1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Што е девелопер и што треба да знаете?

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Pulse, 21 Декември 2018.

  1. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,222
    1,192
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Претпоставувате за што ќе пишувам во оваа тема.
    Во последно време сè повеќе наидуваме на прашања од типот, што се бара, каде да аплицирам, во која насока да се движам и тн.
    Untitled-1.png

    Во темава на кратко ќе пробам да Ви доловам што се случува во светот на програмерите.
    На почеток да напоменам, во следниот текст повеќето примери ќе ги дадам од областа на веб програмирање, бидејќи и самиот работам како веб девелопер, па полесно ќе ми биде да го доловам моментот.
    Не болдирам и подвлечувам ништо, сакам сите што планираат да почнат нешто озбилно, внимателно да го прочитаат целиов текст.

    Зошто девелопер и што е девелопер?
    Сте слушнале дека програмерите земале големи плати па ајде зошто и јас да не бидам програмер? и толку ... настанува конфузија... сега што? Од денес сум програмер а незнам кај терам ниту што е точно програмер?
    Програмер е човек што пишува/креира компјутерски програми т.е. низа од инструкции/алгоритми, код, по кој еден систем/апликација ќе извршува одредени задачи.
    Така? Да? Ве збунив? Ако ниеден од употребените термини не ви е јасен, гаси интернет!

    Доколку сте почетник и сте се одлучите да одите по стапките на еден успешен девелопер, зададете си првична цел.
    Што ви е приоритет, да имате голема плата или со време да напредувате со своето знаење?
    Доколку првична цел ви е голема плата, ќе се разочарате од првите 10 понуди што ќе ги добиете од работодавците.
    Доколку избравте напредување со своето знаење, на прав пат сте да станете успешен девелопер.

    Што се предуслови, што да се избере и во која насока да се оди?
    Верувајте ми дека факултет за ИТ, диплома од незнам каде и кој курс, нема да ви вреди кога ќе отидете на интервју за работа.
    Во фирмата во која сум моментално, моја и задача на уште еден колега е да ги прегледуваме ЦВата што се испратени од апликанти и според нив да одлучиме дали ќе „одиме понатаму“.
    При прегледот на истите, прво што боди во очи е изгледот на истото.
    Сум видел премногу ЦВа, дури и ЦВа пишувани во ноутпад, ЦВа напишани директно во мејлот, ЦВа со слика од апликантот како седи на телефон у кафиќ и сл.
    Подоцна ќе објаснам како да склопите ЦВ од кое работодавецот нема да може да ве одбие и да не ве повика на разговор.
    За избор на јазик, ништо не сте направиле доколку знаете само 1 и не мрдате од тој.
    Успешен девелопер треба да знае да се снајде во програмски јазик во кој не работел никогаш.
    Дури тогаш, ќе можете себеси да се сметате за девелопер.
    За почеток што да направите? Доколку сте почетник и доколку изберете веб околина за развивање, мој совет за да одлучите дали ќе работите со фронт, бек или фул, е да одвоете по 1 месец гледајки туторијали на интернет за фронт, за бек, да искуцате нешто, и најважно да пробате тие две да ги споите во едно. Подоцна ќе сватите дали и во што сте добри.
    За избирање на програмски јазик(ци), во претходниот период во кои ќе ја одлучите насоката, тој месец разделете го на недели и во 4те недели пробајте да искористите по 4 јазици за фронт/бек.
    Од истите, изберете ги програмските јазици во кои синтаксата на истите ви била најлесна за користење т.е. најлесно разбирлива.
    Што и да изберете, нема да погрешите. Оваа гранка во секое време има побарувачка од секаков вид т.е. околина за работа.

    Не фрлајте пари на курсеви, од кои на крајот ќе имате само диплома, а знаење 0.
    Сум се сретнал на интервју со многу апликанти што доаѓаат од реномирани академии, кои на практичниот дел изѕидале куќа почнувајќи од кровот.
    Доколку толку сакате да запишете курс и сте со намера да научите, а не да земете диплома, подобро најдете некој искусен девелопер на кој ќе му платите, ќе ви го посвети вниманието само на вас и ќе ве научи како што треба.

    Што е битно во креирањето на ЦВ?
    Да биде чисто и читко, без лампиони, и слика во профил.
    Што да не пишувате/поставувате:
    Слика во која вие сте мангуп(ка), со цигара, во дискотека, на плажа и сл.
    Не пишувајте дека сте работеле како келнер во Црна Гора, како салатер во Америка или скараџија во Мекдоналдс. Искрено, ху керс?
    Не пишувајте дека знаете Офис, БСплеер или Виндоус. Да Виндоус, искрено бев збунет.
    Аплицирате во ИТ фирма во која најбитно е да наведете што точно знаете од програмски јазици, кои се вашите среќавања со истите, времетраење и сл.
    Не трудете се да напишете све и свашта, напишете го точно без лаги.
    Од причина што повеќето фирми имаат практичен дел на кој само ќе се избламирате.
    Препорачливи формати за ЦВ, док или пдф.

    Плата?
    Сте слушнале цифри од 1500, 2000Е па дури и повеќе.
    Па да, според статистиките во Македонија, просечната плата на програмер е 1500Е.
    Уште на почеток да се разбереме, оваа сума може да варира со голема разлика.
    Вие сте почетник, штотуку сте излегле од академија и ајде одма ќе лапам илјадарче.
    Ах не. Немојте да се разочарате кога прва понуда ќе ви биде 350-400Е.
    Платата на еден девелопер варира од искуството кое го има, а не од неговите бројни дипломи, факултети и тн.
    За почетна плата, прифатете некоја разумна сума од 300 до 400Е, која со тек на време и усовршување ќе ви се зголеми многу повеќе.

    Како работодавците гледаат на девелоперите
    Претпоставувам првичното мислење за девелоперите ви било „клати врата земај плата“.
    Но после овој текст, се надевам дека ќе ја сменам таа перспектива.
    Работодавецот го плаќа девелоперот, не затоа што е убав, туку како размислува, колку е ефикасен во работата и колку се труди тековните проекти да ги доведе до степен на совршенство.
    Никој не би ви дал над просечна плата во Македонија, ако само седите пред компјутер, не се замарате со ништо, тасковите половина не завршени, мува не ве лази.
    Во светот на програмирањето, работодавецот цени труд и затоа и добро плаќа.

    Како протекува еден обичен ден на програмер?
    Зависи од компанија до компанија, но повеќето ИТ фирми имаат флексибилно работно време.
    Значи се будиш кога сакаш. Кул а?
    Влегуваш во офис и веќе пристигнатите колеги те пречекуваат некои со намуртени лица дека претходната вечер биле на афтер, други весели дека гит сервисите се даун и немале работа.
    Си правиш кафе, седнуваш пред компјутер, проверуваш известувања на мејл, слек, гит, скајп, вајбер, четворк и уште 10тина други апликации на кои треба да си 8часа активен АСАП!
    Девелоперите на повисоки функции имаат дополнителни обврски, да проверат пул риквести, да одговорат на истите, комуникација со клиент, координација и тн.
    Си пушташ воркспејс и отвараш таск што ти е зададен од тим лидерот, на кој пишува:
    Наслов: Комуникацијата со амазон во некои случаеви не работи
    Објаснување: Незнам зошто и кога не работи точка
    Лабели: Фикс, Приоритет: Висок
    Ти пред да го пуштиш на сервер, локално си го тестирал милион пати, пробани различни сценарија и секогаш работело.
    Океј, почнуваш да бараш по код, нормално не наоѓаш ништо, мењаш еден спејс, го пушташ кодот на главна гранка и сега работи. Магично!
    Изнервиран од претходниот кејс, идеш на цигара, се враќаш и продолжуваш каде си застанал.
    Подоцна идеш до силбо, или ќе нарачате со колегите пица, бургер и задолжително нешто благо!
    Супер, седиш цел ден на столица, внесуваш 10К+ калории.
    Следно, ти стигна нотификација за назначен таск, кој гласи, логото на фирмата во навбарот е поместено за 2рх на лево на ајфон 8.
    Аха, знаеш, влегуваш во цсс кодот, му додаваш падинг-лефт 2рх и завршена работа.
    Хах, очекувај дека после оваа акција, ќе ти стигне нов таск, дека истото лого на помали резолуции не ни постои xD
    Следно што ќе се случи е да клиентот се премислил во меѓувреме за некоја функционалност во системот/апликацијата, и ќе треба истото што пред недела дена си го пишувал со часови, да треба го избришеш(коментираш) и да вратиш како што било, без притоа да оштетиш други компоненти/функции.
    Забавно иде, а? Доволно примери од реалноста.
    После завршувањето на обврските, се договарате со колегите за афтер-ворк, идете у кафана, на куглање, билјард и сл, битно уште калории, и си идете дома.
    Кога ќе влезете дома, твојте ќе те поздрават со „Добро вечер“, а ти ладно ќе ги ставиш на син, или ќе вратиш погрешна вредност, во повеќето случаеви недефинирана. Легнуваш да спиеш. Наутро се будиш, си сањал дека true != true и не ти се верува. Стигаш во офис, иста песна.

    Доколку ги прифаќате наведените правила, услови и начин на живот, стискај некст, некст, ацепт.
    Никогаш не се откажувајте од своите цели! Кај некој тие се остваруваат во мал временски интервал, кај некого подолг.
    Мал совет: прво реши го проблемот, потоа искодирај го.
    Нај глуп изговор: Работи на мојот компјутер.
    И за крај
    web desig and web development01.png
     
    Последна промена: 22 Декември 2018
    На Despodov, The-spiki, tomaso и уште 29 други им се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,007
    23,445
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Генерално ова што го напиша е така и е точно, но само како протокол. Кога ќе излезеш на пазар каде што ја нудиш твојата услуга можни се отстапки од се што наброја. Во зависност од тоа каде како и што ќе работиш ќе ти зависи дали ќе ти треба диплома или не, дали ќе ти треба добро CV или не, дали ќе качиш 10к калории или не.

    Од она што го имам доживеано како искство со интевјуа и слични работи можам да ти тврдам дека во Арапските држави без диплома никогаш нема да можеш да се вработиш, и ако се вработиш платите за кои што еден девелопер сонува никогаш нема да ги доживее. Таму најмногу се цени UK диплома, па сите останати.... И да бидеш избран за работа ти и некој со UK диплома на иста работна позиција тој секогаш ќе биде 50% со поголема плата од тебе.
    Кај русите (а мислам дека е многу слично и за европа) е малку поинаку, кај нив не ти треба диплома, тие многу ценат референци и препораки, нои проблемот е што они имаа мнооогу добри девелопери па таму предност имаат Русите пред останатите.

    За работа кај нас во аутсорсинг компанија, со убаво искуство е задоволувачки.

    За фриленсер ништо од погоре споменатот не ти треба. Само милиони и милиони линии искуцан код, добро среден линкдин профил и едно сајтче на кое ги имааш сите past jobs. Уште ако имаш скилс со развој на некој софтвер за кој има дефицит од добри девелопер, ти диктираш цена а тој те плаќа и бонуси ти дава.... за се останато имаш stackoverflow.

    Она за што сметам дека има добар потенцијал доколку сакаш малку работа а добри пари е развивање на сопствен софтвер кој ќе го продаваш. Започнав еден таков па во мементов е на пауза поради други работи, па ќе му се вратам на него кога ќе се ослободам. За тоа би можел повеќе да пишувам одкако ќе завршам се и одкако ќе видам како ќе се продава истиот.

    Ова е се од мое искуство до сега каде играат улога среќа, упорност, знаење, вештини за само промоција и она нешто малку што треба да го имаш...
     
    The-spiki, Astraion, Balanar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    990
    795
    4 Февруари 2014
    Машко
    Какво е вашето мислење за дипломи во нашата држава? Специфично за посериозни сениорски позиции.
     
  4. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    477
    196
    28 ноември 2015
    Машко
    Моето гледиште е дека, девљопер е нешто као подмножество на софтверски инженер.

    Софтверски инженер има поминато факултет и знае да проектира софтвер од нула без разлика на технологија, програмски јазик, работна околина и слично.

    Ако си девљопер и користиш дадена технологија/п. јазик, тоа не те прави инженер.

    И ден денес тоа огласите што ги гледам ми се матна вода...
    треба да знаеш ова и ова, и ова, и ова, и... и ова и ова...

    И добро, идеш на разговор за вработување, се бара да знаеш ПХП, работеле медицински софтвер... тој од човечки ресурси ти вика, не работиме апликации за економија...
     
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,007
    23,445
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    За позиција како тим лид неопходна, пошто за таква позација треба да знаеш однос со луѓе, не само да програмираш... нешто што не се учи од видео курсеви.
     
  6. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,222
    1,192
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    На иста бранова должина сме, само 2 различни фази :D
    Ти збориш за надвор од Македонија и човек со искуство како девелопер, што би направил понатаму, јас зборувам за во Македонија и за човек што сака да започне да учи и да стане девелопер.
    Твојот текст секако дека стои, не негирам ништо, точно до детаљ.

    Би сакал темава да ја водиме со мислења и препораки од веќе искусни девелопери, за тие што сакаат да започнат да учат и бидат девелопери во иднина.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ljupce

    ljupce
    Gaining Experience

    113
    80
    8 ноември 2011
    Машко
    Еве јас како почетник кој има предходно "факултетско" знаење од програмирање C/C++ значи основни алгоритми и разбирање на код.. Кога решив да учам програмирање со цел да барам работа во иднина, бев соочен со предизвикот на што да се насочам. Бидејќи програмирање не е една straightforward улица.. туку е како дрво со многу гранки и како почетник е многу тешко да се одлучиш на што да се насочиш. Јас се одлучив на веб. И сега за сега завршувам еден курс од udemy од 40тина саати со кој не стануваш програмер у никој случај ама бар ти отвара очи колку работа треба да посветиш, колку уште технологии треба да научиш и усовршиш за да..., бар јас лично бидам самоуверен да барам работа во оваа индустрија како не-ни junior, и да продолжам да учам. Прашањето ми е ТИ како веб девелопер, дополни кои јазици и кои алатки треба да ги познава еден почетник девелопер за да му биде дадена шанса за да почне да работи во македонска фирма.. бидејќи ти работиш гледаш што се бара.. дали .net или php, дали angular или react итн...
     
    На Justice for All му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,007
    23,445
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Освен интервју-а и моабет со луѓе кои веќе работата во комапании кај нас, лично искуство со работа немам. Но доколку си нинџа за она што им треба, а немаш диплома, не те пуштаат да си одиш, но ајде да читаме коментари од вас кои работите во Македонски (не се македонски туку тука се лоцирани) па да собираме информации...
     
    На The-spiki и Pulse им се допаѓа ова.
  9. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,222
    1,192
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Зависи од фирма до фирма, но „главини“ кои треба да се знаат и секој работодавец што претпоставува дека ги знаеш се:
    1. Проект менаџмент софтвер, пример гитхаб, битбакет
    2. HTML, CSS, Бутстрап, да се разбереме, не се програмски јазици, туку описни јазици и фрејмворк
    3. Добро владеење на некој код едитор, пример Атом, пхпсторм, саблајм
    Во врска со програмските јазици, јас за почетник би избрал пхп или ноудјс.

    Ова исто стои, „Македонски“ би било во наводници, поточно кажано е странски фирми лоцирани во Македонија.
     
    DarkDeFnx, pecko95, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,222
    1,192
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Ако не успеав да доловам ниеден битен момент, погледнете ги следниве 2 видеа.

     
    The-spiki, pecko95 и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  11. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    428
    414
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Генерала се согласувам со тоа што имаш пишано и браво за иницијативава и темава како згодна референца за почетници со 100 прашалници како, што и тн.

    А за факултетиве, да, точно, многу мал удел имаат (најчесто) при процес на вработување, ама не би рекол дека нема потреба или дека нема придонес од истите.
    Да, нема да научиш ништо со што би можел да вадиш леб директно, ама индиректно учиш многу други работи што и те како ќе бидат од полза понатака, да седиш да учиш, да бркаш deadlines, да работиш со други и тн, и тн. .. па чак и социјален аспект и комуникација со нај разни ликови :)
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pecko95

    pecko95
    Intern

    37
    17
    5 Април 2018
    Машко
    @ljupce Можда не е толку релевантно моево мислење затоа што уште не сум на ниво на Pulse кој сигурно повеќе години се занимава со ова па сега ја да препорачувам тука хаха :D ама јас би рекол ако веќе идеш накај fullstack, најдобро би било со NodeJs да идеш, бидејќи за front-end во секој случај ке ти треба JS, па ова ти доаѓа на некој начин „со еден удар, две муви“ :D а покрај тоа, гледајќи по перформанси кога станува збор за back-end јазик, NodeJS е ако не се лажам во топ 3, побрз мислам беше C#, па така добиваш ем перформанси добри, ем не мораш (барем за почеток) да учиш и друг јазик.
     
    На ljupce и Pulse им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...