачот, како тој би се однесувал(нормално за наш менталитет) и што би направил, што би му сметало, што би го сметал како предност на производот, а што како негативност итн.
 

Jedah

Practice makes perfect
6 ноември 2007
1,053
1,553
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: Kingston A400 120GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
A4Tech OP-530NU
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
AOC 22" e2243Fw2
OS
Windows 10
Се надевам дека идеата ќе успее и на членови како тој над мене ќе му стане јасна замислата на маркетот.
Ау извинете целиот мој пост е ван контекст... Не ни отворив да видам што точно претставува ИТ Маркет а пишував во 3Ч00 така да........
Значи се работи само за обична препорака на производи кој се наоѓаат на пазарот во Македонија за кој ИТ.мк редакцијата и форум заедницата смета дека се добри и вреди да се препорачаат..... А нешто текстче со аргументи? Факти?
Ја па реков ова е обид да се мрдне рецензентската сцена од нулта точка. Да не мора да читам tom'shardware и амазон коментари. Него да се потпрам на Македонско мислење.....
Nothing to see here people, move along....
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,018
www.iwmnetwork.com
@Jedah

Доста критичко размислување. За жал, не се согласуваме со твоите ставови. Прво, за рецензии правење реални треба доста ресурси, а и компанија која ќе се нафати ти да му направиш реална рецензија. Кај нас менталитетот на ИТ трговците е никако да се каже лош збор за производот, независно во кој ранг е. Рецензиите од форумот кои беа објавувани од членови, не се воопшто поврзани со редакцијата, туку истите ги објавивме бидејќи сепак беа корисни текстови за читателите. Јасно се кажува во тие рецензии во која категорија се оценуваат и јасно им е и на читателите за што станува збор.

Заради тоа што нема бизнис култура да се направат саглам рецензии, се решивме на овој чекор да препорачуваме производи. 2015-та е, се може да се провери со неколку клика, а дополнително на тоа има земји во светот и сајтови каде што рецензиите функционираат како што треба, каде што трговците не се толку тврдоглави. Тие рецензии се јавни и зошто да не ги и нив искористиме при давање на препорака?

Еден од главните проблеми на пазаров е тоа што фирмите не носат квалитетни уреди бидејќи мислат дека нема да им се продаваат, а купувачите не одат во локалниве фирмите зашто веќе научија дека не носат квалитетни производи и купуваат на страна, во некои случаи и поскапо. Многу луѓе дополнително не знаат на пример каде има Rasbperry Pi 2 во Македонија, што е супер производ.

Сепак не велиме дека ИТ Маркетот и ИТ.мк ЌЕ ја промени ситуацијата, но барем ќе се обидеме силно да влијаеме на еден или друг начин. Има нешто лошо во тоа или според тебе воопшто да не се обидуваме?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,018
www.iwmnetwork.com
Дај тргнете го Kingston V300 не се понашајте ко Бајага, гледа народот....

Иначе поздрав до иницијативата, многу ме бендисува. Мислам дека ќе биде потребно за секој производ да се има избор од неколку слични и да има гласање. Кој ќе победи во рок од недела дена нека се стави во листата.
Добра идеја. Ќе ја разгледаме. :) Неможе да се иде со стандард анкета, бидејќи сме имале дешавки каде што се регрутираат сите вработени и нивни роднини. :)
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,777
11,084
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Ами јас ли да ве учам, :) ?

Select count (*) from 'votes' where 'member_name'=(astro,gojdo,flegma,pricina,fatality.....) order by votes;

and so on and so forth...., цела листа на релевантни членови во SQL syntax :) , just a thought
 

bokiscout

Unstoppable
17 март 2011
1,720
2,001
Скопје
bokiscout's setup  
Processor & Cooler
Intel Core I5 2500 // CM Hyper T4 // BeQuiet SILENT WINGS 3 120mm PWM x 1
Motherboard
Gigabyte P67 A UD3 B3
Storage
Samsung 840 EVO 120 GB // Kingston A400 480GB // WD 5000AZRX 500 GB // Toshiba L200 1 TB
PSU
EVGA B3 750W
RAM
Kingston HyperX Blu 2 GB x 2 // Kingston HyperX Blu 4 GB x 2
Video card
Assus Strix RX 570
Case
Sharkoon AM5 Silent // BeQuiet SILENT WINGS 3 120mm PWM x 3
Mouse
Logitech M590 // SteelSeries QCK mini
Keyboard
Logitech K380
Audio
Realtek ALC889 // Aiwa NSX BL-24
Monitor
BenQ GW 2470 ML 24"
OS
Windows 10 // kUbunutu 18.04
Како се пополнуваат ѕвездичките?
- Според број на гласови, колку повеке галсови толку повеќе обоени ѕвездички или
- Според однос, број на гласови наспроти вредност(кликната ѕвезда) на гласот.

Да не испадне дека кликаме ѕвездички за евентуална негативна репутација на уред, а всушност го рангираме повисоко.
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3,559
4,185
Добра идеја.

Морам да го поздравам царот што го стаил Lenovo X1 во листата, кој и да е :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D
  • Ја почнал/а темата
  • #18

D

Администратор
31 март 2007
3,298
2,018
www.iwmnetwork.com
Како се пополнуваат ѕвездичките?
- Според број на гласови, колку повеке галсови толку повеќе обоени ѕвездички или
- Според однос, број на гласови наспроти вредност(кликната ѕвезда) на гласот.

Да не испадне дека кликаме ѕвездички за евентуална негативна репутација на уред, а всушност го рангираме повисоко.
Рејтинг систем е, а рејтинг системи не вади само просек, него вклучува малце попаметна логика од вкупен број на гласови, наспроти просечен број на гласови тотал и слично. Значи 5 ѕвездички обоени значи бољи скор.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,743
Мислења
856,577
Членови
29,747
Најнов член
Mitra1987
На врв Дно